Македонија
(Видео) Почна судењето за сообраќајната несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 луѓе
Во Кривичниот суд во Скопје утрово почна судењето за тешката сообраќајна несреќа што се случи во февруари кај Ласкарци. Во претесната судница на обвинителна клупа седнаа сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, вработениот во „Дурмо турс“, Ремзи Мифтари, кој претходно бил осудуван, машинскиот инженер, порано вработен во техничкиот преглед, Игор Ѓорѓиевски, исто така и Горан Дуковски, Јане Боваровски и возачот Маноил Трифуновски. Во судницата беа присутни и нивните адвокати, како и адвокати на оштетените.
Предметот го застапува скопскиот обвиниетел Дарко Јакимовски, а го судат Дијана Груевска-Илиевска и Александра Ристеска и тројца судии поротници.
Обвинителот Јакимовски во воведните зборови рече дека судиите ќе судат за катастрофалните последици, кои можело и морало да бидат избегнати.
„Дејствата на овие обвинети се во директна врска со настапената последица, која резултира со смрт на 16 лица, патници во автобусот, а 38 лица добија телесни и тешки телесни последици. Не постои криминален ребус што не може да се одгатне. Овој настан е кумулација на голем број пропусти што не настанле спонатно“, рече Јакимовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: На Македонија не и треба претседател како Пендаровски измеќар на Али Ахмети
Македонија повторно горда подразбира Македонија повторно твоја, ваша, Македонија која нема да биде ограбена, која нема да биде засрамена, која ќе биде на народот ,а не на неколкумина политички моќници. Македонија каде народот ќе го има последниот збор. За жал денес во Македонија според Фридом хаус владее еден цикличен хибриден режим, кој го претставуваат двете владејачки партии ДУИ на Али Ахмети и нивните измеќари СДС, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Свети Николе.
СДС Без идеја, без план, без стратегија, а единствено нешто кое како папагали повторуваат шест и половина години додека ја ограбуваат Македонија е ЕУ, ЕУ, а од ЕУ тоа што го знаат е евробанкнотата која ја земаат и ставаат во џеб како резултат на мито и арач од граѓаните преку наместените тендери, рече Мицкоски.
Мицкоски истакна дека кога СДС е на власт секогаш има стратешки грешки и удари врз Македонија, народот и идентитетот како што се транзицијата, менување на знамето, новата територијална поделба на Македонија кога се зададе силен удар врз унитарниот карактер на државата, промената на уставното име, бугарскиот диктат, односно т.н. француски предлог.
– Зоран Заев кажа дека заедно со Ковачевски и Стево Пендаровски го правел тој предлог ова и тука се поставува суштинското прашање дали Стево Пендаровски мисли дека бугарскиот фашистички окупатор или бил администратор? Пендаровски исто така должи објаснување дали онаа изјава дадена на интервју дека Гоце Делчев бил Бугарин, дали мисли така? Суштината е дека секогаш кога има влада на СДС, Македонија стратешки губи. Македонија ги губи своите позиции во однос на своите соседи, нагласи Мицкоски.
Мицкоски додаде дека секогаш кога има влада на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија се гради има повеќе за сите, а кога има влада на СДС, Македонија се ограбува, се понижува и се нанесуваат стратешки удари врз македонскиот идентитет, а за возврат скапо не чини и Македонија се празни.
– Затоа многу е важно пораката на обединување, единство и мобилизација да се рашири насекаде и да излеземе масовно на 24 април да се поддржи професорката Гордана Силјановска Давкова и да ја направиме Македонија повторно горда, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски посочи дека многу е важно масовно да излеземе на 24 април и 8 мај и да не дозволиме повеќе ДУИ и Али Ахмети да ни кажуваат дека ќе владејат по принципот „како до сега“.
– Овие од ДУИ кога им ги објавувам криминалите и кога им велам дека ќе одговараат после 8 мај ми велат дека сум бил анти Албанец. Не сум анти Албанец, јас сум анти криминалците, криминалците немаат етничка припадност. 600.000 наши сограѓани живеат со само 150 денари на ден, а околу 80.000 со само 60 денари, најголема инфлација, најнизок стандард. На дното сме на Балканот,а нели живот носеа, а во суштина себе си си донесоа милиони евра ограбувајќи го народот, рече Мицкоски.
