Контакт

Македонија

(Видео) Ромски здруженија на протест против полициската бруталност

Објавено пред

Неколку граѓански здруженија се сообраа на протестот во организација на невладината организација „Аваја“, кој е поврзан со случајот во Битола од минатиот септември кога полицаец физички нападна Ром во центарот на градот откако возачот под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна несреќа.

dobivaj vesti na viber

Протестот почна пред Кривичниот суд.

Со пресудата полицискиот службеник е прогласен за виновен и определена му е затворска казна од една година.

Со протестот се бара пресудата да стане правосилна.

Од „Аваја“ велат дека дошле и пред ОЈО бидејќи веќе една година не е процесирана нивната кривична пријава против тројцата полицајци.

„Денес тука сме сите собрани во име на сите жртви на полициска бруталност, на сите оние кои молчеле, на сите оние кои се плашат да говорат јавно за насилството, на сите оние кои не ја добиле правдата во судските постапки и за сите оние кои и никогаш не стигнале да ја имаат можноста за судска постапкa”, беше порачано на протестот.

Македонија

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот акведукт

Објавено пред

Денес, претседателот на Демократското движење, Изет Меџити, истовремено носител на листата за пратеници од коалицијата ВЛЕН во Првата изборна единица, кај скопсиот акведукт реализира средба со уметници, кои во текот на годините придонеле во областа на уметноста и културата кај нас.

dobivaj vesti na viber

Тој истакна дека вреди да се даде максимумот во поддршка на нашите уметници инвестирајќи во контуинитет во областа на културата, приоритет што ги развива нашето општество и новите генерации.

Прикажи повеќе...

Македонија

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Објавено пред

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, праша врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, како и врз основа на кое мислење за стабилност и сеизмичка заштита се прави тоа.

dobivaj vesti na viber

Арсовска одржа прес-конференција по повод пожарот, каде што се осврна на изјавите на министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, и на Лазар Арсовски, сопственик на „Универзал Балкан“, што ја врши реконструкцијата, а беа дадени дента кога избувна пожарот.

Арсовска рече дека Град Скопје како сопственик не бил информиран за почнување на градежните активности за кои зборува Костадиновска и праша, според изјавите на министерката, каде, кога и од кого е осигурен проектот, на која вредност и за кој случај на настанување штета.

Градоначалничката коментира и дека во оваа држава старите кабли се причина за сите пожари по изјавата на Арсовски дека можно е пожарот да бил предизвикан од стар кабел или инсталација, истовремено прашувајќи од каде произлегле таквите сознанија.

Меѓу другото, Град Скопје побара и одговор зошто, ако министерката дознала пред 9 часот за пожарот, не го пријавила. Зошто работниците, кои се обиделе сами да го гаснат пожарот, не побарале помош со оглед на тоа што во противпожарната бригада бил пријавен дури во 9.50 од случаен минувач. Град Скопје бара одговор и каде избувнал пожарот, односно кога работниците почнале да го гаснат.

Одговор побара и на прашањето кој е управителот на градбата во моментот на опожарувањето, врз основа на кој докумет или кој проект, како и кој е надзор на градбата во моментот на опожарувањето.

Таа потсети дека по преземањето на функцијата, Град Скопје предупредил дека проектот не обезбедува безбедна изградба, но таквите информации за проекти од милиони евра, како што рече, не се пренесуваат, а поважни се куќарките на плоштадот или новогодишната елка.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сајкоски: Охрид мора да биде препознатлив како сесловенски, духовен, цивилизациски центар

Објавено пред

Охрид мора да биде препознатлив како сесловенски, духовен, цивилизациски центар. Треба да биде културна сцена и туристички простор 365 дена во годината.
Значајно место на мапата на светски центри за конференциски туризам и водечки туристички простор во регионални и меѓународни рамки, вели Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Охрид за да биде препознат како сесловенски духовен културен центар Програмата Платформа 1198 на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија предводува значајни инвестиции во делот на инфраструктурата во комплексот Плаошник. Охрид исто така треба да биде на мапата на културниот туризам, место каде културниот туризам ќе трае 365 дена и точка која особено внимание ќе посвети на промоцијата на црковните историски и цивилизациски придобивки. Во зголемената културна понуда во Охрид од големо значење е и предвидената реконструкција што вклучува и надградба и доградба на Центарот за култура Глигор Прличев со што се обезбедува и нов простор за народниот театар Глигор Прличев, додава Сајкоски.

Како што вели, Охрид заслужува да биде и позициониран на мапата на светски центри за конференциски туризам за организација на меѓународни конференции и бизнис настани.

