Македонија
(Видео) Пендаровски: Мора да им обезбедиме можности на младите да успеат во својата матична земја
Претседателот Стево Пендаровски во Нови Сад учествуваше и се обрати на 4. регионален младински форум – претседателски панел. Осврнувајќи се на актуелната состојба на регионот, претседателот Пендаровски рече дека нашите општества може да напредуваат доколку повеќе ги користиме домашните ресурси и потенцијал. Тој додаде дека регионот значително е зависен од меѓународна помош, и тоа главно од помошта од Европската Унија и НАТО.
Посочувајќи дека и следната деценија регионот на Западен Балкан ќе биде зависен од она што ќе го понуди Европската Унија, претседателот Пендаровски повтори дека одлуката да не ѝ се даде датум за преговори на Северна Македонија беше непријатна не само за Северна Македонија и Албанија туку и за целиот регион.
Во исчекување прецизно дефинирана нова Методологија, што ја предложи Франција, и евентуален почеток на преговорите со Европската Унија, како што додаде претседателот Пендаровски, Северна Македонија, но и сите земји од регионот што чекаат датум за преговори или преговараат долго време, треба да ја зајакнат регионалната соработка.
„Ако ги имплементираме вредностите на Европската Унија во нашите земји, ќе можеме да ги задржиме младите во земјата. Младите може да одат каде што сакаат и тоа не може никој да им го забрани. Но, ние како одговорни политичари мора да им понудиме можност тука, дома, да ја имаат првата шанса за да успеат. Само ако им го понудиме тоа, можеме да се надеваме дека ќе останат во своите матични земји“, заклучи претседателот Пендаровски на претседателскиот панел на 4. регионален младински форум, кој се одржува во Нови Сад, Србија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи
Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.
Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.
Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.
Македонија
Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми
Во рамки на кампањата за парламентарните избори, која почна во четвртокот, и денеска кандидатите за пратеници во шесте изборни единици ќе ги претстават своите платформи пред граѓаните во повеќе делови од државата. Во исто време продолжува и кампањата за претседателските избори, чиј прв круг ќе се одржи в среда, на 24 април, додека вториот круг треба да се одржи заедно со парламентарните избори на 8 мај.
Кандидатот за претседател поддржан од коалицијата на СДСМ Стево Пендаровски во рамки на изборниот караван денеска ќе ги посети жителите на Ново Село, Босилово, Василево, а митинзи ќе одржи во Радовиш и во Струмица.
Кандидатката за претседател на државата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Македонска Каменица, Пехчево, Берово и Делчево.
Претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски и коалицијата „Храбро за Македонија“ ќе одржат митинг во скопската населба Карпош, а кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија Максим Димитриевски ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Ресен, Претор, Новаци и во Битола.
Во рамки на третиот ден од кампањата за парламентарни избори, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски ќе биде меѓу граѓаните на Брвеница и на Тетово.
Македонија
Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост
Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира со кого сака. Но, понудата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за коалицирање со неговата партија, уште на првиот ден од кампањата за парламентарни избори, покажува дека тој бара помош.
„Ние среде кампања не бараме помош од пријател. Мене ми се чини дека тоа е јасен знак на слабост, затоа што господинот Мицкоски знае што го очекува на 24 април и на 8 мај. Инаку зошто би барал помош од страна?“, рече Пендаровски.