Македонија
(Видео) Филипче: Добро е тоа што пациентите се откриваат во рана фаза
Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека сите 48 пациенти со коронавирус се стабилни, со непроменета клиничка слика, како на Клиниката за инфективни болести во Скопје, така и во Дебар. Пациентката којашто е на респираторна машина е со стабилни витални параметри и нема знаци за влошување на состојбата.
Министерот Филипче изјави дека е исклучително добро тоа што пациентите се откриваат во рана фаза, заради тоа што само пациенти кои се откриваат во доцна фаза директно ги зафаќаат местата во одделите за интензивна нега – нешто што во многу земји го колабира здравствениот систем.
„Ја упатувам пораката – ова не е нешто што може само здравствените работници или здравствениот систем да го изменаџира. Исклучително е важна улогата на граѓаните, на нивната свест, сите требаат и мораат да придонесат оваа криза се надмине“, потенцираше министерот Филипче.
Тој кажа дека е направен план и за ставање во функција на третман на пациенти со коронавирус во Градската општа болница „8 Септември“.
„Со оглед на тоа што се изнудува потреба за друг тип лекарска интервенција – на пациенти кои се сомнителни или имаат веќе потврден коронавирус, со цел да се зачуваат останатите капацитети, во болницата ‘8 Септември’ направивме посета со посебна комисија – директори на повеќе клиники и претставници на Комисијата за инфективни болести. Заедно на лице место се утврди патот, текот на движење на пациентите, делови за изолација во делот на тријажата, приемните амбуланти, една посебна операциона сала, една посебна ангеографска сала, еден посебен кабинет за еходијагностика и еден целосно посебен оддел којшто во овој момент има 22 кревети и две респираторни машини. Со ова, практично, ги обезбедуваме сите пациенти од државата во моментот кога ќе бидат дијагностицирани или, пак, ќе бидат сомнителни дека имаат коронавирус, а потребна им е некаква друга форма на хируршка или друг тип интервенција – директно да бидат препратени во болницата ‘8 Септември’, со цел да не одат по другите јавно-здравствени институции. Тука ќе биде воспоставен алгоритам. И кадарот помина една кратка едукација денеска на Инфективната клиника: како да се пристапи на пациентите, како да се земе материјал, при што доколку станува збор за пациент којшто има само сомнение и нема потреба од многу голема итност ќе биде почекан резултатот и потоа ќе се одлучи дали ќе се лекува“, изјави министерот Филипче.
Министерот рече дека се работи планот за посебни пунктови во рамки на Здравствениот дом во Скопје, кој треба да стартува веќе од почетокот на наредната недела, а за принципот на функционирање Министерството ќе информира по утврдување на планот.
Во Дебар од утре ќе се упати уште еден пулмолог и уште еден педијатар, поради тоа што таму има луѓе од здравствениот сектор, здравствените работници коишто се носители на вирусот.
„Денеска заседаваше и главниот кризен штаб во Владата – се разговараше за повеќе прашања во Дебар. Во текот на утрешниот ден ќе биде доставена дополнителна количина на потрошен материјал. Ни пристапија повеќе компании кои сакаат да изработат и маски од соодветен материјал за што се чека стручното мислење од Комисијата за заразни болести во Министерството за здравство. Во рамките во кампусот на Клиничкиот центар интензивно се работи на подобрување на инфраструктурата, подобрување на пристапот кон Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и на уште една линија за влез кон Ургентниот центар на хируршките клиники, за што сакам да се заблагодарам на градоначалникот на Градот Скопје Петре Шилегов и јавното претпријатие на улици и патишта“, истакна министерот Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите за 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра
Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел од листата на Социјалдемократскиот сојуз и Коалицијата за европска иднина.
Маричиќ јавно се обврза дека како член на наредната Влада што ќе ја предводи СДСМ ќе продолжи да работи за пензионерите да имаат убав и достоинствен живот.
„Оваа Влада ги покачи пензиите за 50% и ветуваме дека во наредниот мандат ќе биде просечна пензија од 500 евра. Исто така се обврзуваме на зимски регрес од 3000 до 6000 денари за секој пензионер, а најмногу ќе добиваат оние со најниски пензии. Исто така ветуваме енергетски пакет од 1500 денари месечно во текот на грејната сезона за оние пензионери на кои најмногу им треба“, вети Маричиќ.
Тој нагласи дека пензионерите тоа го заслужуваат.
„Без вашата генерација и без влогот кој што го дадовте немаше да имаме држава. Токму затоа сме дожни и обрзани да работиме пензионерите да имаат мирни и спокојни пензионерски денови и мирно да ги гледаат своите деца и внуци како растат. А како растат внуците така нека растат и пензиите“, нагласи Маричиќ на средбата со тетка Верица и пензионерите од Карпош.
Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, порача дека тој, СДСМ и Коалицијата за европска иднина „не се откажуваат од подобриот животен стандард за спокоен живот за пензионерите“.
Македонија
Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, максимални температури до 18 степени
Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, претежно во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени.
Во Скопје променливо облачно и посвежо со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 17 степени.
За време на викендот ќе се задржи променливо облачно и посвежо време. Во недела на повеќе места ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и услови за појава на изолирана нестабилност со грмежи. Поради спуштање на постудена воздушна маса на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на повисоките планини ќе се формира нова снежна покривка.
Македонија
Таравари од централниот митинг во Струга: Зголемување на минималната плата до 800 евра за борба против имиграцијата
Кандидатот за претседател од редовите на ВЛЕН, Арбен Таравари, ја изрази својата заложба за борба против имиграцијата преку зголемување на минималната плата во нашата земја. Во рамките на идната влада се планира зголемување на платите и до 800 евра, со што ќе се создадат нови можности младите мажи и жени да останат и да придонесат за развојот на државата.
Преку грантови за технологија и иновации, Таравари рече дека владата има за цел да ги поддржи нивните креативни идеи, фокусирајќи се на развојот на земјата како атрактивна алтернатива за младите.
„Иселувањето кај нас е над секоја норма, бројките се алармантни. Не можеме да останеме рамнодушни на оваа ситуација. Така како следна влада на ВЛЕН ќе донесеме одлука за покачување на платите. Ќе се заложиме минималната плата до крајот на нашиот прв владејачки мандат да биде 800 евра. Преку грантови за технологија и иновации, ќе ги поддржиме младите мажи и жени со нивните креативни идеи, кои првенствено служат за нашиот развој како држава. Ова ќе биде дополнителна причина да ја гледаат иднината овде со нас, недалеку од нивните домови, недалеку од нивниот роден град“, рече Арбен Таравари на централниот митинг во Струга.