Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски за Анѓушев: Тој што е фатен дека краде станува насилен
Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција го осуди однесувањето на вицепремиерот Кочо Анѓушев кој, како што рече, се обидел со закани да го замолкне преставникот на „Транспаренси Интернешнл“ во врска со наводите за сомнителната стечајна постапка која се води за комбинатот ФЕНИ.
„Народната поговорка вели кој лаже, тој и краде, а тој што е фатен дека краде станува насилен. На површина излегува насилничкото и арогантно однесување на владата предводена од СДСМ. Тоа е резултат на нивната нервоза. Со тоа сакаат да ги покријат своите сомнителни бизниси, катастрофални политики и целосната своја неспособност“, истакна на пресот Ѓорѓиевски.
Претставникот на ВМРО-ДПМНЕ напомена дека Анѓушев се дрзнал да се заканува и на новинар затоа што правел сторија, повторно за случајот ФЕНИ.
„Дали на Кочо Анѓушев му пречи да се зборува околу Фени заради поврзаноста на неговите фирми кои чекаат да си го наплатат долгот или пак проблем е тоа што стечајниот управник е донатор на СДСМ? Дали истиот овој стечаен управник не е инволвиран и во Југохром каде што повторно Анѓушев, односно негови фирми се доверители, а фигурира истиот стечаен управник? Дали некој си ја ишка мувата од капата зарди тоа што е фатен со рацете во медот?“, запраша Ѓорѓиевски.
Додаде дека од опозициската партија се сериозно загрижени за, како што рече, цензурата на медиумите и на јавноста од политичари од власта кои јавно и бесрамно се закануваат кога некој ја критикува нивната работа.
„Ова е политичко насилство кое го вршат врз нашето општество и врз нашиот народ. Очигледно е дека стравот од вистината ги принудува на вакви нервозни реакции. Ние подолг период наназад говориме за скандалите кои се врзуваат секојдневно за владата на СДСМ, Анѓушев и Заев, а ваквото однесување е само потврда дека сме во право“, истакна Ѓорѓиевски на пресот. Подвлече дека ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува сите општествени чинители внимателно и одблиску да ја следат, како што кажа, оваа неодговорна и неспособна Влада и аферите кои и тоа како се врзуваат за нејзиното работење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Постојниот простор на СВР Охрид ќе се стави во функција на градот, надземно ќе биде убав парк, а подземно катна гаража
„Денеска на покана на министерот и градоначалникот сум во Охрид, да дадам и јас лично поддршка на проектот кој тие двајца го најавија дека тоа ќе биде еден од приоритетите на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија. Станува збор за простор на СВР Охрид кој ќе се стави во функција на општина Охрид или ќе биде надземно убав парк, а подземно катна гаража“, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ценам дека треба да се слушаат потребите на граѓаните, треба да се слушаат потребите на тие кои се избрани од граѓаните.
Ценам дека на овој начин ќе се овозможи еден поголем комфор во рамките на градското централно подрачје во Охрид во оној дел каде што е туристичка зона и ценам дека како држава треба да поддржуваме проекти кои ќе значат додадена вредност за средините во кои се прават. Еден од тие проекти е овој овдека.
Така што уште еднаш од мене голема благодарност и до министерот и до градоначалникот на поканата. Очекувам вакви и слични проекти и во иднина во други области во Македонија“, изјави Мицкоски.
Сервисни информации
Сообраќајот на патот Прилеп-Македонски Брод, се одвива наизменично по една коловозна лента
Во 14:58 часот сообраќајот на регионалниот пат Прилеп-Мак.Брод, сообраќајот се одвива наименично по една коловозна лента.
АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Апел за помош за малиот Војдан
„Почитувани, ви се обраќам како очајна мајка на Војдан, кој е дете со церебрална парализа. Војдан е предвремено родено дете, кој е борец уште од првата секунда од неговиот живот. 71 ден ги помина во инкубатор, на респиратор, со мал милион дијагнози и прогнози, но тој се избори и си дојде дома.
Кога мислевме дека нема крај на нашата среќа. Господ повторно ни го зададе најголемиот удар, на Војдан му дијагностицираа Церебрална парализа. 8 месеци ги поминавме по болничките лавиринти во нашата држава, со што немаше значителен напредок. Од негови 11 месеци, одиме на рехабилитација во Загреб. Одиме секој месец и остануваме таму по една недела. Војдан има сериозен напредок во неговата битка, која продолжува и од кога ќе се вратиме дома. Секојдневно има физикална терапија, со што јас како родител сум обучена да работам со него, дефектолошки и логопетски третман одиме на приватно. Фондот за здравство не ни го признава лекувањето на Војдан, па цели овие години одиме со помош на нашиот хуман народ. Како мајка на која единствена желба и е здравјето на нејзиното дете, уште еднаш и до бескрај ги молам сите хумани граѓани кој се во можност да ни помогнат за Војдан да излезе како победник во битката“.
Информации околу кампањата за собирање на донации имате тука