Македонија
(Видео) Српски и хрватски студенти демолирале хотел во Охрид
Студенти од Загреб и Србија демолирале хотел во Охрид во кој престојувале на петдневна екскурзија, пишуваат хрватските и српските медиуми. Менаџерот на хотелот се огласил, како што пренесува „24сата.хр“, и соопштил дека загрепските студенти биле агресивни.
„Разбираме дека се работи за млади луѓе, но мора да се преземат мерки. Имаме големи групи студенти, но ова досега не сме го имале, никогаш немало проблем“, кажал менаџерот на охридскиот хотел.
На објавеното видео од хрватскиот медиум може да се види скршен хотелски инвентар, искршени прозорци, пивски шишиња на покривот, тоалет кој изгледа како да е запален.
Наводно, студентите палеле факели во собите и ходниците.
Претставникот на студентите од Кинезиолошкиот факултет од Загреб тврди дека студентите од Загреб немале никаква врска со собата која била запалена.
„На тој кат воопшто немаше студенти од Загреб, ни потврди менаџерот дека за таа просторија се виновни инсталациите и дека не е намерно запалена. Постојано бев некаде и не можам се да контролирам, но веднаш им пишав во групата да не прават проблеми“, изјавил Мартин Стојчевиќ, претседател на Студентскиот сојуз при Факултетот за кинезиологија.
„Таму имаше 12 факултети, ние сме еден од најголемите и не е во ред да не обвинуваат. Загреб не направи штета и не видов некој да прави проблеми со мои очи, ако направи, јас сум првиот против тоа и ќе седнам со нив и ќе разговарам. Она што го видов со свои очи беше момчиња од Мостар како кршат вазни. Бевме 217 и секој од нас даде по 20 евра депозит кој не го вративме, а имаше вкупно 1250 луѓе. Сите беа на забавата по ходниците. Видов дека има некоја штета, но од нашиве загрепчани не бев сведок дека некој нешто фрлил или скршил, велат дека сите сме агресивни, но нашите биле пријателски расположени.Дојдовме таму да се забавуваме и да се дружиме, а на крајот се паѓа на Загреб затоа што бевме најмногу. Не можам да влијаам на момците од Мостар кои ги видов како фрлаат вазни низ хотелот, можам само на нашите“ , изјавил претседателот на сојузот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ванковска: Преспанскиот и Бугарскиот договор се колонизаторски договори
Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека кога политичарите говорат за прашањата за Преспа и другите договори, тоа е само губење време и одвлекување на вниманието од реалните проблеми на земјата, сиромаштијата, невработеноста, корупцијата и сл..
„Точно е! Мнозинството граѓани едвај врзуваат крај со крај, очајни се од непостоење здравствен или образовен систем, сакаат развој а не вртење кон минатото.
Она што овие млади (а инаку умни) луѓе уште не го научиле е дека геополитиката (која ни ја наметнаа) е тесно поврзана со геоекономијата. Би очекувала својот критички ум да го свртат кон, на пример, поврзаноста на нашата колонијална положба со Преспа и Митилинеос. Или дури и со Бехтел и Енка… и уште многу ситни и не толку ситни зделки на македонските компрадорски елити кои нѐ продадоа како на сточен пазар, ни ги одзедоа и идентитетот и достоинството, ама и ги наполнија своите џебови врз база на бајките за ЕУ интеграција со смена на името и уставот.
It’s all about geopolitics, stupid!“, пишува Ванковска.
Според неа, Преспа и Бугарскиот договор не се само национални, идентитетски прашања, туку и класни и социоекономски. Ние, додава таа, сме во класично ропство, а принудени да аплаудираме на колонизаторите кои не се тука за наше добро, туку за свои интереси.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Идната наша влада ќе изгради нов објект за Клиничкиот центар во Скопје и ќе ја доизгради Клиничката болница во Штип
Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе изгради нов објект за Клиничкиот центар во Скопје и ќе ја доизгради Клиничката болница во Штип, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Главен фокус на идната влада во здравството ќе биде укинување на дуализмот. Ќе се спроведе спојување на клиниките во еден интегриран Универзитетски Клинички центар „Мајка Тереза“. Интегриран Клинички центар во Скопје ќе значи подобри услуги за пациентите и намалување на трошоците при јавните набавки, кои ќе бидат вршени централизирано. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го заокружи целиот процес со Клиничкиот центар во Скопје со изградба на нов објект“, дополнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што велат, истовремено владата ќе биде силно фокусирана и на довршување со градбата на Клиничката болница во Штип.
„По изградбата на Клиничката болница истата ќе биде опремена со најсовремена опрема и истата ќе се доекипира со соодветен медицински кадар. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе го има здравјето на граѓаните на прво место, затоа континуирано ќе вложуваме во здравството. Време е да ја вратиме државата на народот“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф Еисин, кои е вклучен во кампањата на Стево Пендаровски и СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Како и секогаш Пендаровски, Ковачевски и СДС кога се фатени во скандал или криминал се служат само со навреди, лаги и манипулации наместо да дадат конкретни одговори на релевантни прашања поврзани со скандалот. Повеќе од десетина дена, откако признаа дека се среќавале со контроверзниот израелски консултат Еисин, нема одговор како тој е ангажиран во нивната кампања, како го исплаќаат и дали тој е ангажиран за црна кампања, кампања на поделби и етикетирања. Јавноста заслужува одговори како овој балкански мешетар СДС и Ковачевски го исплаќаат, бидејќи во ниту еден извештај за финансиско работење неговиот ангажман не е заведен, и дали истиот е плаќан со црни пари, кеш на рака, од криминалните тендери на власта, пари украдени од граѓаните“, дополнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што посочуваат, од СДС треба да одговорат, дали покрај ангажирањето на Еисин, во Македонија се дојдени и две други лица, кои се локална поддршка на консултантот на Еисин, кои се сместени во центарот на Скопје во еден хотел и веќе активно работат на црната кампања на СДС за претстоините избори.
„Ги повикуваме надлежните институции веднаш да се одважат и да се ангажираат за расчистување на овој скандал, да го откријат финансирањето на консултантот и вклучувањето на странски државјани во кампањата за изборите. Време е за промени. Следува одговорност за секој сторен криминал, за секој скандал и за секое крадење на народни пари“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.