Контакт

Македонија

Владата ги повика граѓанските организации да ги мониторираат јавните набавки

Објавено пред

Владата го повикува граѓанскиот сектор во мониторирање на процедурите за јавни набавки со цел тие да бидат целосно заштитени од можности за злоупотреби. На прес-конференција во Владата, министерот без ресор задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност, Роберт Поповски, министерот за здравство, Венко Филипче, заедно со директорите на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) при Владата и „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ), Пеце Мирчески и Драган Миновски, ги повикаа граѓанските организации да се вклучат во мониторингот на јавните набавки.

dobivaj vesti na viber

„Во оваа една година на Владата, за разлика од огромната нетранспарентност и злоупотреби на претходната власт во оваа сфера, со концептот „Отворена Влада“ се отворивме целосно кон граѓаните, имаме политика на максимална транспарентност и отчетност, ги објавуваме сите документи на интернет за да се отстранат какви било сомнежи како се спроведуваат постапките и процедурите“, истакна министерот Поповски, кој исто така рече дека борбата против корупцијата е врвен приоритет на Владата не само за напредокот во евроинтеграциите туку и воопшто за унапредување на одговорното и демократско владеење и подигнување на квалитетот на животот во земјата за сите граѓани.

Поповски истакна дека целта на Владата е процедурите за јавни набавки да бидат целосно заштитени од можностите од злоупотреби и со јавна контрола да се заштитат парите на граѓаните објаснувајќи дека граѓанските организации ќе имаат можност да се вклучат во процесот од самиот почеток и во сите фази на одлучување и спроведување на постапката за јавна набавка до склучување на договорот со избраните понудувачи.

„Затоа, денеска, од овде апелирам до сите граѓански организации во Република Македонија да ја поддржат оваа наша заедничка акција. Да се вклучат со своите капацитети за да добиеме поуспешен и посеопфатен процес. Нема поважно нешто од правилното искористување на буџетот и парите на граѓаните доколку сакаме Македонија да се развива и да оди напред. Нашите вредни граѓани го заслужуваат тоа и ништо помалку!“, рече Поповски додавајќи дека трите институции, Министерството за здравство, СОЗР и ЕЛЕМ, веќе имале контакти со граѓански организации.

Поповски посебно истакна дека целта на Владата е овој процес да ги опфати и сите други институции за кои граѓанскиот сектор што има познавања и експертиза за оваа област ќе покаже интерес. Министерот за здравство, Венко Филипче, истакна дека во насока на рационалност, ефикасност и транспарентност во спроведувањето на јавните набавки и ова Министерство ги отвора вратите на граѓанските и невладините организации за целосен увид во тендерските постапки. Тој информира дека во следниот период ќе следува соработка со стручни лица од граѓанскиот сектор, кои ќе извршат анализа на ризиците од корупција во јавните набавки во Министерството.

„Со увид на ризик-факторите при процесот на јавните набавки, ќе се намали и ризикот од судир на интереси. Целта е навремено согледување на ризиците и судирот на интереси во насока на спречување на непотизам и блиски релации со компании и пријатели“, рече министерот Филипче додавајќи дека се прават анализи за промени во постапките, процена на потребните количини лекови за да се намали потребата од интервентен увоз, како и за начини на штедење неколку милиони евра на граѓаните и создавање подобри услови за пациентите со систем на централна набавка на реагенси.

Директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски, посочи дека како најголема компанија во државна сопственост и еден од најзначајните столбови во економијата, фирмата е должна да биде отчетна и транспарентна во поглед на трошењето за потребите на компанијата и за производствениот процес на електрична енергија, што се поклопува со владините политики на максимална отвореност за информации во врска со тендерските постапки и набавките кон невладините организации, медиумите, но и кон сите што би побарале увид по кој било основ.
Миновски информира дека со група невладини организации што ги следат јавните набавки имале состанок на кој е изразена подготвеност за максимална отвореност. Истовремено, тој оцени дека во процесот е потребно партнерство, доверливост и неизнесување на податоците на трети страни до крајот на постапката, со цел да не ѝ се наштети на конкурентноста во неа.

„Нашата основна цел е да имаме фер, чесен и конкурентен процес на јавни набавки, преку кој би обезбедиле што поквалитетна услуга или производи потребни за нашето функционирање и нашиот производствен процес за што поповолна цена и услови“, потенцира Миновски.
„Службата за општи и заеднички работи при Владата на Република Македонија е силно посветена да постави стандарди за отвореност, транспарентност и отчетност во своето работење. Како во изминатата година, така и во иднина сите јавни набавки што ги прави службата ќе се реализираат со строго почитување на законските процедури, водени од начелата на транспарентност и отчетност. Со тоа ја елиминираме можноста за мито и корупција, како и за местење тендери, што било одлика во некое претходно време“, рече директорот на СОЗР, Пеце Мирчевски.