„А тоа ќе го овозможиме преку сеопфатни и сериозни инвестирања во инфраструктурата. Охрид мора да го стекне статусот за сериозна меѓународна туристичка зона за таа цел предвидени се и иницијативи со Албанија и Грција за формирање на заедничка туристичка зона помеѓу трите држави во регионот на Охридско, Преспанско и Костурско Езеро“, завршува тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, праша врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, како и...

Македонија3 часа

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Намален е бројот на ученици во основните и средните училишта, во учебната 2022/2023 година, укажуваат податоците во извештајот на Државниот...

Македонија4 часа

Со нова систематизација Синдикатот на „Македонска пошта“ сам ќе ги укине вработените што не доаѓаат на работа оти Владата и Управниот одбор молчат

Синдикатот на „Македонска пошта“, во соработка со вработените и со ангажирање експерти, ќе подготви нова систематизација, која ќе ја достави...

Македонија4 часа

„Немам партиска книшка, само крводарителска“ – приватните специјализанти реагираат на изјавата на Демири за политичка заднина на штрајкот

Штрајкот на приватните специјализанти продолжи и денес и како што најавуваат ќе трае додека не добијат на писмено од Владата...

Свет4 часа

Израел: Мораме да го запреме Иран пред да биде предоцна, воведете му санкции

Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац, денеска ги повика земјите да воведат санкции за ракетната програма на Иран...

Свет5 часа

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Се’ повеќе високи ирански претставници ги предупредуваат и Израел и Западот за последиците од можната израелска одмазда. Така, иранскиот воен...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а...

Македонија5 часа

Стојаноска во Тетово: угостителите сезонски се селат во други држави, не се задоволни од актуелната власт

Вчерашниот ден Дафина Стојаноска – членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ го искористи и за средба со Здружението на угостители од...

Регион6 часа

Го искористи правото да не сведочи: заврши сослушувањето на мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да...

Свет7 часа

Полицијата нападот во црквата во Сиднеј го карактеризира како терористички чин, напаѓачот уапсен

Австралиската полиција го прогласи прободувањето со нож во црква во Сиднеј за верски мотивиран „терористички чин“. Момче (15) е уапсено...

Свет7 часа

Иран зад себе има незамислива сила, која е закана за целиот свет: група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Иранскиот напад врз Израел го отвори патот за нова ескалација на Блискиот Исток. Директен конфликт меѓу овие две земји ќе...

Регион7 часа

Земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција. Епицентарот на земјотресот бил на Крит на...

Македонија17 часа

Силјановска -Давкова: Ќе се залагам АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучва повеќе жени

„Претседателот е врховен командант на вооружените сили. А вооружените сили се бранителот на територијалната независност и интегритет на Македонија. Во...

Македонија17 часа

(Видео) „Ако го интересира Мицкоски кој од неговите најблиски соработници биле кај мене, ќе му кажам“, рече Пендаровски

Вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски беше меѓу жителите на Гази Баба и одговараше на нивните прашања. Граѓаните побараа одговор дали...

Македонија1 ден

Протестите на специјализантите имаат политичка заднина, колкав притисок и да прават, решение е можно по изборите, вели Демири

Министерот за здравство ги поддржува барањата за поголеми плати и платени придонеси на приватните специјализанти, но нема мерки што би...

Македонија1 ден

Демири: Ќе предложам невакцинирани да не може да се вработат во јавното здравство

Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, ќе побара законски измени со кои ќе биде забрането во јавното здравство...

Македонија1 ден

Деветвалентната ХПВ-вакцина, која спречува 80 отсто од аналниот карцином и 70 отсто од карциномот на грлото на матката, достапна кај нас од следниот месец

За еден месец сите вакцинални пунктови ќе ја добијат деветвалентната ХПВ-вакцина, која од оваа година, покрај девојчињата на возраст од...

Македонија1 ден

Припадници на затворската полиција се сомничат дека му овозможиле на осуденикот да побегне од Идризово – може да добијат и до 10 години затвор

Седумнаесет полицајци се приведени по повеќемесечна предистражна постапка за бегството на затвореникот од Идризово, кое се случи во октомври минатата година....

Македонија1 ден

Османи со порака до Израел: Воздржете се од возвраќање, спиралата на конфликти може да се влоши

Министерот за надворешни работи Бујар Османи порача до Израел да не возраќа на нападот на Иран бидејќи состојбата може да...

Uncategorized1 ден

Укината социјалната помош на 1.134 лица оти имале возило и за 18 месеци ја оштетиле државата за над 2,5 милиона евра

Министерството за труд изготвило 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална пензија на лица што 18 месеци...