Македонија
(Видео) Мисајловски: Секој граѓанин треба сам да се произнесе за референдумот
ВМРО-ДПМНЕ е повторно на терен, повторно е помеѓу граѓаните. Денеска имавме одлична можност тука во Чаир да разговараме со граѓаните, да имаме средба со општинскиот комитет и да размениме разни мислења. Пред се да видиме што се оние актуелни политички теми и она што навистина го засегаат народот. Се разбира главна тема во Република Македонија е референдумот и оној штетен договор што оваа влада го потпиша, што ќе има рефлексија врз целиот народ, изјави Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
,,Наша обврска е да го прашаме народот што мисли, да го кажеме нашиот став, а тоа е дека секој граѓанин треба сам да си се произнесе за ова прашање. Мора да ги прикажеме сите овие штетни детали што ги има во договорот, а ќе имаат секако рефлексија врз иднината на Република Македонија. Но најважно е да ги слушнеме одговорите од власта, да видиме кои се тие амандмани што ќе ги предложат за менување во Уставот и што ќе се менува во Уставот. А исто така треба да се довие и одговор, а тој одговор треба да биде брз, бидејќи кампањата тече, а одговор треба да добиеме, што за нив се подразбира дека е успешен референдум”, рече тој.
Мисајловски порача дека одговор треба да дадат кон граѓаните кои се тие амандмани што ги спремаат, што ќе биде сменето во Уставот и секако што за нив претставува успешен референдум?
,,За жал оваа власт со секојдневни скандали, со секојдневни злодела го допре дното во Република Македонија. Никогаш не било во историјата на Република Македонија на економски план, на здравствен план и во сите ресори на олку ниско ниво. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе биде со граѓаните, ќе го слуша народот и таа навигација ќе му биде патот во иднината”, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Арсовска избрана за портпарол и координатор за следење и спречување на корупција
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денес во Совет на Европа на Конгресот на локални власти едногласно е избрана за портпарол и координатор за следење и спречување на корупција на локално и регионално ниво.
Арсовска минатата година беше избрана за потпретседател на Европската народна партија за локални власти, а годинава со нов мандат за портпарол и координатор за следење и спречување на корупција на локално и регионално ниво ќе ги води и следи процесите на почитување на Европскиот кодекс на однесување за сите лица вклучени во локалното и регионалното управување.
Нејзини надлежности, како што информираат од Град Скопје, меѓу другите се да го координира и подобри влијанието на работата на Конгресот за спречување на корупцијата во локалните власти, да известува за утврдени случаи на корупција на локални и регионални власти и да ја промовира стратегијата на Конгресот за спречување на корупцијата и унапредување на јавната етика на локално и регионално ниво.
Арсовска ќе го претставува Конгресот на сите значајни настани организирани од Советот на Европа и меѓувладиниот сектор за прашања на јавната етика и справување со корупцијата, организира и координира активности со Групата држави против корупција (ГРЕКО), со цел идентификување и размена на добри практики, решенија за предизвиците и начини за промовирање на јавната етика и спречување на корупцијата.
Македонија
Таравари: Претседателството ќе биде институција отворена за секој граѓанин, ќе биде репрезент на реалноста на нашето општество
На минатонеделната прес-конференција претседателскиот кандидат Арбен Таравари го претстави првиот дел од неговиот претседателски кабинет, чиј состав, како што кажа, ќе се гради врз принципите на инклузивност и меритократија.
„Со мене како претседател по нашата победа на 8 мај, Претседателството ќе биде институција отворена за секој граѓанин. Претседателството ќе биде и репрезент на реалноста на нашето мултинационално, мултиетничко и мултикултурно општество. Граѓаните заслужуваат да бидат претставени од квалификувани и докажани луѓе во различни области од јавниот живот, од најдобрите меѓу нив, чиј придонес ќе се прошири на сите слоеви на општеството. Денеска продолжуваме со претставување на уште една група експерти од мојот претседателски кабинет, кои се докажани професионалци во академскиот свет, во приватниот и во јавниот сектор. Покрај стручноста и професионалниот придонес, секој од нив ја докажал и својата посветеност на сеопфатен општествен напредок во одредени каузи. Овие луѓе најдобро ја знаат и ја претставуваат реалноста на нашето општество“, рече Таравари.
