Македонија
(Видео) Трајановски: Шилегов нуди лунапарк, кој ќе ги чини граѓаните 18 милиони евра
Градоначалникот на град Скопје, господин Шилегов, иако беше жестоко против, сега се согласува со идејата Скопје да добие панорамско тркало и да го продолжи проектот оставен од претходно за нов лунапарк, со таа разлика што сега тој ќе ги чини скопјани цели 18 милиони евра, обвини ексградоначалникот на град Скопје, Коце Трјановски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Значи, 18 милиони евра во споредба со 6 милиони евра колку што чинеше претходниот проект, кој повеќе од половина беше завршен. Господинот Шилегов форсира проект кој е 12 милиони евра поскап, односно изнесувa 18 милиони евра. Повторувам, 12 милиони евра поскап.
Патем, веќе се набавени 7 справи уште во 2017 година, кои се држат во магацин и за кои се плаќа за нивно чување и за нив постои соодветно партерно уредување и требаше само да се постават уште пролетта 2018 година. Тоа значи дека ако овие справи беа поставени, досега граѓаните на Скопје и туристите ќе можеа да ги користат овие содржини. Зошто, господине Шилегов, им скративте на граѓаните да имаат лунапарк уште пред две години, дали е поради тоа што беше од претходната власт, тоа не е добро за Скопје.
Да биде иронијата поголема, СДСМ и господин Шилегов, кои фрлаа дрва и камења за ваквите проекти и ги нарекуваа непотребно и лудо трошење на народните пари, сега од позиција на власт тие нудат лунапарк кој е поскап 12 милиони евра, а да биде уште почудно, господинот Шилегов во тој лунапарк ќе го смести и панорамското тркало, кое во кампањата секогаш го посочуваа како непотребно и екстремно скапа содржина во Скопје.
Господине Шилегов, да ве потсетам дека во кампањата постојано ветувавте дека со парите од панорамското тркало ќе изградевте водоводи, канализации, улици, училишта, паркови, почист воздух и здрава вода за пиење. Ништо од ветувањата, а проектот за панорамското тркало останува.
Сега граѓаните со право се прашуваат зошто, наместо 12 милиони евра поскапиот лунапарк, не изградивте водоводна мрежа во населбата Ченто, Стајковци, Сингелиќ, Инџиково, Хиподром, за кои патем има и готов проект. Водоводот во сите овие населби, а има околу 30.000 жители, чини околу три и пол милиони евра. Или зошто со тие 12 милиони евра не го решите водоснабдувањето во високата зона во Ѓорче Петров или фекалната канализација во Волково.
Со овие 12 милиони евра поскап лунапарк можевте да ги изградите ветените средни училишта „Кочо Рацин“ во Ѓорче Петров и „Кузман Јосифовски – Питу“ во општина Аеродром и да ви останат пари за реновирање многу други средни училишта. За потсетување, булеварите Илинденска, Теодосиј Гологанов и булеварот Трета македонска бригада – сите заедно чинат речиси 12 милиони евра.
Ова е лицемерство на дело. Едно зборуваат пред избори, друго прават кога ќе дојдат на власт. Граѓаните гледаат и граѓаните ќе ве казнат за хипокризијата, неработењето и недомаќинлакот на следните избори на 12 април“, истакна Трајановски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ
Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората во Берлин на Коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ).
Меџити од овој собир на дијаспората и се обрати со зборови каде им ја даде убавата вест дека на 8 мај пристигнува победата, но и за вредноста на учеството на дијаспората во овие избори кои многу добро знаат да казнуваат режими и тие кои го мразат Курти и Косово.
„Првите политички движења се отпочнати од дијаспората, како за совладување на Југославија, така и за независноста на Косово, а токму од ова дијаспора ќе пристигне и казната за ДУИ која се спротиставува на Косово и кокетира со Вучиќ”.
Тој, исто така, додаде дека сега е историскиот момент за промени во албанската политичка сцена после децении, со обединетата опозиција и со Самоопределување.
Македонија
Во Скопје санкционирани 179 возачи
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи
Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.
Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.
Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.