Македонија
(Видео) Јанчева: Кавгата за пари во Скопје го покажа вистинското лице Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ
Кавгите во Градот Скопје, за пари, бизнис интереси и тендер вреден 136 милиони евра е на директна штета на граѓаните и го покажува вистинското лице на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Како што е објасни и самиот Мицкоски, или шпицен градоначалник како што го нарекуваат неговите, за нив политиката е само личниот интерес а не интересот на скопјани, изјави на денешната прес-конференција, Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Совет на Град Скопје.
Јанчева додаде дека Град Скопје една година стои во место. Клучните проекти за граѓаните се закочени, очигледно заради бизнис интереси на структури во ВМРО-ДПМНЕ. Кавгите меѓу Мицкоски и Арсовска не ги интересираат скопјани очекуваат работа и реалзација на проектите.
Токму Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја поддржаа кандидатурата на Арсовска, ѝ ги собраа потребните потписи и заедно ја бараа довербата од скопјани. Мицкоски дури и јавно кажа дека заедно со Арсовска преговараат со компании за набавка на 100 електрични автобуси.
По мега криминалниот проект Скопје 2014, главниот град се соочува со нова катастрофа наречена Скопје 2024. Но СДСМ заедно со граѓаните тоа нема да го дозволи, рече Јанчева.
Во Советот на Град Скопје продолжуваме да функционираме како опозиција, како гласен коректив на работата на градоначалникот и градската администрација. Продолжуваме да ги застапуваме интересите на граѓаните и да предлагаме решенија и да се бориме за нивните потреби и барања, изјави Јанчева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Манолева: По 43 години, болницата во Отешево доби комплетно нов лик, современи услови за третман и медицинска опрема
Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања ОТЕШЕВО. Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 милиони денари.
„Со имплементацијата на овој проект подобрени се болнички услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел како донација од Луксембург, а собите се наместени со нов инвентар. Сите амбуланти, лабораторија, дневна соба, ехо кабинет, соба за спирометрија и алерго тестови се позиционирани во реновираниот објект. Како што можевме да видиме од посетата амбулантите веќе функционираат во реновираните простории. Специјализираната болница Отешево нуди современи услови за третман на пациенти и достоинствени услови за работа на здравствените работници“, рече Манолева.
Болницата во Отешево опстојува повеќе од 43 години и ова е прво реновирање кадешто значително се унапредени болничките услови. Во изминатиот период, установата се зајакна и со два апарати за физикална медицина и рехабилитација во склоп на проектот во вредност од 270 илјади денари.
Македонија
Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара
Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, извести Обвинителството.
Како што велат од Обвинителството, предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.
Македонија
„Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија“, вели СДСМ
„Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола Груевски. За врме на посетата на Мицкоски на Гевгелија беа злоупотребени млади лица и ученици, исто како што правеше Груевски, кога се редеа деца за да го поздравуваат“, соопшти СДСМ.
„На ист начин вчера, под палка на локалната власт на ДПМНЕ во Гевгелија беа поставени ученици да му аплаудираат, овој пат на Мицкоски.
Мицкоски е ист како Груевски. Во ДПМНЕ нема никакви промени. Тоа се истите методи на ДПМНЕ и истите ликови.
Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски.
Граѓаните не забораваат како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното“, се наведува во соопштението на СДСМ.