Македонија
(Видео) Петровска: Извештајот на Стејт департментот е потврда за борбата против корупцијата и криминалот
Осврнувајќи се на извештајот на Стејт департментот, пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, вели дека тој е последна потврда за напорите на Владата за бескомпромисна борба против корупција и градење силен, независен и ефикасен правосуден систем.
„Во извештајот на Стејт депарментот се наведува дека Владата на Северна Македонија демонстрирала поголема почит кон независноста на судството и непристрасност во споредба со претходните години. Понатаму, Стејт департментот забележува дека Европската комисија заклучила дека државата направила добар напредок во истрагата и прогонот на криминал на високо ниво“, потенцира Петровска.
Како што истакна Петровска, според извештајот на Европската комисија, земјата воспоставила механизми за да се обезбеди судска независност и отчетност, вклучително и креирање правила за проверка на имотот и судир на интереси и утврдување дисциплински постапки.
„Секако дека постојат области каде што напредокот не е на задоволително ниво, но тоа за нас е дополнителна причина реформскиот процес да продолжи уште позасилено. Факт е дека овој извештај, како и оној од ГРЕКО, ги нотираат подготвеноста и посветеноста на Владата предводена од СДСМ во градење независно судство и бескомпромисна борба против корупцијата“, додаде Петровска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Советот на Општина Центар даде зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички во салата на ООУ ,,Коле Неделковски’’
На денешната 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле Неделковски” за потребите на младите кошаркари на КК Работнички, без надоместок, додека не биде реновирана салата во Градски парк.
На советниците градоначалникот Герасимовски им појасни дека се работи за исклучителна ситуација која ќе трае само додека не се создадат услови за одржување тренинзи во реновираното здание и дека оваа одлука е наменета само за јуниорскиот тим.
,,Ова не е одлука за првиот тим на Работнички туку за младинскиот клуб на КК Работнички бидејќи во моментот кога ќе почне да се реновира салата, тие ќе немаат простор за тренинзи. Знаеме каква е финасиската ситуација на младинскиот тим. Истиот функционира и од спортскиот ваучер што го доделува Владата, кој за жал доцни. И поради тие причини и поради тоа што самиот тим е сопственост на Општината, ние мораме да се грижиме за клубот и за младинците што таму тренираат и играат. Затоа мислам дека барањето е издржано и очекувам советниците да се согласат” истакна Герасимовски.
Предлог одлуката за користење на спортската сала во ООУ ,,Коле Неделковски” без надоместок од страна на КК Работнички за 2024 година е усвоен со 21 гласа ЗА, ниеден глас против и без воздржани.
Одлуката беше донесена откако КК Работнички-Скопје побара од Општината, како акционер, да добие тренинг термини во основните училишта за својот младински тим, поради реновирање на салата.
,,Како наш единствен акционер, сопственик и воедно сопственик на основните училишта во општината ве замолуваме да ни дозволите нашите младинци да тренираат во една од салите на школите кои се во ваша надлежност, стои во дописот на КК Работнички-Скопје испратен до Општина Центар.
Македонија
Велковски: Работничките права не се почитуваат, платите особено во здравството не се системски уредени
Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски денеска оствари средба со претставници на повеќе грански синдикати, членови на Конфедерација на Синдикални Организации на Македонија (КСОМ) на која работна средба се разговараше за проблемите со кои се соочуваат синдикатите и вработените во областа на здравството, одбраната, полицијата, Македонски железници и рударството.
„Работничките права не се почитуваат, платите особено во здравството не се системски уредени а големи се и проблеми поврзани со функционирањето на синдикатите во последните неколку години. Ова се клучните работи кои беа истакнати од страна на претставниците на синдикатите“, вели министерот Велковски.
Министерството за труд и социјална политика ќе преземе активности во насока на системско решавање на настанатите состојби и воспоставување на вистински партнерски дијалог помеѓу МТСП и Синдикатите, нешто за што се заложи и министерот Ѓоко Велковски.
Македонија
Левицата: Бугари во Уставот е предавство, на денешен ден почна бугарската фашистичка окупација на Македонија
,,На 18 април 1941 година, со одборение на Хитлеровата врховна команда, единиците на Петтата бугарска армија, со Шестата и со Седмата пешадиска дивизија, ја започнаа воената окупација на Македонија“, велат од Левица.
„Овој историски факт, под рефлекторите на денешното политичко препрочитување на историјата на Македонија, Бугарија настојува овој настан од историјата наместо окупација еуфемизирано да се третира како администрирање со Македонија. Но, историските факти говорат друго! Затоа во очи на претстојните парламентарни избори, направете го вистинскиот избор и гласајте за Левица, единствената партија која се залага за раскинување на договорот со Бугарија“, посочуваат оттаму и додаваат:
„Гласајте за Левица, затоа што Бугари во Устав е предавство!”, изјавија од Левица.