Мицкоски посочи дека на овие избори од една страна го имате Стево Пендаровски кој во еден град рече „ако не ме гласате очи не сакам да ви видам, не ви идам во втор круг“, а од друга страна е Гордана Силјановска Давкова која изминативе 4 години во македонскиот парламент покажа како се брани и аргументира македонскиот идентитет.
– На Македонија не и треба претседател измеќар на Али Ахмети, на Македонија и треба достоен претседател како што професорката Гордана Силјановска Давкова. Ве повикувам да го пренесеме гласот на победата, на промените, на горда и твоја Македонија. Да испишеме историја на 24 април со огромна предност за професорката Гордана Силјановска Давкова, а потоа уште пожестоко да излеземе на 8 мај и да донесеме промени, да избереме влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија, изјави Мицкоски.
Македонија
Ретрауматизацијата на преживеаните од родово базирано и семејно насилство со сајбер говорот на омраза
Моника Тасевска, активистка за човекови права е жена која преживеала семејно насилство. Дел од коментарите на социјалните мрежи, каде таа го споделила своето искуство, биле со осуда.
„Осетив потреба да го опишам [искуството] на мојот Фб профил каде што често сум ‘гласна’ и зборувам ‘гласно’ за проблемите во нашата држава, па покрај коментарите за поддршка од познаници и блиски добив и коментари со осуда, навреди од типот ‘сама сум го барала’. И тоа, најчесто таквите коментари доаѓаат од лица кои воошто не ме ни познаваат. Многумина кои ме осудија дури не ми се ни во листа на пријатели туку се лица кои потајно ме следат и на секоја моја таква или слична објава се тука да ги поддржуваат престапниците, а виктимизират жртвите“, вели Моника. Како што вели таа случајот бил проследен и со непрофесионално постапување на припадници на МВР.
„Дури добив и коментар од полицаец. Најпрво коментираше со навреди, па после и со закани, и сето само за тоа што на мојот профил опишав што доживеав, а тоа што го доживеав не беше ни малку наивно со оглед на тоа што завршив во болница со траен инвалидитет и трајни последици како резултат на насилството“, вели Тасевска.
Тасевска е гласна во однос на политиките што спречуваат и заштитуваат од родово-базирано и семејно насилство, често ги следи објавите и коментарите на социјалните мрежи и тврди дека говорот на омраза и виктимизирањето на жртвите предничат во коментарите.
„Најчесто тоа се случува од мажи, но не се исклучок и жените. Пред некој ден имаше објава за нападната жена во казино и за нашето општество. Според коментарите беше важно што бара жена во казино. Насилството беше занемарено како ништо важно. И баш прашав: ‘А истата жена, со истиот карактер, начин на живот и облека ако беше нападната во верски храм, дали тогаш ќе се солидализиравте со неа?’ Нормално, репликите беа повторно со говор на омраза и виктимизирањето на жртвите на семејно насилство, па и со лични навреди кон мене“, завршува Тасевска.
Незадоволително ниво на казнивост на говор на омраза од страна на органите на прогонот
Порталите и социјалните мрежи се преплавени со негативни коментари за жртвите и говорот на омраза на Интернет го поткопува чувството на сигурност кај корисниците.
Наташа Петковска, правна советничка во Хелсиншкиот комитет за човекови права вели дека двојна виктимизација на жртвите на родово базирано насилство и говорот на омраза е комплексна појава поради лесниот и масовен пристап кон социјалните мрежи. Според неа самите медиуми имаат свои профили на социјалните мрежи и иако тие самите многу ретко користат говор на омраза, коментарите на нивните читатели често шират говор на омраза.
