Македонија
Вкупно 22 починати и 718 нови случаи на Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.044 теста, а регистрирани се 718 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 505, Битола – 30, Куманово – 29, Прилеп – 26, Кавадарци – 23, Гевгелија – 14, Велес – 10, Гостивар и Струмица по 8, Тетово – 7, Штип, Кичево и Делчево по 6, Неготино и Ресен по 5, Струга, Богданци и Демир Хисар по 4, Свети Николе и Радовиш по 3, Охрид, Крива Паланка и Дебар по 2 и по еден заразен од Кочани, Валандово, Пробиштип, Кратово, Крушево и Македонска Каменица.
Од вкупниот број позитивни (718), регистрирани се 95 реинфекции.
Во текот на изминатото деноноќие пријавени се 14 смртни случаи: три од Скопје (68, 83 и 84 години), двајца починати од Охрид (80 и 84 години) и по едно починато лице од Битола (90), Делчево (80), Демир Капија (87), Кавадарци (70), Кратово (58), Крива Паланка (73), Неготино (79), Прилеп (69) и од Радовиш (63). Сите пријавени се починати во болнички услови.
Во согласност со регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, регистрирани се и осум смртни случаи во периодот од 12 до 22 јануари. Од овие случаи, тројца починати се од Скопје и по едно починато лице од Г,остивар, Дебар, Кавадарци, Кичево и од Тетово на возраст од 54 до 80 години. Од пријавените лица три се починати во домашни, а пет во болнички услови.
Од вкупниот број починати лица (22), девет лица се целосно вакцинирани, а кај 18 се регистрирани коморбидитети.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани сe 1.244 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 612, Битола – 105, Прилеп – 104, Куманово – 47, Тетово – 34, Кавадарци – 33, Велес – 30, Струмица и Штип по 28, Валандово – 26, Гостивар – 22, Гевгелија, Кичево, Ресен, Радовиш и Кочани по 18, Неготино – 15, Богданци – 9, Свети Николе – 8, Крушево и Берово по 7, Кратово, Македонска Каменица, Македински Брод и Пехчево по 5, Делчево, Демир Хисар и Пробиштип по 4, Дебар и Виница по 2, и по еден оздравен од Струга, Охрид и Дојран.
Направените 3.044 теста се преку: ИЈЗ – 158, ЦЈЗ Скопје – 45, ЦЈЗ Куманово – 9, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 148, „Авицена“ – 116, „Биотек“ – 224, „Систина“ – 107, „Плодност“ – 26, „Никоб лаб“ – 487, „ВФВ медикал“ – 66, „Ели медика“ – 41, „Рапид лаб“ – 30, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.587.
Досега во земјата се направени вкупно 1.749.733 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 256.996, бројот на оздравени пациенти е 228.736, на починати е 8.240, а бројот на активни случаи изнесува 20.020.
Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 116.418, Активни 11.012
Куманово 14.332, Активни 726
Прилеп 12.388, Активни 785
Битола 12.036, Активни 1.542
Тетово 12.018, Активни 457
Гостивар 8.548, Активни 302
Кавадарци 8.395, Активни 548
Велес 8.130, Активни 363
Охрид 7.709, Активни 640
Штип 7.342, Активни 317
Струмица 6.940, Активни 477
Кичево 4.783, Активни 275
Кочани 4.473, Активни 210
Струга 4.253, Активни 243
Гевгелија 3.523, Активни 357
Неготино 2.971, Активни 200
Свети Николе 2.335, Активни 112
Ресен 2.232, Активни 217
Крива Паланка 2.138, Активни 130
Радовиш 2.119, Активни 163
Делчево 1.686, Активни 151
Берово 1.605, Активни 86
Дебар 1.490, Активни 20
Валандово 1.270, Активни 136
Виница 1.248, Активни 43
Пробиштип 1.235, Активни 42
Кратово 860, Активни 56
Богданци 806, Активни 70
Крушево 802, Активни 136
Демир Хисар 747, Активни 70
Македонски Брод 611, Активни 34
Македонска Каменица 481, Активни 41
Демир Капија 467, Активни 21
Пехчево 404, Активни 25
Дојран 201, Активни 13
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ковачевски: Треба да одлучиме дали ќе чекориме по патот кон ЕУ, или ќе се вратиме назад во изолација и неизвесност
СДСМ е опција која носи надеж, обезбедува подобар и подостоинствен живот за сите, опција која не е откажува од европскиот пат, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, на вечерашното отворање на промотивниот штаб на СДСМ, во Куманово.
