Македонија
(Видео) Јанушев: Зад говорот на омраза стојат СДСМ и Заев
„ВМРО-ДПМНЕ најжестоко го осудува говорот на омраза лиферуван од експоненти на власта.
Нивото на жестината на ваквиот говор на омраза, ксенофобија и ширење антисемитизам е големо затоа што зад него се кријат власта, СДСМ и Зоран Заев“, изјави Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, СДСМ води политика на поделби и политика на недемократски вредности.
„Токму затоа ‘Економист’ ја прогласи земјата за хибриден режим што е на чекор до авторитарен режим. Власта како свои миленичиња ги третира сите оние што сеат омраза врз политичките противници и тие луѓе се заштитени бели мечки, било тоа да е Тричковски или некој друг. Политиката на поделби на Заев нè носи во амбис.
Станавме земја со хибриден режим и, за жал, Заев, од држава што почива врз антифаштистичките вредности и која е градена врз таа идеологија, нè претвора во неславен пример систем кој поддржува антисемитизам и говор на омраза што не смее да се толерира. Ваквите галеничиња на СДСМ, кои тоа го прават, кои го фалат Заев во секоја пригода, и целата власт со години се толерирани од институциите. ЈО со години молчи и не презема ништо“, рече тој.
Јанушев ги повика обвинителите во Јавното обвинителство, кои држат до себе, до законот и професијата, и не се под шапката на Јовески и хибридниот режим на Заев, да отворат постапка против ваквите луѓе.
„Очекуваме институциите да реагираат. Говорот на омраза не смее да биде толериран. До кога во оваа држава, без разлика дали се работи за некој од ВМРО-ДПМНЕ или друга партија, ќе биде толериран за говор на омраза. Секојдневно жртви се не само политички личности туку и медиуми што се етикетираат, новинари, јавни личности, уметници, поединци. Го повикувам и ЗНМ да се огради и да го осуди ваквиот говор на омраза. Говорот на омраза не е сила, тоа е слабост зад кој стои страв. Сето ова го покажува стравот што СДСМ го има од претстојниот пораз, па во паника се закануваат, заплашуваат и шират говор на омраза. Поразот на СДСМ е неминовен и тој доаѓа на 12 април“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бојмацалиев: МВР работи исклучиво по закон за фер, слободни и демократски избори
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и државната секретарка Магдалена Несторовска го посетија Оперативниот Штаб во МВР во рамки на ОА „Претседателски и парламентарни избори 2024”, на кој присуствуваа и претставници на Амбасадата на Соединетите Американски Држави, ОБСЕ и ОДИХР.
Во оваа прилика Бојмацалиев ги поздрави гостите од САД, ОБСЕ и ОДИХР и уште еднаш потенцираше дека на колегите во Оперативниот Штаб им посочил да се работи исклучиво согласно законските норми и прописи, а со цел гарантирање на безбедноста на фер, слободни и демократски избори, впрочем како што се работело и досега од 2017 година навака, без забелешки за изборниот процес.
Притоа, Бојмацалиев беше брифиран за текот на изборниот процес, за активностите и мерките кои ги презема МВР во делокругот на своите надлежности.
„Бев информиран дека гласањето не беше започнато на неколку места во предвиденото вре,е, а на неколку е почнато со задоцнување или прекинато, на различни подрачја, сите поради технички проблем со читачот на отпечаток на прст. На подрачје на СВР Скопје во врска со пријава за испукана димна бомба, од страна на тим на антитероризам извршена е проверка, подигната е направата и објектот е предаден на Претседателот на Избирачки одбор. На подрачје на СВР Куманово регистрирани се два настани и тоа пријава за организирано носење на гласање на стари лица и поставен штаб во близина на гласачко место. За време на предизборниот молк, во периодот од 06,00 до 07,00 часот, регистрирани се три настани на подрачје на СВР Скопје за испишани графити”, информираше Бојмацалиев.
Македонија
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
Полицијата во Охрид го приведе А. И. (48) затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.
Македонија
ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери
Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на Јавното обвинителство за следење евентуални кривични дела поврзани со изборите, извести дека се издадени наредби за увид во службената документација на Јавното претпријатие „Комуналец“ во Делчево.
„Во текот на вчерашниот ден во Основното јавно обвинителство Делчево е заведен предмет по барање на Министерството за внатрешни работи за кој се побрани наредби за вршење увид во службената документација на Јавното претпријатие ’Комуналец’, со цел да се проверат наводите за евентуално сторено кривично дело поткуп при избори и гласање. Се работи за наводно поставување водомери во поголем број населени места во таа општина. Дадена е наредба за проверка на службената документација во претпријатието. Доколку се утврди дека има елементи за сторено кривично дело поткуп при избори и гласање, предметот ќе се процесира понатака“, рече обвинителот Бајрами.
Во Основното јавно обвинителство Радовиш денес е пријавено дека во село Бучим еден од гласачите наводно го покажал гласачкото ливче кон еден од набљудувачите од една политичка партија. И за овој настан обвинителот Бајрами рече дека се дадени насоки за проверка на наводите и доколку постојат елементи за сторено кривично дело, и овој предмет ќе се процесира.
Обвинителот Бајрами рече дека од аспект на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денешниот изборен ден се одвива без поголеми нарушувања и нерегуларности.