Македонија
(Видео) Манчевски: ВМРО-ДПМНЕ во својата програма ветува проекти што СДСМ веќе ги спроведе
„Безидејноста на ВМРО-ДПМНЕ и отсуството на допир со реалноста се чита на секоја страна од нивната програма. За мене беше големо изненадување, но и разочарување кога согледавме дека нивната програма е всушност збир на веќе реализирани проекти само ставени во идно време. Просто е и неверојатно да се поверува. И додека ние се надевавме на противник со кого ќе можеме да дебатираме за кој нуди подобри политики за подобар живот на граѓаните се соочивме со програма која како да е пишувана пред неколку години“, изјави Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ и кандидат за пратеник од ИЕ 1.
„Направиве анализа на нивната програма во делот на дигитализацијата. Еве што велат:
1. НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИ ВО РОАМИНГ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН 2020 И 2021 ГОДИНА И УКИНУВАЊЕ ВО 2022 ГОДИНА
– Реалноста е дека веќе една година во земјите од Западен Балкан, нашите граѓани користат услуги во роаминг по цени до 99% поевтини. Од 1-ви јули 2021 година цените во роаминг целосно ќе се укинат. Во координација со Европската Комисија веќе се изработува план со рокови за „роаминг како дома“ во земјите од ЕУ.
2. ЦЕНТРИ ЗА ЕДНА ТОЧКА ЗА УСЛУГИ
– Реалноста е дека веќе се отворени 2 центри, во Скопје и Тетово, а во завршна фаза се во Охрид и Куманово.
3. ПОРТАЛИ ЗА Е-УСЛУГИ И АПЛИКАЦИИ ЗА МОБИЛНИ УСЛУГИ
– Реалноста е дека националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk беше пуштен во употреба на 16.12.2019 година преку кој веќе се нудат 136 електронски услуги. Бројот секојдневно расте.
4. ИСПОРАКА НА УСЛУГИ И ИКТ ПОДДРШКА НА АДМИНИСТРАЦИЈАТА. Достапност 24/7 на услугите кои ги нуди јавната администрација.
– Услугите се веќе достапни 24/7 од електронските уреди на граѓаните преку порталот uslugi.gov.mk
5. Е-ИНСПЕКТОРАТИ
– Реалноста е дека во август 2017 година започна процесот на модернизација на инспекциските служби. Веќе е развиен софтвер за инспекциските служби со поддршка на USAID. Чек листите за инспекциски надзор се веќе воведени во 2019 година со новиот Закон за инспекциски надзор.
6. НОВ ЗАКОН ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ СОГЛАСНО ЕВРОПСКАТА РЕГУЛАТИВА
– Реалноста е дека во 2019та година оваа активност е пријавена во Националната програма за усогласување со европското законодавство и веќе се работи на транспозиција со европското законодавство.
7. ДИГИТАЛЕН ФОРУМ ЗА ИНФОРМАЦИСКО-КОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ/ Буџет: 10 милиони денари годишно.
– Реалноста е дека Дигиталниот форум е веќе е формиран и има активна улога. Во моментот ДФ е задолжен за определување на Листа на даватели на дигитални вештини кои ќе можат да ги користат младите помеѓу 18 и 29 години. Дигиталниот форум функционира веќе како советодавно тело и работи без надоместок.
8. ДОЛГОРОЧНА СТРАТЕГИЈА ЗА ИКТ
– Националната ИКТ стратегија веќе е во завршна фаза. Ја работиме со финансиска поддршка на ЕУ. Ангажирани се странски експерти и стратегијата треба да е готова до 30 септември.
9. ДИГИТАЛНА АГЕНЦИЈА
– Реалноста е дека процесот за основање на Дигиталната агенција е веќе започнат. Законот е веќе изготвен и објавен на ЕНЕР за консултации.
10. ИТ СОВЕТ
– ИКТ совет за прв пат e формиран во 2018 година.
11. УНИВЕРЗАЛНА ЕЛЕКТРОНСКА ИДЕНТИФИКАЦИСКА КАРТА И ВОВЕДУВАЊЕ НА ИНФРАСТРУКТУРА НА ЈАВЕН КЛУЧ
– Реалноста е дека е веќе воведена со Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги од 29.05.2020 година. Електронската идентификација веќе се употребува од 16.12.2019 година, како услов за функционирање на порталот uslugi.gov.mk.
12. СЕКТОРСКА ПЛАТФОРМА/ ПРОЕКТ и ONLINE ЈАВНИ ДЕБАТИ ЗА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНИ
– Се ова веќе постои на ЕНЕР. Сега на ЕНЕР ова е возможно, дотолку повеќе што оваа година воведовме отворен модул за „Форум“ со сите засегнати страни.
13. МАПИРАЊЕ НА БЕЛИТЕ ЗОНИ И ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА БРЗ ИНТЕРНЕТ
Белите зони се веќе мапирани и ова се јавно достапни податоци. Ја формиравме и Националната канцеларија за бродбенд компетентност. Државата го донесе Националниот оперативен бродбенд план со кој се планира изградба на национална оптичка транспортна мрежа до 2025 година која треба да обезбеди брз интернет пристап од 100 Мбпс во сите делови од земјата. За ова добивме грант од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан и сме во завршна фаза на преговорите за кредит од Светска банка во вредност од 35 милиони евра“, вели Манчевски.
Според него, за жал има уште многу вакви примери.