„Тоа е причината за препораката до медиумите и од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и од Советот за етика на медиумите, профилите на социјалните мрежи да бидат исчистени од говор на омраза, односно да се бришат таквите коментари“, вели Петковска и додава:
„Второ и можеби поважно решение кое може да донесе резултати е надлежните институции да постапуваат по претставките и на тој начин поефикасно да се справуват со овие појави“. Петковска потсетува дека сѐ уште нема задоволително ниво на казнивост од страна на органите на прогонот.
На нашето прашање како да се заштитат жртвите на семејно насилство од говор на омраза преку социјалните мрежи, Тасевска, пак,вели дека тие треба треба да се охрабрат и да ги пријавуваат овие случаи.
„Само така на поголем број луѓе ќе им стане јасно дека се работи за кривични дела. Хелсиншкиот комитет е целосно отворен да им помогне на овие жртви со бесплатни правни совети и другите алатки што ни се на располагање“, посочува правната советничка во Хелсиншкиот комитет за човекови права
Хелсиншкиот комитет има посебна платформа за мапирање и следење на говорот на омраза во јавниот простор и медиумите. Оттаму велат дека говорот на омраза годинава е во пораст, а според бројот на регистрирани случаи на прво место се примерите врз основа на етничка припадност, а на второ место е говорот на омраза врз основа на сексуалната ориентација. Според податоците на Хелсиншкиот комитет за човекови права кој ги регистирира случаите на говор на омраза и вознемирувачки говор, преку платформата www.govornaomraza.mk во периодот од почетокот на 2023 година до денеска, имало 1395 случаи на говор на омраза регистрирани на платформата, 769 врз основа на етничка припадност, 320 поради сексуална ориентација и родов идентитет, 288 по национална припадност, 228 по основ на политичка припадност, 103 по основ на род и пол, итн.
Говор на омраза може да се документира и на оналајн формуларот на веб-страницата на невладината организација Коалиција МАРГИНИ.
ЛГБТИ посебно таргетирани со говор на омраза на социјалните мрежи
Мартин Тасевски, правен советник и адвокат во Скопскиот Квир Центар вели дека ЛГБТИ луѓето трпат насилство поради нивната сексуална ориентација или родов идентитет, но, најчесто не го пријавуваат случајот во ниту една институција заради недовербата во системот.
„Кога разговараме за ЛГБТИ како жртви, секогаш мора да имаат комуникација со органите на прогонот како Министерството за внатрешни работи и Обвинителството. За жал, невладините организации кои се бават со прашања од интерес за ЛГБТИ луѓето во Македонија, но и праксата на институциите, покажува дека МВР и Обвинителството, не обезбедуваат доволна заштита на правата и слободите на ЛГБТИ луѓето. Правните механизми ги користат најчесто преку нас, невладините здруженија да им помогнат кога е во прашање насилството дали преку социјалните мрежи или кога е во прашање во домот“, вели Тасевски.
„Говорот на омраза особено е присутен кога се одржува ‘Skopje Pride Weekend’ или ‘Парадата на гордоста’, а стереотипите и предрасудите имаат големо влијание за појава на дискриминација и говор на омраза. Тасевски вели дека и по четири успешни паради на гордоста, ЛГБТИ заедницата во Македонија чувствува страв.
„Заканите секогаш ги има, за време на ‘Прајдот’, после ‘Прајдот’, најчесто ги има на социјалните мрежи, главно, за различни теми, но, најчесто и за политички цели. Граѓаните многу често знаат ЛГБТИ прашањата да ги злоупотребуваат во коментарите и статусите на Фејсбук, кога се во прашање некакви си избори, дали локални, парламентарни, претседателски, особено во објавите на страниците на онлајн порталите. Говорот на омраза на Интернет е зголемен во последните години, а овој говор кој се практикува на социјалните мрежи е со една порака, а тоа е да се чуствуваат засрамено ЛГБТИ луѓето, чувството дека мора да се кријат по плакарите дома, чувството дека не се безбедни овие лица и ако побараат инклузија, права, бракови и сл. дека ќе бидат истепани и уште полошо. За жал, исто така, педофилијата злонамерниците сакаат да ја поврзат со ЛГБТИ заедницата, како начин за да ги дискредитираат и да ја намалат легитимноста на борбата за правата на ЛГБТИ лицата“, посочува Тасевски.
