Македонија
(Видео) СДСМ стана дел од лидерството на меѓународното движење Прогресивна алијанса
Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, на Конвенцијата одржана во Стокхолм, Кралството Шведска е избран да стане дел од Бордот на Прогресивна aлијанса. Одлучено е, во Бордот, највисокото тело што ги дава политичките насоки и решава за најважните организациски и политичи прашања на Прогресивна Алијанса да бидат членови претседателот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.
„Ова е голема чест и голем меѓународен успех на СДСМ.Прогресивна Алијанса е меѓународно движење на прогресивни сили од цел свет. Има повеќе од 140 партии и организации од над 80 земји низ целиот свет. И ние ја добивме честа да го водиме и да го предводиме ова движење”, изјави премиерот Заев по изборот.
„Во бордот на Прогресивна Алијанса се и премиерите на Шведска, Португалија и Шпанија и премиерките на Данска и на Нов Зеланд. Во бордот се и главните лидери на опозицијата во Австралија, Австрија, Норвешка, Холандија, како и други политички лидери од цел свет.
Заедно со нив ќе ја водиме глобалната коалиција на прогресивни сили и ќе создадеме подобро утре за сите нас.Нашата политичка мисија е да инвестираме во луѓето, исто како нашите партиски другари од другите социјалдемократски партии”, рече Заев.
Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска констатираше дека „нашите успеси се препознаени”.
„Нашите резултати се почитувани. Тука сме бидејќи докажавме дека сме носители на социјалдемократски промени дома, но и во нашиот регион.Целосно ја споделуваме и поддржуваме мисијата на Прогресивната Алијанса: да има мир и еднаквост во светот, 21. век да биде век на демократија, социјална правда и еколошки развој. Нашите вредности и цели се исти со Прогресивната Алијанса. Ја вративме еднаквоста во општеството и ја унапредуваме родовата рамноправност. Ние покажавме дека може да има пристојна работа и фер приходи и да се намали сиромаштијата. Ја покачивме минималната плата, создадовме раст на платите, раст на пензиите и го зголемивме социјалниот пакет за 300 проценти. Инвестираме во посилна социјална заштита, подобро здравство и подобро образование, и создаваме нови можности за младите“, изјави заменик претседателката на СДСМ, Шекеринска по изборот во Бордот на Прогресивна алијанса.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Манолева: По 43 години, болницата во Отешево доби комплетно нов лик, современи услови за третман и медицинска опрема
Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања ОТЕШЕВО. Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 милиони денари.
„Со имплементацијата на овој проект подобрени се болнички услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел како донација од Луксембург, а собите се наместени со нов инвентар. Сите амбуланти, лабораторија, дневна соба, ехо кабинет, соба за спирометрија и алерго тестови се позиционирани во реновираниот објект. Како што можевме да видиме од посетата амбулантите веќе функционираат во реновираните простории. Специјализираната болница Отешево нуди современи услови за третман на пациенти и достоинствени услови за работа на здравствените работници“, рече Манолева.
Болницата во Отешево опстојува повеќе од 43 години и ова е прво реновирање кадешто значително се унапредени болничките услови. Во изминатиот период, установата се зајакна и со два апарати за физикална медицина и рехабилитација во склоп на проектот во вредност од 270 илјади денари.
Македонија
Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара
Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, извести Обвинителството.
Како што велат од Обвинителството, предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.
Македонија
„Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија“, вели СДСМ
„Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола Груевски. За врме на посетата на Мицкоски на Гевгелија беа злоупотребени млади лица и ученици, исто како што правеше Груевски, кога се редеа деца за да го поздравуваат“, соопшти СДСМ.
„На ист начин вчера, под палка на локалната власт на ДПМНЕ во Гевгелија беа поставени ученици да му аплаудираат, овој пат на Мицкоски.
Мицкоски е ист како Груевски. Во ДПМНЕ нема никакви промени. Тоа се истите методи на ДПМНЕ и истите ликови.
Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски.
Граѓаните не забораваат како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното“, се наведува во соопштението на СДСМ.