„Искрено сум разочаран. Навистина очекував после толку критики, многу повеќе. Очекував и можеби некоја добра идеја. Но нема. Се работи за неверојатна безидејност и непознавање, дури на граница на опасно.Но, ние покажавме дека можеме. Еве и програмата на ВМРО-ДПМНЕ како да е список на работи кои веќе сме ги направиле во областа на дигитализацијата. Можеме уште повеќе и уште подобро и тоа ќе го покажеме после 15 јули“, додава тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Петровска: СДСМ вистински се грижи за животната средина, Шар Планина ја направивме национален парк
Носителката во шестата изборна единица на СДСМ и коалицијата За европска иднина Славјанка Петровска денеска учествуваше во еколошка акција во Гостивар.
Во изјава за медиумите по акцијата Петровска посочи дека борбата за здрава животна средина, за чист воздух и чиста вода за пиење, бара сеопфатен широк пристап.
,,Ние, во изминатите години го правевме токму тоа. Преку искористување на природните потенцијали и преку градење на одговорни мерки и политики Македонија ја претворивме во лидер во изградба на нови енергетски капацитети од обновливи извори на енергија.
За само две години, во државата имаме инсталирано 600 мегавати од обновливи извори на енергија, најмногу во фотонапонски централи. Донесовме конкретен, реален План за чист воздух со низа на краткорочни, долгорочни и мерки на среден рок, кој на годишно ниво доведе до намалување на аерозагадувањето во најзагрозените градови.
Она што е важно за овој регион е што нашиот бисер, нашата Шар Планина ја прогласивме за Национален парк со што исправивме една би рекла децениска неправда кон оваа природна убавина” порача Петровска.
Носителката Петровска најави дека СДСМ и во следниот мандат ќе продолжи со мерки и политики што ќе придонесат за заштита на животната средина.
,,Во нашата нова програма предвидена е набавка на опрема и изградба на регионални депонии и претоварни станици во Полошкиот регион со што ќе ставиме крај на уште еден деценински проблем на граѓаните од овој регион. За да ги заштитиме нашите реки, планини, шуми во заштитените подрачја, воведуваме забрана за изградба на нови мали хидроелектрани во заштитени подрачја и национални паркови. СДСМ и Коалицијата за европска иднина се гарант за заштита на животната средина и поквалитетен живот за сите граѓани во сите населени места. Планот за чиста животна средина нека биде мотив плус на 8 мај да дадеме поддршка на бројот еден” порача Петровска.
Кандидатката за пратеник Ема Нешкоска на прес конференцијатакажа дека заштитата на животната средина е уште една причина зошто ни треба побрза интеграција во ЕУ.,
,,СДСМ има јасна визија и цел, европските стандарди и квалитетот на живот да ги донесе дома, во Гостивар и низ цела Македонија. Важно е да продолжиме кон ЕУ, затоа што со влезот во Унијата, покрај останатите придобивки, се доближуваме и до политиките кои гарантираат почист воздух и почиста животна средина” посочи Нешкоска.
Македонија
Д-р Филипче: Невработеност од најниски 7% и поддршка од 180 милиони евра за бизнисот
Во новиот мандат СДСМ предвидува 180 милиони евра директна финансиска поддршка за бизнис секторот, нови вработувања и историски најниски 7% невработеност.
Ова го истакна д-р Венко Филипче, носител на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина. Денеска Филипче ја продолжува својата агенда во рамки на предизборното претставување во Изборната единица 4.
„СДСМ ќе внесе нова економска енергија за европски раст и стандард на граѓаните и бизнис секторот. Најуспешни се оние земји во кои се создаваат бизниси, каде што има претприемачка идеја и средина која го поттикнува нивниот развој“, рече Филипче.
Филипче потсети дека изминатите седум години мандат, СДСМ ја поддржуваше економијата на неколку колосеци.
„Ги охрабрувавме ентузијастите својата идеја да ја преточат во реалност да отворат свој сопствен бизнис. Локалната економија, малите бизниси се важен сегмент и околу нив градевме и ќе продолжиме да градиме стратегијата за развој на домашната економија“, вели Филипче.
Во таа насока, ќе продолжи креирањето на политики кои ќе го поттикнуваат бизнисот и економскиот развој преку транспарентно и отчетно однесување со секој денар на граѓаните, додава Филипче.
Со цел, пак, подобро управување со енергетските компании кои имаат клучен удел во вкупната економска активност, СДСМ државните енергетски капацитети ќе ги предаде во рацете на граѓаните.
„Планираме енергетските компании да ги вратиме кај граѓаните. Секој граѓанин, вклучително и деца, ќе добие по најмалку 8.000 денари од вредноста на енергетските компании или 500 евра за едно четиричлено семејство. Така контролата за работењето на енергетските компании ќе биде во рацете на граѓаните“, завршува Филипче.
Македонија
Силјановска-Давкова: Потребен ни е професионален кадар на соодветни безбедносни позиции
Денес во хотел „Хилтон“ (DoubleTree by Hilton Skopje) се одржа втората трибина од циклусот за претставување на клучните точки од програмата „Македонија повторно горда“ на тема „Национална безбедност“ на кандидатката за претседателка на Македонија професор д-р Гордана Сиљановска-Давкова.
Учесници беа проф. д-р. Тимчо Муцунски, Наќе Чулев поранешен министер за внатрешни работи, Анастасија Илиеска поранешен државен секретар во МВР, Емил Димитриев, поранешен премиер на Република Македонија.
– Како ќе бидеме ние Европска држава ако сме постојано во кризна состојба. Нас не дефинираа како држава која е цикличен, постојан хибриден режим, партизирана нефункционална заради врхушката на ДУИ и СДСМ. Мора да ни се случи game change и во безбедносниот сектор, зошто станавме пропадната држава. Еднаш треба да создадеме систем без оглед кој е на власт. Професионалниот кадар да биде на соодветни позиции. Да продолжиме да ги исполнуваме стандардите на НАТО, рече претседателската кандидатска Силјановска-Давкова.