Според него, сето ова е форма на дискриминација и стереотипирање кои треба да биде категорично осудено, а педофилијата е кривично дело и е категорички осудено од сите сериозни држави, заедници и законодавства и не е правилно и не е етички да се поврзува педофилијата со ЛГБТИ заедницата или со било која друга заедница или група.
„Нападите со пристрасна мотивација на социјалните мрежи, се префрлаат и на улиците, како криминал со дискриминаторски мотив или едноставно кажано како дела од омраза. Моето скромно размислување е дека нема да има подобрување во иднина, ако, органите на прогонот, МВР и Обвинителството не почнат со соодветни обуки или сензибилизација на вработените за прашања поврзани со ЛГБТИ заедницата со цел спречување на виктимизација на жртвите на насилство и говор на омраза на Интернет“, истакнува Тасевски и додава:
„Мојата борба во иднина би била, Јавното обвинителство на Македонија да назначи и обучи Обвинители низ Основните јавни обвинителства низ државава, кои ќе соработуваат со невладиниот сектор по прашања поврзани за правата и слободите на Интернет, но, најважно, заштита на жртвите од говор на омраза, но и санкција за сторителите.“
Во анализата на сексуалните малцинства, родот и мидиумите и медиумското покривање на темите поврзани со ЛГБТИ заедницата и родово заснованото насилство во изработка на Ирена Цветковиќ, Мања Величковска и Елена Гаговска се вели дека медиумите имаат главна улога во создавањето на моралната паника, дури и кога не учествуваат активно и механички ги презентираат фактите, соопштенијата, реакциите, честопати целосно преземајќи ги објавите и коментарите од јавните профили на социјалните мрежи.
„Дури и кога релевантните написи се временски дистанцирани и се среќаваат во различни медиуми, штом ќе влезат во медиумскиот дискурс, тие неизбежно учествуваат во пишувањето на приказната која ја портретира заканата и стануваат дел од моралната паника. Сите текстови, надополнувајќи се, ја предизвикуваат т.н. „спирала на преувеличување на ‘девијантното’ и имаат ефект на снежна топка која прераснува во лавина“ . Тоа во пракса резултира со „медиумски хајп“, или зголемување на бројот на медиумски известувања за заканувачкото однесување“, се додава во анализата.
Во Република Северна Македонија веќе се познати случаите ,,Јавна соба,” ,,Јавна соба 2,” и „Ромска, „Јавна соба” каде што фотографии на млади девојки и млади жени, дел од нив малолетни, беа споделувани во групи на социјалната мрежа Телеграм.
„Покрај експлицитни фотографии, се споделуваа и видеоснимки и лични податоци. Групите броеле од 7000-10.000 членови, исклучиво машки. Овие случаи претставуваат типичен пример на родово базирано насилство извршено со злоупотреба на технологијата“, пишува во родово базирата анализа за онлајн – врсничко насилство (сајбер-булинг) од Даниела Антоновска.
Во студијата се додава дека родово базираниот говор на омраза е препознаен кај Законот за спречување и заштита од дискриминација како и кај Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Загрозувањето на безбедноста или испраќањето закани преку информатичка технологија и дигитални уреди може да се пријави во Одделението за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, кое е единственото што има пристап до механизмите за собирање докази во онлајн-просторот.
Неодамна, на маж од Демир Капија му е изречена условна осуда, казна затвор во траење од една година, бидејќи на социјалната мрежа Фејсбук, под медиумска содржина напишал два коментари со вознемирувачки говор на омраза кон ЛГБТИ+ заедницата, со кои повикувал на насилство кон оваа маргинализирана група. Ова е прва осудителна пресуда во Македонија за говор на омраза врз основа на сексуална ориентација и изречена е условна казна атвор од една година, која нема да се изврши доколку обвинетиот во рок од една година по правосилноста на пресудата не стори друго кривично дело.
