Македонија
(Видео) Спасовски на меѓународна конференција за безбедност во Охрид
„Неспорен факт е дека политичките констелации и тенденции независно на кој период се однесуваат, секогаш имале директни импликации во регионалните и конечно – националните внатрешни состојби. И вклучително, се разбира, во делот на безбедноста. Ова особено во контекст на перспективите на, условно кажано, помалите држави“, рече министерот Оливер Спасовски во денешното обраќање на 10-тата по ред меѓународната научна конференција „Влијанието на големите сили врз безбедноста на малите држави“, што се одржува во Охрид во организација на Факултетот за безбедност-Скопје со поддршка на фондацијата „Ханс Зајдел“ од СР Германија и покровителство на Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување.
И конечно, рече Спасовски, но и незаобиколно: цивилизациското, социјалното, културолошкото и економско динамизирање и глобализирање на општествениот развој, особено од почетокот на осумдесетите години на минатиот век наваму, а мотивирани од исто таквата интензивна динамика на меѓународните политички идеи, односи и позиции, наметна потреба од изградба на нови поконкретни механизми, особено важни за малите држави како во смисол на осигурување на сопствената безбедност и развој, така и во смисол на проактивна партиципација во генералните политички трендови.
„Следствено на тоа, сакам да истакнам дека процесот на политичко или економско интегрирање, етаблиран во изминативе неколку децении, се покажа како суштествено приоритетен политички механизам особено од интерес за малите држави. Преку тој концепт на политичко делување и партнерство – принципите на соработка, координација, солидарност, добиваат на посебна политичка тежина и значение. Како во смисол на постигнување на внатрешна стабилност на земјите, така и во поглед на заедничката, колективна безбедност. Република Северна Македонија, јасно ги препозна тие и такви тенденции резолутно дефинирајќи, во рамките на своите државни интереси, дека интегративните процеси сe нешто во што вреди да се инвестира како гарант за реална општествена безбедност, но и општествен развој и просперитет“, рече Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Постојниот простор на СВР Охрид ќе се стави во функција на градот, надземно ќе биде убав парк, а подземно катна гаража
„Денеска на покана на министерот и градоначалникот сум во Охрид, да дадам и јас лично поддршка на проектот кој тие двајца го најавија дека тоа ќе биде еден од приоритетите на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија. Станува збор за простор на СВР Охрид кој ќе се стави во функција на општина Охрид или ќе биде надземно убав парк, а подземно катна гаража“, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ценам дека треба да се слушаат потребите на граѓаните, треба да се слушаат потребите на тие кои се избрани од граѓаните.
Ценам дека на овој начин ќе се овозможи еден поголем комфор во рамките на градското централно подрачје во Охрид во оној дел каде што е туристичка зона и ценам дека како држава треба да поддржуваме проекти кои ќе значат додадена вредност за средините во кои се прават. Еден од тие проекти е овој овдека.
Така што уште еднаш од мене голема благодарност и до министерот и до градоначалникот на поканата. Очекувам вакви и слични проекти и во иднина во други области во Македонија“, изјави Мицкоски.
Сервисни информации
Сообраќајот на патот Прилеп-Македонски Брод, се одвива наизменично по една коловозна лента
Во 14:58 часот сообраќајот на регионалниот пат Прилеп-Мак.Брод, сообраќајот се одвива наименично по една коловозна лента.
АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Апел за помош за малиот Војдан
„Почитувани, ви се обраќам како очајна мајка на Војдан, кој е дете со церебрална парализа. Војдан е предвремено родено дете, кој е борец уште од првата секунда од неговиот живот. 71 ден ги помина во инкубатор, на респиратор, со мал милион дијагнози и прогнози, но тој се избори и си дојде дома.
Кога мислевме дека нема крај на нашата среќа. Господ повторно ни го зададе најголемиот удар, на Војдан му дијагностицираа Церебрална парализа. 8 месеци ги поминавме по болничките лавиринти во нашата држава, со што немаше значителен напредок. Од негови 11 месеци, одиме на рехабилитација во Загреб. Одиме секој месец и остануваме таму по една недела. Војдан има сериозен напредок во неговата битка, која продолжува и од кога ќе се вратиме дома. Секојдневно има физикална терапија, со што јас како родител сум обучена да работам со него, дефектолошки и логопетски третман одиме на приватно. Фондот за здравство не ни го признава лекувањето на Војдан, па цели овие години одиме со помош на нашиот хуман народ. Како мајка на која единствена желба и е здравјето на нејзиното дете, уште еднаш и до бескрај ги молам сите хумани граѓани кој се во можност да ни помогнат за Војдан да излезе како победник во битката“.
Информации околу кампањата за собирање на донации имате тука