„Ние треба да одлучиме дали ќе чекориме по патот кон Европската Унија во која ќе биде подобро за сите или ќе се вратиме назад во изолација и неизвесност. Тоа ќе биде одлуката на претстојните избори, помеѓу „надеж со СДСМ“ и „безнадежност со ВМРО-ДПМНЕ“, помеѓу „просперитетна иднина со СДСМ“ и „враќање во темното минато со ДПМНЕ“. СДСМ е единствената партија која ја постави и која работи да се исполни визијата за европска иднина на нашата земја. Ние во СДСМ имаме јасна визија за иднината. Затоа јасно и гласно кажуваме одиме напред кон Европа, нема откажување од иднината. СДСМ ги исполнува ветувањата и даваме сѐ од себе да ги исполниме и очекувањата на граѓаните“, потенцираше Ковачевски.
Порача дека СДСМ ќе извојува победа и на претстојните претседателски и парламентарни избори, а победата ќе биде очигледна и во Куманово.
„Јас знам дека и овој пат ќе издвојуваме голема заедничка победа и ќе им покажеме дека лаги и манипулации не поминуваат во Куманово. Градот што се крена прв против фашизмот во време не НОБ знае што значи да си на вистинската страна на историјата. Куманово знае што значи борба за подобра иднина. Куманово секогаш било бастион на социјалдемократијата. На последните парламентарни избори, пред четири години, СДСМ и коалицијата во Куманово освоија три и пол илјади гласови повеќе од ДПМНЕ“, нагласи Ковачевски додавајќи дека граѓаните ги поддржуваат големите партии како СДСМ затоа што знаат дека можат да ја однесат државата напред во иднината, а не да ја вратат назад во минатото.
Македонија
Ковачевски: Поголеми плати и пензии, СДСМ направи многу за подобар живот, но мораме повеќе
На вечерашното отворање на промотивниот штаб на СДСМ во Куманово, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, порача дека со СДСМ сигурна е иднината во ЕУ, поголеми плати и пензии за европски животен стандард.
Ковачевски потенцираше дека во изминатите седум години СДСМ направи многу за подобар и подостоинствен живот во нашата Македонија, се зголемија просечната и минималната плата, а паралелно растеа и пензиите.
„Минималната плата денес е над 370 евра, просечната плата е над 650 евра. Иако ветивме 500 евра. Пензиите се за 6.400 денари повисоки од тоа што беа во 2016 година. Невработеноста ја преполовивме и ќе продолжиме да отвораме нови работни места, да ги стимулираме на домашните и странските инвестиции, бидејќи тоа е единствениот начин да имаме посилна, поконкурентна економија“, рече Ковачевски.
Во своето обраќање, Ковачевски порача дека СДСМ може и мора да направи повеќе и подобро за сите, и тоа ќе се исполни преку новата програма која обезбедува подобар животен стандард и економски раст.
Говорејќи за новата програма на СДСМ, Ковачевски посочи дека поддршката за компаниите ќе биде најмалку 50% повисока од сегашните рекордни 100 милиони евра и до 2028 година ќе се зголеми на 150 милиони евраа, земјоделците ќе може да сметаат на нови, зголемени 750 милиони евра субвенции.
Македонија
Ковачевски: Мицкоски само ќе продолжи каде застана Груевски, ДПМНЕ не може да донесе промена
Мицкоски само ќе продолжи каде застана Груевски, ДПМНЕ не може да донесе никаква промена, рече вечерва во Куманово претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќање при отворање на промотивен штаб на партијата.
-Никој од нас не заборавил како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното. Мицкоски, само ќе продолжи таму каде што неговиот ментор застана, ќе продолжи да копа до ново дно, ќе нѐ закопа и ќе не заглави, само за своја лична цел. ДПМНЕ не ги интересира иднината на државата и граѓаните. Погледнете ги само нивните носители на листи и тоа ќе ви каже сè. Сакаат на голема врата да ги вратат поданиците на Никола Груевски. Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата партија која не може да донесе никаква промена. Па има ли поголем доказ за тоа од целосното потфрлање на нивните градоначалници. Видете што се случува во Скопје, и ништо друго не ви треба. Мавтаа со програми пред локалните избори, а ништо не реализираа, рече Ковачевски.
Кога ќе ги прашате која е нивната визија и алтернатива за Македонија – тие нити знаат, нити кажуваат, нити имаат план, додаде тој.
-Тие нема да мрднат ни милиметар кон Европската Унија, и кога нема да има никаков прогрес, не само што нема да си ја признаат грешката, не само што нема да кажат дека лажеле, тие исто како Груевски ќе ги обвинуваат сите други, и ќе ја обвинуваат Европската Унија. Сите ќе им бидат виновни, освен тие самите! Тие едноставно сакаат да се вратиме во минатото, да ја закопаме иднината и да ја уништиме надежта за подобро утре, потенцираше Ковачевски.