Македонија
(Видео) Митева: Човек прима инфузија во дворот на болница, а Филипче тера ПР и не си дава оставка
„Несериозноста и неспособноста на Филипче не донесе во ситуација болничките капацитети да бидат преполни со пациенти заразени со Ковид-19, уште пред почетокот на зимата и сезоната на грип. Нема слободен кревет, а здравството е дојдено до степен пациенти да примаат инфузија во дворовите на клиничките болници. Жалосно. За ова одговорност мора да има“, изјави Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.
Според неа, ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека од есен бројот на заболени ќе се зголеми, но Филипче осум месеци не направи ништо, ниту нови болнички капацитети, ниту пак зголемување на кадарот.
„Сега имаме над 2.000 заразени во два дена, колку што велевте дека ќе има во тек на цела пандемија, а бројките ќе растат и ќе стануваат пострашни, затоа што Филипче немаш план, доцниш со сите мерки. Први сме во регионот како по бројот на новозаразени, така и на починати на милион жители, а одговорност нема.Наместо одговорност и отчетност пред граѓаните, Филипче тера скап ПР со кој ги исмева граѓаните во целост. Филипче, можеш парите што ги трошиш на ПР да ги дадеш за нови болнички возила, па тогаш нема твоите директори да молат за донации преку социјалните мрежи. Но, тоа ќе беше случај, доколку граѓаните ти се приоритет, а не политичката кариера.Филипче покажа дека не може само да работи за интересот на граѓаните. Затоа мора да си заминеш. Одговорност и оставка веднаш“, додаде таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има распоредено сите полициски службеници ширум државата кои треба да се грижат за спроведување на фер и демократски процес.
„Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес. Денот е убав, се надевам дека граѓаните ќе можат да го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори. Покриени се сите сектори за внатрешни работи со технички услови. Се постапува според утврдените насоки од изборниот штаб“, додаде Тошковски.
Тошковски смета дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Македонија
Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за кога се закажани парламентарните избори.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Владата го прогласи денот на изборите за неработен.
Во избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 избирачи, а во странство ќе гласаат 2.569 гласачи со државјанство на Северна Македонија.
Во посебен избирачки список запишани се 2.147 лица кои издржуваат затворска казна или притвор.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.