Македонија
(Видео) Трајковска: Центарци наседнаа на лагите кои им ги ветуваше Богдановиќ за време на локалните избори
Поминаа две години од мандатот на Саша Богдановиќ како градоначалник на општина Центар. Две години на лаги, неработење и неостварени ветувања. Очигледно е дека центарци наседнаа на лагите кои им ги ветуваше Богдановиќ за време на локалните избори, обвини Антоанета Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ.
„Наместо на решавање на реалните проблеми со коишто се соочуваат граѓаните, тој се занимава со работи што немаат ефект во квалитетот на живеењето на жителите на Центар. ВМРО-ДПМНЕ е овде да ги потсети граѓаните на дел од лагите и ветувањата што им ги даде на жителите во Изборната програма. Затоа прашуваме:
До каде е изградбата на мултифункционалната сала на Работнички што ја ветивте пред изборите, па дури направивте и спот и видео по тој повод?
До каде е изградбата на гасификацијата и колку домаќинства приклучивте на неа?
До каде е модерното вертикално зеленило на зградите? Да ве потсетам дека имате дури и илустративна сликичка во вашата сликовница наречена „План за живот“.
Господине Богдановиќ, дали знаете дека сè уште има делови на општината коишто немаат канализација и луѓето живеат како во минатиот век. До каде е изградбата на градинката во Маџар Маало и стационарот за кучиња? Имате исто така обврска да дадете одговор до каде се реконструираните 40 улици коишто ги имате набројано во вашата програма? Свесни ли сте дека ветивте изградба на кула за прочистување на воздухот со којашто центарци ќе дишат алпски воздух. До каде е нивната изградба? До каде е чистиот воздух што го ветувавте? Сте ги погледнале ли мерните станици надвор да видите дека се гушиме?
Таа обвини дека Богдановиќ освен гол популизам и фалби со туѓи проекти, не направил ништо корисно за општината. Вели дека со импровизации на диво и со позајмени клупи од други училишта, го отворил училиштето во Капиштец.
„Нема потреба да зборуваме за пропаднатите проекти на Богдановиќ. Доволно е граѓаните да ја отворат неговата сликовница ‘План за живот’ и ќе видат со кои лаги ги освои на локалните избори. Богдановиќ ќе остане запаметен како градоначалник по непотизмот и партиските вработувања во општината и во ПОЦ. 2 ВМРО-ДПМНЕ останува доследна партија што секогаш се залага за интересите на граѓаните. Затоа и го потсетуваме градоначалникот да почне со работа и да ги исполни ветувањата дадени во неговата програма. Две години изминаа, наредните две години брзо проаѓаат. Затоа ВМРО-ДПМНЕ е овде да ги порази лагите, непотизмот и неубавото владеење на Богдановиќ во општина Центар“, порача Трајковска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф Еисин, кои е вклучен во кампањата на Стево Пендаровски и СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Како и секогаш Пендаровски, Ковачевски и СДС кога се фатени во скандал или криминал се служат само со навреди, лаги и манипулации наместо да дадат конкретни одговори на релевантни прашања поврзани со скандалот. Повеќе од десетина дена, откако признаа дека се среќавале со контроверзниот израелски консултат Еисин, нема одговор како тој е ангажиран во нивната кампања, како го исплаќаат и дали тој е ангажиран за црна кампања, кампања на поделби и етикетирања. Јавноста заслужува одговори како овој балкански мешетар СДС и Ковачевски го исплаќаат, бидејќи во ниту еден извештај за финансиско работење неговиот ангажман не е заведен, и дали истиот е плаќан со црни пари, кеш на рака, од криминалните тендери на власта, пари украдени од граѓаните“, дополнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што посочуваат, од СДС треба да одговорат, дали покрај ангажирањето на Еисин, во Македонија се дојдени и две други лица, кои се локална поддршка на консултантот на Еисин, кои се сместени во центарот на Скопје во еден хотел и веќе активно работат на црната кампања на СДС за претстоините избори.
„Ги повикуваме надлежните институции веднаш да се одважат и да се ангажираат за расчистување на овој скандал, да го откријат финансирањето на консултантот и вклучувањето на странски државјани во кампањата за изборите. Време е за промени. Следува одговорност за секој сторен криминал, за секој скандал и за секое крадење на народни пари“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Со ДПМНЕ е можно само враќање назад, велат од СДСМ
Платформата на ДПМНЕ се само нови лажни ветувања, по примерот на Скопје, велат од СДСМ.
„ДПМНЕ ги изневери граѓаните на Скопје, ништо од ветеното не реализираше, а сега излегува со нови лажни ветувања. Наместо модерен град, Скопје денеска е запустен град, полн со нечистотија, со хаос во јавниот превоз, јавни претпријатија во долгови. Ги нема новите 250 автобуси, нема бесплатен јавен превоз, нема нови паркови“, дополнуваат од СДСМ.
Според нив промовираната Платформа 1198 на ДПМНЕ е токму тоа, нови лажни ветувања.
„Се потврди дека ДПМНЕ нема план за иднината и дека оваа партија не може да донесе никаква промена. Со ДПМНЕ е можно само враќање назад. Изборот пред граѓаните на претстојните избори ќе биде помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност и враќање 10 години назад со ДПМНЕ“, завршуваат од СДСМ.
Скопје
Дел од општина Центар денеска без вода
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека, денеска без вода ќе биде дел од општина Центар.
Поради отстранување дефект на водоводна мрежа на улицата 50-та Дивизија бр. 35, од 10:00 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и улицата Димче Мирчев во општина Центар.