Македонија
(Видео) Николоски: Состојбата со Ковид-19 во Прилеп е една од најлошите во државата
Ситуацијата со корона-кризата на ниво на држава е исклучително лоша, но можам да кажам дека во Прилеп можеби е најлоша, посочи денеска од овој град потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
„Континуирано високи бројки и на заболени, за жал, и на оние што ја губат битката и ова е нешто што не се случува ден или два, туку во континуитет“, нагласи тој додавајќи дека уште пред една година повикал да се воведат специјални мерки за Прилеп.
„Тие совети и апели, за жал, не беа послушани, по тоа, на исто повикуваме и во кампањата и, за жал, зимата и пролетта ги имаме овие бројки што ги имаме“, рече потпретседателот на опозициската партија.
Тој исто така додаде дека Македонија останува црна дупка во процесот на вакцинација.
„Не само во потесниот регион, тука и, за жал, на ниво на Европа. Но, нема ни соодветна терапија, луѓето не може навремено да направат крвна слика со сите податоци што им се потребни, тешко се закажуваат рендген-снимки, а да не зборувам за тоа дека мора самите да ги купуваат лекарствата, витамините, антиоксидансите, кои треба да ги користат“, рече Николоски.
Посочи дека ситуацијата не е ништо посветла ниту од економски аспект.
„Економски градот тоне, според нашите информации педесетина дуќани во прилепската чаршија се затворени, што говори за падот на економијата, но исто така говори и за несоодветните економски мерки што или ги нема или се недоволни“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има распоредено сите полициски службеници ширум државата кои треба да се грижат за спроведување на фер и демократски процес.
„Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес. Денот е убав, се надевам дека граѓаните ќе можат да го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори. Покриени се сите сектори за внатрешни работи со технички услови. Се постапува според утврдените насоки од изборниот штаб“, додаде Тошковски.
Тошковски смета дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Македонија
Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за кога се закажани парламентарните избори.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Владата го прогласи денот на изборите за неработен.
Во избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 избирачи, а во странство ќе гласаат 2.569 гласачи со државјанство на Северна Македонија.
Во посебен избирачки список запишани се 2.147 лица кои издржуваат затворска казна или притвор.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.