„Сите тие ја делат истата посветеност да им служат на граѓаните на Северна Македонија, без етнички, верски или политички разлики. Сега дозволете ми да ги претставам членовите на мојот кабинет кои се пред вас денес: Амбасадорот Халим Хида ќе биде дипломатски советник на Претседателството. Амбасадорот Хида докторирал на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, на Филозофскиот факултет. Моментално е амбасадор на мирот во светот и претседател на Здружението на албанските интелектуалци во Куманово и Липково. Јасмин Калац ќе биде правен советник на Претседателството. Јасмин магистрирал право на Универзитетот Кирил и Методиј а докторирал кривично право на Универзитетот во Анкара. Јасмин работел во Основното јавно обвинителство Скопје, а сега е правник и предавач на Меѓународниот Балкански Универзитет. Урим Вејсели ќе биде советник за безбедност и заштита. Тој е доктор по политички науки, вонреден професор, предавач на повеќе факултети во Република Северна Македонија и Косово, гостин-говорник на Универзитетот Џон Хопкинс САД и на Институтот за одбрана за меѓународни правни студии во САД. Автор и коавтор на научни трудови со импакт фактор. Експерт за одбрана и управување со кризи. Др. Аријанит Река – портпарол, вонреден професор на отсекот хемија при Факултетот за математичко-природни науки, Универзитет во Тетово. Фулбрајт алумни од Соединетите Американски Држави, докажан професионалец, автор на многу научни публикации. Со овој одличен тим од докажани професионалци, имам непоколеблива доверба дека ќе ги носиме напред идеалите на ВРЕДИ, кои всушност се најточниот одраз на очекувањата и надежите на граѓаните за промени, просперитет и благосостојба за земјата и нивните семејства. Со овие луѓе со добра волја ќе ги надминеме предизвиците пред нас и ќе ја урнеме 22-годишната тиранија на владејачката партија. Затоа велам ПРОМЕНАТА ВРЕДИ.
Почитувани сограѓани, придружете ни се на ова патување, со вашите идеи и барања. Јас и мојот тим сме тука да ве слушаме. Ќе слушаме, ќе разговараме и ќе се грижиме за секој од вас. Како претседател, заедно со овој тим, ќе бидеме обединувачки фактор и ќе работиме во најдобар интерес на сите граѓани на Северна Македонија, но и на генерациите што ќе дојдат после нас“, кажа на прес-конференцијата, претседателскиот кандидат, Арбен Таравари.
Македонија
(Видео) Мицкоски: Не очекувам власта да престане со црната кампања
Црната кампања е карактерна особина на оваа влада. Не очекуваме дека ќе престане таа нивна црна кампања која изобилува со монтажи, со навреди, со многу измислици и клевети, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на општина Гевгелија, запрашан од новинарите дали во пресрет на почеток на изборната кампања очекува фер кампања од власта.
Тој истакна дека, што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ, нема да води црна кампања затоа што македонските граѓани знаат дека Македонија од осамостојувањето немала полоша влада, од оваа на СДСМ и ДУИ и затоа ќе води позитивна кампања со презентација на проекти и решенија за проблемите на граѓаните.
„Нашата цел е во оваа кампања да водиме позитивна кампања, односно да зборуваме за проекти и да зборуваме за решенија на проблемите на граѓаните, а не да се оптеретуваме со тоа, кој колку бил лош бидејќи сите граѓани знаат дека владата на СДСМ и ДУИ беше лоша. Односно, да бидам попрецизен, полоша влада од осамостојувањето на Македонија немало“, рече Мицкоски.