Контакт

Македонија

(Видео) Мицкоски: Додека Заев тргува со името и достоинството на граѓаните, економијата тоне

Објавено пред

Во време кога пред очи имаме трговија од страна на владата со националните и државни интереси, кога се склучува капитулантскиот договор на Зоран Заев со кој се брише името Македонија и се прават редица други отстапки на штета на државата, и во период кога Македонија останува без датум за преговори, економијата продолжува да тоне. Катастрофата во националната политика е само еден дел, а во реалниот живот е уште полошo, вели во видео-обраќањето претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

Според него, со раст од 0.1 % економијата на Република Македонија е најслаба во Европа, а најновиот податок за индустриското производство во мај од 1.1% покажува дека растот на индустријата е недоволен и далеку од потребното ниво. Тоа значи дека граѓаните продолжуваат да осиромашуваат, а економијата да е закована на дното. Производството во рударството е во слободен пад од минус 7.3 %, секторот Енергија забележува пад за 6.3 %, и нетрајните производи за широка потрошувачка за цели 6.0 % итн.

„И кога ќе сакаат да претстават лажна разубавена слика која е далеку од реалноста ќе кажат дека во април индустриското производство пораснало за цели 1.5 %, но во исто време пропуштаат да кажат дека освен тоа што растот е незначително мал, тоа е и далеку зад европскиот просек. Кога во Македонија имаме очајно индустриско производство кое бележи рас од скромни 1.5%, Словенија за месец април споредено со истиот месец лани има раст од 6.5 % или индустриското производство растело скоро за 4ипол пати повеќе од она во Македонија за истиот период. Романија пак забележува раст од 6 % што е за 4 пати повеќе од Македонија за истиот период, Полска раст од 5.9 %, Словачка раст од 4 %, Португалија и Финска раст од 3.8 отсто итн.
Македонија на чело со Зоран Заев пропушта драгоцено време. Граѓаните добро знаат дека не живеат подобро, ниту пак работите ќе тргнат кон подобро. Сите алибија на оваа влада се веќе потрошени. Имаме ситуација каде владата го одзема достоинството на народот, во исто време кога создава сиромаштија и истата ја зголемува. Младите се најпогодени и затоа си заминуваат и ја напуштаат нашата држава и тоа мора да престане“, вели Мицкоски.

Тој додава дека негова особена грижа ќе биде вниманието за потребата на оваа категорија на граѓани, затоа што тие заслужуваат подобро и тие заслужуваат повеќе. А ние тоа ќе го овозможиме. „За почеток ќе овозможиме загарантирано вработување за 500 – тини најдобри студенти секоја година. Наместо во странство тие својата иднина ќе ја градат тука меѓу своите најблиски во нашата татковина. Ќе понудиме и многу други проекти, следете не. Работите мора да се променат. Состојбата на порази кои оваа влада и Зоран Заев и ги носат на Македонија мора да престанат. Македонија заслужува подобро и Македонија заслужува победи“, вели Мицкоски.

 

Македонија

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Објавено пред

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска објави дека судот донел одлука со која се утврува дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, неправедно ја клеветел.

dobivaj vesti na viber

„Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел да ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста, Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки“, пишува Петровска.

Во продолжение таа додава дека не сака пари од нечесник и се откажува од паричниот надомест.

„Секој го прави тоа што најдобро го знае, тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“, додава Петровска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Манолева: По 43 години, болницата во Отешево доби комплетно нов лик, современи услови за третман и медицинска опрема

Објавено пред

Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања ОТЕШЕВО. Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 милиони денари.

dobivaj vesti na viber

„Со имплементацијата на овој проект подобрени се болнички услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел како донација од Луксембург, а собите се наместени со нов инвентар. Сите амбуланти, лабораторија, дневна соба, ехо кабинет, соба за спирометрија и алерго тестови се позиционирани во реновираниот објект. Како што можевме да видиме од посетата амбулантите веќе функционираат во реновираните простории. Специјализираната болница Отешево нуди современи услови за третман на пациенти и достоинствени услови за работа на здравствените работници“, рече Манолева.

Болницата во Отешево опстојува повеќе од 43 години и ова е прво реновирање кадешто значително се унапредени болничките услови. Во изминатиот период, установата се зајакна и со два апарати за физикална медицина и рехабилитација во склоп на проектот во вредност од 270 илјади денари.

Прикажи повеќе...

Македонија

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Објавено пред

Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, извести Обвинителството.

dobivaj vesti na viber

Како што велат од Обвинителството, предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје...

Регион2 часа

Почна нова детална потрага по Данка, пристигнаа спасувачки екипи со куче

Две специјалистички спасувачки екипи од Белград и Нови Сад, Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија, синоќа пристигнале во...

Регион3 часа

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија, јавува ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран во 8:38 часот...

Европа3 часа

Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци

Автобус со околу 60 патници се преврте вчера на автопатот А44 во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, јавува дпа....

Свет3 часа

Израел ја нападна Сирија: „38 лица загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах“

Повеќе цивили и војници загинаа откако Израел и милитантните групи започнаа напади врз северниот сириски град Алепо, соопшти утрово сириското...

Европа3 часа

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план предложен од Украина е бесмислен бидејќи се заснова на...

Македонија15 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија15 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија17 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија19 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија20 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија21 час

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ22 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија22 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија22 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија1 ден

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет1 ден

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет1 ден

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија1 ден

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион1 ден

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...