Македонија
(Видео) Силјановска-Давкова: Шокантна е одлуката за разрешување на Пауновски
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова на денешната седница во Собранието го праша премиерот Зоран Заев врз основа на кои членови и од кои закони е разрешен Стојко Пауновски од функцијата директор на Државниот пазарен инспекторат.
„Кога зборуваме за државна јавна администрација најчесто ја употребуваме синтагмата ‘бели крагни’. Администрацијата е костур на државата. Значи не ме шокира тоа што ве подржаа двајцата министри, Николовски и Груби, туку ме шокира консензусот со којшто ја донесовте одлуката, која е директно спротивна на принципот на владеењето на правото, а којшто е основен Копенхагенските критериум. Точно е дека директорот на Државниот пазарен инспекторат е именуван од Владата, кое е исто така лошо решение бидејќи тоа треба да биде преку конкурс, ама ете така е. Меѓутоа, апсолутно тој не е подреден на премиерот ниту на министрите. Не постои никаква хиерархија помеѓу државна и јавна администрација. Тој стои на чело на една институција која функционира само врз начелата на стручност и компетентност“, рече Силјановска-Давкова.
Значи, додаде таа, шокантно е 90 проценти од вработените да застанат зад вас како директор, а сите министри да не ве поддржуваат.
„Слушнавме дека причина за неговото заминување е пркосот. Пркосот е една од најубавите човечки особини. И директорот на што пркоси, пркоси на кршење на начелото на правото, на кршење на Уставот, на неморалот. Она што е чудно е тоа што во неговата институција 40 отсто од вработените се од албанската националност. Ако продолжи ова вака, тогаш ќе биде неправична и несоодветна застапеност. И тоа не смее да значи клиентелизам. Членот 9 гарантира еднаквост на шансите на сите. Не може занимање да ви биде Турчин, Влав или Македонец или Албанец. Запомнете ова што ви кажувам, како што добивме од ГРЕКО опомена за чудното министерство, така ќе добиеме и за овој случај“, рече Силјановска-Давкова.
Ниту законот го почитувавте, му се обрати таа на премиерот Зоран Заев, ниту Уставот и тоа нема ништо заедничко со владеењето на правото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Мицкоски: Постојниот простор на СВР Охрид ќе се стави во функција на градот, надземно ќе биде убав парк, а подземно катна гаража
„Денеска на покана на министерот и градоначалникот сум во Охрид, да дадам и јас лично поддршка на проектот кој тие двајца го најавија дека тоа ќе биде еден од приоритетите на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија. Станува збор за простор на СВР Охрид кој ќе се стави во функција на општина Охрид или ќе биде надземно убав парк, а подземно катна гаража“, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ценам дека треба да се слушаат потребите на граѓаните, треба да се слушаат потребите на тие кои се избрани од граѓаните.
Ценам дека на овој начин ќе се овозможи еден поголем комфор во рамките на градското централно подрачје во Охрид во оној дел каде што е туристичка зона и ценам дека како држава треба да поддржуваме проекти кои ќе значат додадена вредност за средините во кои се прават. Еден од тие проекти е овој овдека.
Така што уште еднаш од мене голема благодарност и до министерот и до градоначалникот на поканата. Очекувам вакви и слични проекти и во иднина во други области во Македонија“, изјави Мицкоски.
Сервисни информации
Сообраќајот на патот Прилеп-Македонски Брод, се одвива наизменично по една коловозна лента
Во 14:58 часот сообраќајот на регионалниот пат Прилеп-Мак.Брод, сообраќајот се одвива наименично по една коловозна лента.
АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Апел за помош за малиот Војдан
„Почитувани, ви се обраќам како очајна мајка на Војдан, кој е дете со церебрална парализа. Војдан е предвремено родено дете, кој е борец уште од првата секунда од неговиот живот. 71 ден ги помина во инкубатор, на респиратор, со мал милион дијагнози и прогнози, но тој се избори и си дојде дома.
Кога мислевме дека нема крај на нашата среќа. Господ повторно ни го зададе најголемиот удар, на Војдан му дијагностицираа Церебрална парализа. 8 месеци ги поминавме по болничките лавиринти во нашата држава, со што немаше значителен напредок. Од негови 11 месеци, одиме на рехабилитација во Загреб. Одиме секој месец и остануваме таму по една недела. Војдан има сериозен напредок во неговата битка, која продолжува и од кога ќе се вратиме дома. Секојдневно има физикална терапија, со што јас како родител сум обучена да работам со него, дефектолошки и логопетски третман одиме на приватно. Фондот за здравство не ни го признава лекувањето на Војдан, па цели овие години одиме со помош на нашиот хуман народ. Како мајка на која единствена желба и е здравјето на нејзиното дете, уште еднаш и до бескрај ги молам сите хумани граѓани кој се во можност да ни помогнат за Војдан да излезе како победник во битката“.
Информации околу кампањата за собирање на донации имате тука