Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Заеви се корона профитери, нивна семејна фирма е корисник на помош од државата
„Во услови на оваа криза Заеви стануваат корона профитери, нивната семејна фирма Еленица од која заработуваат милиони евра е корисник на пари од државната антикризна помош.
Зоран Заев си крои мерки лично за својот џеб. Во исто време кога се фали во јавоста со антикризните мерки пропушта на целата јавност да и каже дека фирмата каде неговиот брат и чичко се сопственици станала корисник на државна помош“, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, мерките се за Заев, а не за нашиот народот. И со ова се покажува дека парите на народот одат во неговите фирми, а не онаму каде што тоа е најпотребни.
„Со ИГМ Еленица Струмица управува братучедот на Зоран Заев, Трајче Заев, додека Вице Заев, братот на актуелниот претседател на владеачкиот СДСМ, е член на Управниот одбор.
На 14 мај на сметката на ИГМ Еленица од Владата на Република Македонија и биле исплатени 841.000 денари државна помош за плати за месец април. Пресметано, тоа се минимални плати од 14.500 денари за 58 вработени.
„Еленица“ во 2018 година беше компанија со најголема добивка во Струмица и струмичкиот регион. Со приходи од 5,16 милиони евра оствари добивка од 2,7 милиони евра. Значи со остварени приходи над 5 милиони евра годишно на Заеви им дојде редот да земаат од парите на народот. Сова е срамно и долно.Затоа Заев се фали со антикризните пакети затоа што тој има лична корист од ова. Заеви земаат од устите на гладните, од оние на кој им е најпотребно се со цел да го полнат сопствениот џеб. И сето ова кога фирми и компании се затвораат луѓе остануваат без работа во нашата држава.Ваквото корона профитесрво на Заев е доказ дека тој продолжува да се богати на грбот на нашиот народот. Тој е власт кој што ја злоупотребува државата и на најдолен начин ги разграуваат народните пари.Кризата за многумина значи загубена работа, а и живот. Само за Заев значи пари. Заради овие сите работи Зоран Заев и СДСМ ќе бидат жестоко поразени од народот“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска објави дека судот донел одлука со која се утврува дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, неправедно ја клеветел.
„Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел да ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста, Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки“, пишува Петровска.
Во продолжение таа додава дека не сака пари од нечесник и се откажува од паричниот надомест.
„Секој го прави тоа што најдобро го знае, тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“, додава Петровска.
Македонија
Манолева: По 43 години, болницата во Отешево доби комплетно нов лик, современи услови за третман и медицинска опрема
Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања ОТЕШЕВО. Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 милиони денари.
„Со имплементацијата на овој проект подобрени се болнички услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел како донација од Луксембург, а собите се наместени со нов инвентар. Сите амбуланти, лабораторија, дневна соба, ехо кабинет, соба за спирометрија и алерго тестови се позиционирани во реновираниот објект. Како што можевме да видиме од посетата амбулантите веќе функционираат во реновираните простории. Специјализираната болница Отешево нуди современи услови за третман на пациенти и достоинствени услови за работа на здравствените работници“, рече Манолева.
Болницата во Отешево опстојува повеќе од 43 години и ова е прво реновирање кадешто значително се унапредени болничките услови. Во изминатиот период, установата се зајакна и со два апарати за физикална медицина и рехабилитација во склоп на проектот во вредност од 270 илјади денари.
Македонија
Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара
Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, извести Обвинителството.
Како што велат од Обвинителството, предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.