Контакт

Македонија

Со адреналински парк од 54 милиони Богоев ќе лови странски туристи

Објавено пред

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, планира да привлекува странски туристи со спортско-адреналински парк на кејот од Вардар. Ова задоволство чини повеќе од 54 милиони денари, односно приближно 877 илјади евра. Богоев планира местото да привлекува нови туристи со лежалки за рекреација, мини плоштад, детско и игралиште за одбојка и фудбал на песок, како и со реконструираниот скејт-парк. Од Општината велат дека адреналинскиот дел ќе биде одење по јаже, во тунел, низ буриња, на летви и со сајли. Ако досега постојните реквизти, како скејт-паркот и детското игралиште, можеа слободно да се користат, по изградбата, за нивно користење ќе се плаќа влезници.

dobivaj vesti na viber

Дел од средствата за изградбата ќе ги плати Европската Унија, а 7 милиони денари ќе треба да се одвојат од општинската каса. Со овие пари просторот од 10.500 квадратни метри ќе се доградува. На јавната расправа присуствуваа само пет жители на општината, а немаше интерес од страна на граѓанските здруженија иако биле поканети.

Трошоците за одржување на просторот се големи, но од Општината тврдат дека овој проект, кој со градба ќе почне во мај, нема да троши буџетски пари. Според нив, трошоците ќе се плаќаат од продажбата на влезници. Најверојатно, иако не е дефинирано, за новиот парк во Карпош ќе мора да се формира и ново јавно претпријатие. За да биде заштитен од вандали, ќе има пет чуварски служби.

„Едната опција е јавно претпријатие, другата е јавно-приватно партнерство. Планираме над 15.000 посети од април до октомври, сезоната кога паркот ќе биде отворен. Планираме да соработуваме со туристички агенции, но и со основните училишта, кои ќе може да ги носат учениците на дневна екскурзија во паркот“, вели претставникот на Општината, Марина Филиповска.

Додека сите беа воодушевени од планот за новиот парк на кејот од Вардар, жителка на Карпош за време на јавната презентација негодуваше за изградба на овој проект. Таа рече дека новата градба не личела на парк оти нема количина и густина на дрвја и зеленило.

„На Скопје ќе му користи ако тој појас од Вардар се пошуми со дрвја. Сметам дека покорисно и во иднина и сега ќе биде на овие делови да има повеќе шуми отколку забавни паркови. Ова е работа на профитабилност за да привлече луѓе, исто како трговските центри“, рече жителката.

Непознато е кога паркот ќе биде пуштен во употреба, исто како што не се знае ни цената на влезниците, но, според општинарите, би се движела околу 200 денари.

Македонија

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Објавено пред

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

dobivaj vesti na viber

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Прикажи повеќе...

Македонија

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на Комисијата на Јавното обвинителство за следење на евентуални кривични дела поврзани со изборите извести дека се издадени наредби за увид во службената документација на Јавното претпријатие „Комуналец“ во Делчево.

dobivaj vesti na viber

„Во текот на вчерашниот ден во Основното јавно обвинителство Делчево е заведен предмет по барање на Министерството за внатрешни работи за кој се побрани наредби за вршење увид во службената документација на Јавното претпријатие ’Комуналец“ со цел да се проверат наводите за евентуално сторено кривично дело поткуп при избори и гласање. Се работи за наводно поставување водомери во поголем број населени места во таа општина. Дадена е наредба за проверка на службената документација во претпријатието. Доколку се утврди дека има елементи за сторено кривично дело поткуп при избори и гласање, предметот ќе се процесира понатака“, рече обвинителот Бајрами.

Во Основното јавно обвинителство Радовиш денес е пријавено дека во село Бучим еден од гласачите, наводно, го покажал гласачкото ливче кон еден од набљудувачите од една политичка партија. И за овој настан обвинителот Бајрами рече дека се дадени насоки за проверка на наводите и доколку постојат елементи за сторено кривично дело и овој предмет ќе се процесира.

Обвинителот Бајрами рече дека од аспект на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денешниот изборен ден се одвива без поголеми нарушувања и нерегуларности.

Прикажи повеќе...

Македонија

Одѕивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а намалку во Врапчиште

Објавено пред

Процентот на избирачите кои гласале до 13 часот е 26,35 отсто, информираше претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.

dobivaj vesti na viber

Според податоците, најголема е излезноста во Новаци – 42,87, а најмала во Врапчиште 10,18 отсто.

Заклучокот е дека досега гласањето се одвива мирно на сите избирачки места.

До ДИК се доставени 140 приговори за заштита на избирачко право, од нив 16 се усвоени и на избирачите им е овозможено да остварат право на глас, 8 се отфрлени како неуредни, а 9 одбиени. Останатите се во обработка.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на Комисијата на...

Македонија20 минути

Одѕивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а намалку во Врапчиште

Процентот на избирачите кои гласале до 13 часот е 26,35 отсто, информираше претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски. Според...

Македонија1 час

Штипјанец и скопјанка фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач

Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип....

Македонија2 часа

Најдена испукана димна бомба на гласачко место, летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити пријавени во МВР

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информира за текот на изборниот процес од отворањето на избирачките места. „Досега МВР нема регистрирано...

Македонија2 часа

На 12,78 отсто се искачи одѕивот до 11 часот, најголем во Демир Капија – 23,99 отсто

До 11 часот на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до девет часот, се искачи...

Македонија4 часа

Даштевски: Во првите два и пол часа пријавени се само технички проблеми, кабел или батерија, ги решаваме во од

Ситни техники проблеми околу биометриските уреди се пријавени во првите два и пол часа од гласањето. Претседателот на Државната изборна...

Македонија4 часа

3,85 отсто е одѕивот за гласање во првите два и пол часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Одѕивот на граѓаните во првите два и пол часа од гласањето за избор на претседател на државата на седмите претседателски...

Регион4 часа

Во БиХ уапсени 14 шверцери, превезувале мигранти во Хрватска, заработиле 3 милиони евра

Припадниците на Граничната полиција на Босна и Херцеговина уапсија 14 лица под сомнение дека организирале мрежа на криумчари на илегални...

Свет5 часа

Кина изрази противење на пакет-помошта од САД за Тајпеј

Кина е „одлучно против“ на американскиот пакет за безбедносна помош за Тајпеј во износ од над осум милијарди долари, соопшти ...

Македонија5 часа

Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има...

Регион6 часа

Повеќе од половина Србија обоена во жолто: итно предупредување поради можно невреме

Жолта метеоролошка тревога е на сила на повеќе од половина од териториите во Србија и тоа во Бачка, Банат, Срем,...

Свет6 часа

Американскиот Сенат одобри помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван

Американскиот Сенат усвои закон со кој се одобрува пакетот безбедносна помош за Израел, Украина и Тајван во вкупна вредност од...

Топ6 часа

Маж во САД ги убил сопругата и трите деца, едно дете преживеало

Пет мртви тела, меѓу кои и три деца, се пронајдени во куќа во американската сојузна држава Оклахома. Од полицијата велат...

Македонија6 часа

Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче

Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори. Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за...

Македонија22 часа

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од...

Македонија22 часа

Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег

Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ...

Македонија1 ден

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија1 ден

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија1 ден

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија1 ден

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...