Нагласувајќи дека во иднина во постапките нема да има практики на провизии и приоритетни доставувачи, Мирчевски рече: „За да докажеме дека овие наши заложби се искрени, првпат ги отвораме вратите и ги покануваме граѓаните преку граѓанските организации да вршат мониторинг на сите јавни набавки што ги спроведува Службата за општи и заеднички работи. Само така граѓаните ќе може да се уверат дека работиме одговорно и посветено штитејќи ги јавниот интерес и парите на граѓаните“.

Македонија

Ибраимоски и Глигорова: „СТОП за исвршителите, брзите кредити и должничкото ропство“ е еден од главните постулати на програмата „Храбро за Македонија“

Објавено пред

Носителот на пратеничката листа на коалицијата „Храбро за Македонија“ во изборната единица пет, Самка Ибраимоски, денеска заедно со активистката и кандидатка за пратеничка Ана Глигорова ја посетија Битола каде се потпишуваше петицијата „СТОП за извршителите и брзите кредити“.

dobivaj vesti na viber

Воедно, Ибраимоски и Глигорова нагласија дека оваа борба за правда, за враќање на извршителите кадешто им е местото и ослободување на народот од должничко ропство е еден од главните приоритети на предизборната програма на коалицијата „Храбро за Македонија“.

– Денеска бевме во Битола, на средба со граѓани. Имавме петиција за „СТОП на извршителите“ и стоп за кеш кредити, успешна петиција. Суштината на нашата кампања во изборна единица пет, ќе биде токму оваа агенда: „СТОП за извршители и СТОП за брзи кредити“. – нагласи Глигорова.

– Ме радува што сите граѓани ја прифатија нашата иницијатива и се потпишаа многу луѓе и тоа е добро, што народот почна поинаку да размислува за разлика од претходно. И очекувам дека и во другите градови, како што се Ресен, Охрид, Струга, Демир Хисар и другите околни места, ќе ни ја дадат поддршката за парламентарните избори, истакна претседателот на ПЦЕР и носител на пратеничката листа, Самка Ибраимоски.

Прикажи повеќе...

Скопје

Арсовска изврши увид во завршните градежни работи на реконструкција на водоводната мрежа на улицата Антон Попов

Објавено пред

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со претставници од Секторот за планирање и уредување при Град Скопје и скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“ извршија увид во завршните градежни работи на реконструкција на водоводната мрежа на улицата Антон Попов во општината Гази Баба.

dobivaj vesti na viber

Со изведбата на водоводните приклучоци на овој потег кои се поврзуваат со постојната водоводна мрежа со профил од 150 милиметри, се решава повеќедеценискиот проблем на жителите со честите прекини во водоснабдувањето поради застареноста на системот, а се решаваат загубите на вода и трошоци за поправките на дефектите на водоводната мрежа, велат од Град Скопје.

Изведбата на овој проект претставува дел од програмата на градоначалничката Данела Арсовска за обновување на градската мрежа, во децениски заборавените населени места, што претставуваше и долгогодишно барање на жителите од тој дел на градот, се додава во соопштението на Град Скопје.

Прикажи повеќе...

Скопје

Скопје викендов со изменет режим на сообраќај поради одржување на предизборни митинзи

Објавено пред

Поради одржување митинг од изборната кампања за претседателските избори 2024 година на 21 април (недела) во 13.00 часот пред седиштето на Европската унија на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на оваа улица почнувајќи од 19:00 часот на 20 април (сабота) до 21.00 часот на 21 април (недела), соопштуваат од МВР.

dobivaj vesti na viber

Притоа, за сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосница со булевар „Кочо Рацин“ до крстосница со булевар „Св. Климент Охридски“.

Исто така, на 21 април во 20.00 часот на плоштад „Македонија“ во Скопје ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори 2024 година.

Од тие причини, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.

За таа цел, МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија6 часа

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија8 часа

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет8 часа

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет9 часа

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија9 часа

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија9 часа

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет9 часа

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет10 часа

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет10 часа

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија19 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија19 часа

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија19 часа

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија21 час

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...

Македонија1 ден

Министерството за здравство за приватните специјализанти: Решение ќе има после изборите

„Министерството за здравство секогаш се залага за подобрување на условите за работа на здравствените работници и соработници, кои меѓу нив...

Македонија1 ден

Наместо покачена 12 отсто, вработените во културата не добија никаква плата, од утре излегуваат на протести

Доколку до крајот на денот не им биде исплатена платата за март на 3.000 вработени во културата, од утре тие...

Македонија1 ден

Сексизам, дискриминација, навреди и говор на омраза од Пендаровски и лица вклучени во неговата кампања: Силјановска-Давкова со нова претставка

Гордана Силјановска-Давкова денеска поднесе нова претставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ – Организација за безбедност...

Македонија1 ден

ДУИ симулира седница на која Бугарите влегоа во Уставот, Села е претседател на Собранието, а Османи на државата

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција симулираше конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се...

Македонија1 ден

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Свет1 ден

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...