Македонија
Вице Заев: По кој знае кој пат ВМРО-ДПМНЕ покажува колку се далеку од етиката
По кој знае кој пат ВМРО-ДПМНЕ покажува колку се далеку од етиката, професионалноста и моралот и како со невиден аматеризам го доуништиваат она што останало во нивните редови, реагира Вице Заев, на соопштението од ВМРО-ДПМНЕ во кое прашуваат дали Вице Заев, братот на Зоран Заев, е нарачателот на палењето на возила во Скопје?
„ВМРО-ДПМНЕ, ги повикувам, ако не е лага тоа што го тврдат, тогаш веднаш, се што имат како доказ или сомнеж да го однесат и пријават во обвинителството и во сите надлежни институции и слободно да го објават јавно. И јас сум подготвен да одговарам. Но ако немаат ништо од тоа, како и што сум сигурен дека немаат, тогаш еднаш засекогаш треба да се стави крај на импровизациите во политиката, етикетите, подлите лаги и напади и омрзата која ја внесуваат со години наназад. Партиската говорница не смее и не може да биде заштита за секојдневните лаги и шпекулации затоа секој ќе мора да го докаже тоа што го тврди на суд.
Прашалната форма „дали“ воопшто не гарантира амнестија за изнесените лаги, и само е уште еден доказ за лагите и етикетите, безидејноста и омразата“, се наведува во писмената реакција.
Јас Вице Заев, додава тој, не сум јавна личност, сум избрал да водам приватен живот, далеку од очите на јавноста и од политиката во која упорно сакаат да ме инволвираат.
„Ниту одлучувам, ниту можам да одлучувам за нешто. И сега и во иднина, за секоја ваква лага ќе мора се секој да се појави пред суд, да го докаже тоа шшто го тврди во јавноста или да ја надомести големата штета што ми се нанесува“, вели Вице Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.