Македонија
Ковачки: Пендаровски е се понервозен од малиот рејтинг и премалата посетеност на неговите митинзи
Македонија е на нозе. Промените доаѓаат не е само обична парола. Туку е вистина, начин на работа и начин на кои ние ја гледаме Македонија. Пред нас претстои период кога одлучуваме за нашата иднина и за иднината на нашата Македонија. Ова го чекавме 7 години, и оваа шанса не смееме да ја пропуштиме, 24 април и 8 мај со заокружување на бројот 2 ставаме крај на катрострофалните политики на владата на ДУИ и слугите од СДС, изјави Драган Ковачки носител на ИЕ3 на митингот во Свети Николе.
Ковачки посочи дека Македонија е обесправена и понижена, задолжена и банкротирана земја. И за тоа се виновни слугата на стопанот Али Ахмети, Димитар Ковачевски. Криминалот и корупцијата цветаат, а економијата целосно крахира. Институциите повеќе не се во служба на граѓаните, туку во служба на овие неколкумина од владата на ДУИ и СДС кои очајнички се обидуваат да се спасат.
„Знаат дека губат. Знаат дека ги чека пораз и почнуваат да стануваат нервозни. Стравот од пораз е поголем од нивниот рејтинг изминатите 7 години. Знаат дека повеќе немаат поддршка од граѓани и глумат загриженост. Глумат и се обидуваат да ве излажат. Исто како што излажаа пред 7 години дека ќе донесат живот, а донесоа само беда и сиромаштија“, истакна Ковачки и додаде:
Ќе дојдат и ќе ви кажат дека имале погрешни политики, дека овие избори ако им ја дадете довербата ќе се поправат. Но, ќе излажат. Затоа што не ја бараат вашата поддршка за навистина да се променат, туку бараат поддршка за да продолжат да крадат. Исто како и изминатите 7 години. Се прикажуваат како некаков европски фронт кој ќе ја движел Македонија кон ЕУ, а всушност со нив Македонија е се подалеку од Европската унија. Секогаш кога ќе се обелодени некаков криминал или скандал, устите им се полни како СДС ДУИ се проевропски ориентирани. Не, господо од СДС И ДУИ. Немате ниту Е од вашата замислена Европа. Затоа што Европа не сака политичари кои се корумпирани и на кои пола влада им е на црната листа на САД. Европа не сака криминал и корупција. Во Европа има само принципи и вредности, во кои секој кој се огрешил одговара.
„Ќе кажам неколку збора и за актуелниот претседател Стево Пендаровски кои е послушник и нем посматрач на сите погрешни политики на СДС и ДУИ. Пендаровски сака да ги купи симпатиите кај граѓаните, човекот кој 5 години освен што дава изјави, а потоа сам себе си се демантира, деновиве станува се понервозен. Што од премалата посетеност на неговите митинзи, кои повеќе наликуваат на партиски журки така и од се понискиот личен рејтинг“, вели Ковачки.
Тој истакна дека Македонија изминатите 5 години имаше претседател, каков што ниту државата, ниту граѓаните заслужуваат да имаат. Човек со образ ѓон, бесрамник кој ниту еднаш не се спротивстави на криминалот на ДУИ и СДС, само затоа што сака да им се додвори.
„Затоа овие избори се шансата за промена. Шансата за да се избере претседател на Македонија која ќе ја врати државата назад кај граѓаните. Тој избор е професорката Гордана Силјановска Давкова, која преку вистински вредности и принципи ќе покаже дека Македонија може повторно да биде горда“, посочи Ковачки и додаде:
Изборот е повеќе од јасен. Или Македонија твоја, земја горда, или Македонија каква што ја прават Пендаровски, Ковачевски и Ахмети, уназадена, опљачкана и понижена. Да го кренеме гласот и да ги донесеме промените. Затоа што силата на една држава е народот, а не корумпираната елита од ДУИ и СДС. Да излеземе масовно и да гласаме за број 2, да побараме поддршка од секој познаник и да се сплотиме. Затоа што Македонија заслужува промени. Силата е во вас, да ги донесеме промените заедно.