Македонија
Владата на онлајн-седница ќе ја преиспита одлуката за влез без ПЦР-тест
Владата денеска треба да одржи онлајн-седница, на која се очекува да ги усвои новите мерки предложени од Комисијата за заразни болести за да се спречи ширење на заразата поради големиот број инфицирани од коронавирусот.
Предложено е да се забрани групирање во домовите на семејни прослави, со тоа што во едно живеалиште ќе може да се примат до четири лица. Нема да биде дозволено групирање повеќе од четворица на јавни простори по 22 часот, а заштитна маска или прекривка на носот и устата, освен во затворени простори, јавен објект, работно место, превозно средство, ќе треба задолжително да се носи и при престој на отворено.
Исклучок од носењето заштитни маски е предложено за деца до шест години, за лица што спортуваат, при транспорт на членови од едно семејство во приватно возило, при седење во уготителските објекти со почитување на протоколите и во службени простории ако е лицето само во просторијата.
Владата на некоја од претстојните седници исто така треба да ја ревидира одлуката што ја донесе минатиот вторник за влез на државјани од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и од Косово во нашата земја без ПЦР-тест откога три од овие земји ја повлекоа од своја страна одлуката што беше регионална иницијатива по принцип на реципроцитет.
Поради високиот број заразени во регионот, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина завчера на полноќ ја суспендираа одлуката што и не почна да важи, така што останува обврската за приложување негативен ПЦР-тест не постар од 48 часа кога се патува во тие држави. За македонските државјани, влез без медицинска потврда засега е дозволен само во Косово, Албанија и во Турција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата
Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов по првиот круг од претседателските избори.
„Затоа е потребна општа мобилизација за уште посилна победа на коалицијата “Твоја Македонија” предводена од ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните ги отпишаа СДСМ, да запнеме сите заедно да ги отпишеме и ДУИ. Овојпат ДУИ мора да падне! Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата!“, порача Анеглов.
Ангелов пред еден месец соопшти дека неговата партија излегува од коалицијата предводена од СДСМ.
Тој со години се залагаше воените инвалиди и семејства на загинатите бранители да бидат обештетени, но немаше слух од своите коалициони партнери. Како што самиот рече, добивал поддршка од премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, но поради противењето на ДУИ тоа не се случило.
Македонија
Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи
Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските избори освои само 8.103 гласа, односно 0,90 %. Тоа е помалку од бројот на собрани потписи за претседателската кандидатура зад која му се потпишаа 10.000 граѓани.
Јакимовски во неговата општина освои 2.143 гласа, а во родната Крива Паланка за Јакимовски гласале 182 граѓани.
Тој вчеравечер призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Силјановска-Давкова. Додаде дека не е задоволен од изборниот резултат.
Поразот на Јакимовски вчера беше главна тема на социјалните мрежи.
Стевчо Јакимовски ни комшиите не го гласале. Пошо да го гласаа ќе тепаше у прв круг.
— Ракун (@HumoroidM) April 24, 2024
Стевчо има повеќе квадрати во една општина свои отколку гласови
— БУГАРСКИ ПАСОШ🇲🇰 (@NemamBgPasos) April 24, 2024
И доктортот Нико Беќаровски за него објави хумористичен статус.
„Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“, напиша тој на „Фејсбук“.
Стевчо Јакимовски во првиот круг заврши последен по бројот на гласови на претседателските избори.
Македонија
Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро
На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија.
Тој соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, а беше познат и како крал на местенките во фудбалот.
Соработуваше со големи музички ѕвезди, како Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгоевиќ, „Бјело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена.
Своевремено има изјавено дека организирал 5.000 концерти и многубројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер.