Македонија
(Видео) Стоилковски: На Рашковски му се остава простор да влијае врз сведоци и докази
Драги Рашковски, генералниот секретар на Владата, јасно и гласно на снимката објавена во домашните и странските медиуми, вели: Leonardo will win, односно „Леонардо ќе победи“. Ова е местење што треба да го добие тендерот, јасно е дека Рашковски преговарал задолжен од Зоран Заев, кој стои зад нарачката на скандалозниот тендер, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„И по три месеци директни повикувања оттука и од јавноста да се расчисти случајот, Рускоска-обвинителството вчера праќа содржински празно соопштение дека е почната постапка, внимавајте ‘по реакциите во јавноста’! По три месеци, безмалку секој ден, прашања до каде е случајот со Леонардо, се вади соопштение за правната фарса бидејќи:
1. Рашковски уште не е приведен, не е ни притворен,
2. Уште е генерален секретар на Владата,
3. Има натпозиција да влијае врз сведоци и докази,
4. За скандал што е меѓународен,
5. Му се остава простор тој да се заканува и гони медиум, новинари и опозициски функционери,
6. Нема резултат ниту за тоа кој му дал наредба да го мести тендерот?
Притоа, и Комисијата за борба со корупцијата по наведено сопствено барање прифаќа да го влече предметот, сега допрва и Државната ревизија ја вметнува да истражувала за МНАВ. И така да мине времето, сè да се забошоти, да се заборави случајот. За потсетување, договори како овој на Рашковски се можност за повторување инциденти, како оној кога два авиона на интернационални лета ќе се судреле на македонското небо минатиот септември.
Па наместо фарсата од соопштение, Рускоска-обвинителството требаше да има одговори:
1. Како е можно да биде доделен тендер на компанија со истечена тендерска документација?
2. Како и дали Рашковски го повлекол заклучокот на Владата за кој претседателот на М-НАВ укажува дека е спорен?
3. Кои закони и подзаконски акти Сугарески и неговиот шеф на кабинет ги испратиле во Собранието за изменување и што се требало да се смени за да може да го доделат тендерот на договорената фирма?
4. Што вели наодот од Бирото за судски вештачења, кој се крие од компаниите учеснички на тендерот?
5. Зошто и до кога Рашковски ќе биде во позиција со простор да го повтори делото и да влијае врз сведоци и докази? Тоа требаше да биде во писанието испратено од Рускоска-обвинителството.
Фарсата од соопштение на Рускоска-обвинителството и водењето на истрагата за Леонардо се доказ за постоење октопод, за можно криминално здружување на власта и целиот правно-обвинителски систем, за уцени, рекет и неказнивост за криминал и висока корупција. Со ваква власт Македонија само повеќе и повеќе ќе тоне. Доста е! Потребни се избори веднаш“, порача Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Манолева: По 43 години, болницата во Отешево доби комплетно нов лик, современи услови за третман и медицинска опрема
Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања ОТЕШЕВО. Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 милиони денари.
„Со имплементацијата на овој проект подобрени се болнички услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел како донација од Луксембург, а собите се наместени со нов инвентар. Сите амбуланти, лабораторија, дневна соба, ехо кабинет, соба за спирометрија и алерго тестови се позиционирани во реновираниот објект. Како што можевме да видиме од посетата амбулантите веќе функционираат во реновираните простории. Специјализираната болница Отешево нуди современи услови за третман на пациенти и достоинствени услови за работа на здравствените работници“, рече Манолева.
Болницата во Отешево опстојува повеќе од 43 години и ова е прво реновирање кадешто значително се унапредени болничките услови. Во изминатиот период, установата се зајакна и со два апарати за физикална медицина и рехабилитација во склоп на проектот во вредност од 270 илјади денари.
Македонија
Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара
Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, извести Обвинителството.
Како што велат од Обвинителството, предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.
Македонија
„Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија“, вели СДСМ
„Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола Груевски. За врме на посетата на Мицкоски на Гевгелија беа злоупотребени млади лица и ученици, исто како што правеше Груевски, кога се редеа деца за да го поздравуваат“, соопшти СДСМ.
„На ист начин вчера, под палка на локалната власт на ДПМНЕ во Гевгелија беа поставени ученици да му аплаудираат, овој пат на Мицкоски.
Мицкоски е ист како Груевски. Во ДПМНЕ нема никакви промени. Тоа се истите методи на ДПМНЕ и истите ликови.
Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски.
Граѓаните не забораваат како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното“, се наведува во соопштението на СДСМ.