Македонија
(Видео) Стоилковски: Антикорупциска најскоро да се огласи за „Касарната“ на Филипче
На Водно се издига споменикот на рекетот и корупцијата на сметка на жолтицата, шугата и сипаниците, болестите во Македонија од минатиот век. Здравството колабира од скандали и корупциски афери и злоупотреби. Ама за ДКСК тука нема случај, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Ова тело зад мене, овој спектакуларно избран орган за заштита од корупцијата, за здравството нема ниту збор. За здравството, за коешто нема недела да нема нов скандал, ама за ДКСК нема основи за работа.
Исто како што за илјадниците предизборни вработувања во администрацијата, што е најотворен изборен поткуп, ДКСК бега од случајот од Касарната на Филипче на Водно, па издава небулозни соопштенија. Антикорупциската комисија се уште ќе проверувала дали има основа да поведе постапка. А што е нивна работа освен брзо да ги проверуваат ваквите случаи? Семејство на министер гради таканаречена касарна заедно со негов редовен тендераш вреден седум милиони евра.
Единствениот отворен случај за здравството беа набавките татко- ќерка за болницата на Хематологија, отворен на 9 мај лани. И јас не слушнав Одлука, не слушнав решение за овој случај.
Ќе потсетам , на истиот ден кога се отвори истрага за Хематологија, ДКСК сама го отвори и Струмички Глобал за Заев и за тоа уште нема ништо. Во таа насока, во кој дел во изборната кампања би можело да се очекува да произнесат за Глобал или пак за набавките за Хематологија?
Ова го прашувам врз искуството со нив кога отвораат и кога затвораат предмети.
Доколку антикорупциска не се огласи најскоро за градбата на таканаречената „Касарна“ на Филипче, огромно здание заеднички градено од редовен добитник на милионски тендери во здравството и мајката на сопругата на министерот Венко Филипче, и антикорупционерите се вградуваат како дел од Споменикот на рекетот и корупцијата наречен Касарната на Филипче“ порача Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
На 12,78 отсто се искачи одѕивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто
До 11 часот на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до девет часот, се искачи на 12,78 отсто.
Најголем е одѕивот во Демир Капија, 23,99 отсто, каде што од вкупно 3.208 граѓани до 11 часот гласале 769.
На седмите претседателски избори во земјава право на глас имаат 1.814.317 граѓани на 3480 избирачки места.
Македонија
Даштевски: Во првите два и пол часа пријавени се само технички проблеми, кабел или батерија, ги решаваме во од
Ситни техники проблеми околу биометриските уреди се пријавени во првите два и пол часа од гласањето. Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски извести дека гласањето се одвива мирно и без неправилности, а техничките проблеми вели дека тековно ги решаваат.
„Пријавени се само технички проблеми, батерија или кабел на биометриските уреди кои ги решаваме во од. Сите гласачки места се отворени и засега нема прекин никаде“, рече претседателот Даштевски.
Одѕивот во првите два и пол часа е 3,85 отсто, но пристигнале податоци од само 832 избирачки места. На овие избори право на глас имаат 1. 814.317 граѓани на 3480 избирачки места.
Македонија
3,85 отсто е одѕивот за гласање во првите два и пол часа, 12 приговори пристигнале во ДИК
Одѕивот на граѓаните во првите два и пол часа од гласањето за избор на претседател на државата на седмите претседателски избори е 3,85 отсто. Гласањето е почнато навреме, се одвива мирно и без пријавени неправилности. Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски утрово рече дека одѕивот е мал, но мал е и бројот на избирачки места од кои се пристигнати податоци.
„До девет часот пристигнати се податоци за одѕив на гласачите од 832 избирачки места. Од вкупно запишани 42.748 гласачи на овие избирачки места, гласале 15.487 или 3,8 отсто од гласачите. До овој момент во ДИК се доставени вкупно 12 приговори за заштита на личното избирачко право кои се предмет на обработка“, рече Даштевски.
На бесплатниот телефонски број 0800 555 44 граѓаните можат да постават прашање или да пријават неправилности до Државната изборна комисија.
Активна е и видеокол линијата 076 488 360 преку која граѓаните со оштетен слух и говор ќе можат преку видео повик да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на знаковен јазик. На сите граѓани на располагање им се интернет страницата на ДИК www.sec.mk како и страниците на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Твитер“ и каналот на јутјуб.
На страната rezultati.sec.mk може да се следи во живо излезноста на гласачите, вкупна и по општини.
На овие избори право на глас имаат 1. 814.317 граѓани на 3480 избирачки места. Податоци од повеќе избирачки места претседателот Даштевски најави за следната прес – конференција.