Македонија
(Видео) Шекеринска: Законот за јазиците не е прашање кое повторно треба да ја дели државата
Министерката за одбрана и потпретседателка на СДСМ, Радмила Шекеринска, одговарајќи на новинарски прашања го изрази ставот на нејзината партија во однос на препораките на Вениецијанската комисија, откако беше прашана што мисли за изјавата на вицепремиерот Бујар Османи дека не треба да има никакви измени на Законот за јазици.
„Според тоа што имавме прилика директно да го прочитаме, а не да го видиме толкувано од страна на некого, за некои прашања имаат дилеми, за некои прашања немаат дилеми, за некои прашања Венецијанската Комисија оди чекор напред. Многу сериозно ќе го анализираме мислењето, ќе земеме предвид различни забелешки и ќе се трудиме да најдеме решение што ќе биде плус за сите граѓани во државата“, кажа Шекеринска.
Министерката порача дека оваа влада не верува во еднократно менување на важни закони, но дека кај сите партнери во коалицијата постои увереност да се почитува тоа што го превзеле како обврска на почетокот.
„Ние, веруваме дека јазичните права се права кои што ја градат кохезијата во државата. Законот веќе долго време е на сила. Никој не плати казна поради тоа што не знае албански, како што не критикуваа. Никој не е натеран да користи нешто што не го знае или не сака да го користи, како што некои тврдеа. Покажавме дека ова прашање не е табу. И покажавме дека ова прашање сакаме да го решаваме како држава која навистина гради едно општество за сите. Со таков дух, со такви аргументи, ќе го погледнеме мислењето на Венецијанската комисија и ќе излеземе со заеднички став“, рече Шекеринска додавајќи дека ова не е прашање кое повторно треба да ја дели државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Д-р Филипче: Невработеност од најниски 7% и поддршка од 180 милиони евра за бизнисот
Во новиот мандат СДСМ предвидува 180 милиони евра директна финансиска поддршка за бизнис секторот, нови вработувања и историски најниски 7% невработеност.
Ова го истакна д-р Венко Филипче, носител на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина. Денеска Филипче ја продолжува својата агенда во рамки на предизборното претставување во Изборната единица 4.
„СДСМ ќе внесе нова економска енергија за европски раст и стандард на граѓаните и бизнис секторот. Најуспешни се оние земји во кои се создаваат бизниси, каде што има претприемачка идеја и средина која го поттикнува нивниот развој“, рече Филипче.
Филипче потсети дека изминатите седум години мандат, СДСМ ја поддржуваше економијата на неколку колосеци.
„Ги охрабрувавме ентузијастите својата идеја да ја преточат во реалност да отворат свој сопствен бизнис. Локалната економија, малите бизниси се важен сегмент и околу нив градевме и ќе продолжиме да градиме стратегијата за развој на домашната економија“, вели Филипче.
Во таа насока, ќе продолжи креирањето на политики кои ќе го поттикнуваат бизнисот и економскиот развој преку транспарентно и отчетно однесување со секој денар на граѓаните, додава Филипче.
Со цел, пак, подобро управување со енергетските компании кои имаат клучен удел во вкупната економска активност, СДСМ државните енергетски капацитети ќе ги предаде во рацете на граѓаните.
„Планираме енергетските компании да ги вратиме кај граѓаните. Секој граѓанин, вклучително и деца, ќе добие по најмалку 8.000 денари од вредноста на енергетските компании или 500 евра за едно четиричлено семејство. Така контролата за работењето на енергетските компании ќе биде во рацете на граѓаните“, завршува Филипче.
Македонија
Силјановска-Давкова: Потребен ни е професионален кадар на соодветни безбедносни позиции
Денес во хотел „Хилтон“ (DoubleTree by Hilton Skopje) се одржа втората трибина од циклусот за претставување на клучните точки од програмата „Македонија повторно горда“ на тема „Национална безбедност“ на кандидатката за претседателка на Македонија професор д-р Гордана Сиљановска-Давкова.
Учесници беа проф. д-р. Тимчо Муцунски, Наќе Чулев поранешен министер за внатрешни работи, Анастасија Илиеска поранешен државен секретар во МВР, Емил Димитриев, поранешен премиер на Република Македонија.
– Како ќе бидеме ние Европска држава ако сме постојано во кризна состојба. Нас не дефинираа како држава која е цикличен, постојан хибриден режим, партизирана нефункционална заради врхушката на ДУИ и СДСМ. Мора да ни се случи game change и во безбедносниот сектор, зошто станавме пропадната држава. Еднаш треба да создадеме систем без оглед кој е на власт. Професионалниот кадар да биде на соодветни позиции. Да продолжиме да ги исполнуваме стандардите на НАТО, рече претседателската кандидатска Силјановска-Давкова.
Македонија
Николоски: Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе закон за забрана на увоз на тутун, за да се откупи македонскиот по повисоки и пристојни цени
Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4 денес заедно со кандидати и идни пратеници во новото македонско Собрание од општините Конче и Радовиш, беше во посета на капитални инфраструктурни проекти во општина Конче. Според Николовски, работата на градоначалникот покажува дека и во малите средини во Македонија може да се работи успешно и убаво доколку се има волја и доколку се работи чесно.
– Можам да кажам дека после изборите ќе има огромна поддршка за општина Конче со цел да се реализираат проектите кои што се од витално значење за сите оние кои што живеат овде. Тука е секако и поддршката на земјоделието каде што можеби и најбитната работа поврзана со земјоделието е тутунот кој што се одгледува најмногу во општина Конче. Планираме да го донесеме законот за тутун кој што два пати го поднесувавме во Собранието, но досегашното мнозинство на СДСМ и ДУИ го блокираше. А, причината зошто го блокираше е затоа што имаа бизнис интереси. Имено, со тој закон ќе се забрани увоз на тутун во Македонија со цел да целокупниот македонски тутун, македонското злато да се откупува по повисоки и пристојни цени, како би можеле сите земјоделци пристојно да живеат. Така што тоа е она наше основно ветување односно тутунот, рече Николоски.
Тој вети и зголемувањата на субвенциите за тутун, воведување на само три класи, а не како досега што има шест или седум класи зависно од откупувачите.
– Во делот на земјоделието планираме возобновување на сите водоснабдителни системи како и изградба на нови и комплетно нов систем на субвенции кој што ќе го врати достоинството на македонскиот земјоделец. А, тука ќе работиме интензивно и на она што е желба на жителите и на Конче и на општина Радовиш а тоа е носење на една поголема странска инвестиција која што треба да отвори нови и добро платени работни места за жителите на целиот овој крај, рече Николоски во Конче.
Тој повика граѓаните масово да излезат и на претседателските и на парламентарните избори оти тоа е клучно. Како што рече Николовски, со масовна излезност ќе може да се спречи оваа влада на СДСМ и на ДУИ, а двете политички партии да одат во опозиција и конечно да се удри во чело на криминалот и корупцијата во Македонија, да се воведе функционален систем на владеење на правото и Македонија економски да се развива.