Македонија
Власта и опозицијата без договор за СЈО
Без договор помина и денешниот состанок на работните групи на власта и опозицијата за Законот за јавното обвинителство, со кој треба да се реши идниот статус на СЈО.
И двете страни не отстапуваат од своите ставови. Опозицијата се спротивставува на тоа специјалната јавна обвинителка Катица Јанева да продолжи да ја води оваа институција. Неформален рок за договор е крајот на месецов. Законите што ги договараат власта и опозицијата се важни за зголемување на шансите за добивање датум за преговори со Европската Унија во јуни.
Еден од условите за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ во јуни е токму овој реформски закон за Јавното обвинителство. За негово изгласување потребно е двотретинско мнозинство во парламентот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Потпишани барања за екстрадиции на Шеваљ Муареми и Мухамед Чајани
Министерот за правда Кренар Лога ги потпиша барањата за екстрадиција на Шеваљ Муареми и Мухамед Чајани.
Барањата откако ќе бидат преведени, како што појаснуваат од Министерството за правда, ќе бидат проследени до МНР на натамошно постапување до Обединетите Арапски Емирати.
МВР распиша меѓународна потерница која беше објавена и на веб страницата на инистерството по Шеваљ Муареми, за кој постојат сомненија дека бил дел од меѓународна организирана криминална група осомничена за повеќе кривични дела.
Кривични пријави во јануари годинава, беа поднесени против 16 лица кои се сомничат за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, убиства и обиди за убиства.
Сите биле членови на меѓународна организирана криминална група, која ја предводел Муареми од село Грчец.
Македонија
Стоилковски: Непотизам во Охрид, роднината на Зечевиќ главен кадровик на СДС во општината
Продолжувам со мрежата на СДС за корупција, непотизам, протекционизам, кронизам во Охрид, каде што Миле Зечевиќ, генералниот секретар на СДС, ја поставува Кристина Крлеска-Деспотоска за главна во ОО. Роднинските врски ѝ биле единствен критериум за ова место, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Зечевиќ можеби верува само во тесни роднински врски, па да почнам.
1. Кристина Крлеска-Деспотоска со таа роднинска моќ, по 4 години директор во ЈП „Пазар“, по смена на локалната власт, е преместена на функцијата директор на Централниот регистар во Охрид, но веќе е поведена истрага од надлежните институции поради сомнеж за фалсификувани документи;
2. Поради семејните врски со Зечевиќ, сопругот Климе Деспотоски станува близок оперативец на Зечевиќ. И од тоа има ќар. Климе и Кристина имаат печатница Коста Абраш. Додека Кристина сопругата е директор на ЈП на Општина Охрид, нивната фирма од 2017 до 2021 има договори со општински ЈП (Водовод, Комуналец, Нискоградба) во вредност од 8.453.000 денари.
3. Мрежата на Зечевиќ преку роднините Климе и Кристина потоа се шири. Ремзи Курто со доаѓањето на Кристина на чело на СДС Охрид е унапреден во виш инспектор во охридската полиција, главен за резервниот состав и близок на Климе. Тој прима 19 резервисти пред два месеци, иако дел од нив не биле дел од составот, ниту пак се знае како е дојдено до нивно ангажирање. Со својата блискост, и пријателствување со Кристина и Климе, сопругата на Ремзи, Сервет, лани е унапредена во Пазарен инспекторат. Одам понатаму.
4. Милчо Јованоски, партиски пишувач на соопштенијата и текстовите за Кристина и СДС Охрид. Како заслуга, СДС го наградува со две директорски места во исто време. Тој директор на библиотеката Прличев, жена му Гордана директорка на ЈП Билјанини извори.
5. Блискиот пријател на Кристина и Климе и оперативец на Зечевиќ, Ванчо Костоски, соработник на СДС, советник во општина Охрид и претседател на ВМРО НП. Како Директор на ЈП Гробишта Охрид 2017-2021 има три кривични пријави. Како награда, лани, сопругата на Ванчо, Виолета Костоска е вработена во историскиот Архив.
Наградата за оперативната мрежа на СДС преку Зечевиќ и неговата роднина Кристина има цел кластер во МВР. И за таа работа и посветеност кон Зечевиќ цели семејства се вработувани.
Оперативци на Зечевиќ и блиски на Кристина во с. Свињиште, Охрид
6. Сашо Смилески, до пред година и пол началник на СВР Охрид, сега помошник директор во БЈБ; Оддел за гранични работи и миграции.
Неговата сопруга Наташа Смилеска , помошник раководител на сектор во општина Охрид
Негов оперативец е Оливер Неделкоски, вработен како Сектор за внатрешна контрола, претходно командир на сообраќајна полиција
-Билјана Неделкоска -сопруга на Оливер Неделкоски е началник на ОКП во СВР Охрид.
– Прв братучед, роднина на Билјана Неделкоска, Трајче Ристески – помошник командир на полициска станица за Сообраќај.
И оттука се селам на кластер СДС МВР Вевчани
7. Тука Сашо Јанкоски, екс градоначалник од СДС Вевчани, сега е началник на стопански криминал Охрид, тој е прв оперативец на Миле Зечевиќ во регионот и близок соработник на братучетка Кристина“, вели Стоилковски и додава:
„За благодарница сопругата му Кети Јанкоска е поставена за директор на средното училиште Нико Нестор во Струга. Внукот Стојан Галичариски е вработен во Здравствниот дом во Вевчани.
А внуката Бонета Галичароска, по негови стапки, е вработена на последниот оглас во МВР“
Според него, за сите овие да имаат послушност кон Миле Зечевиќ е задолжена неговата братучетка Кристина Крлеска-Деспотоска.
„Ваквите мрежи на непотизам, кронизам и протекционизам ја уништија Македонија, ги уништија јавните претпријатија, а МВР го претворија во послушници и одработувачи на СДС наместо за граѓаните и државата. Никогаш не било полошо. Време е за промени, време е, наместо хаосот, да завладее ред“, завршува Стоилковски.
Македонија
Лефков: Пендаровски лажеше дека нема видено француски предлог за потоа да каже дека тој го пишувал во Скопје
„Стево Пендаровски лажеше дека нема видено француски предлог, се одрекуваше и негира за само по неколку месеци да признае дека францускиот предлог е, всушност, изработен од него“, вели Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Стево Пендаровски е политичар без став. Нема изјава што Пендаровски сам не си ја негирал. Со Стево Пендаровски граѓаните не знаат на што се ниту, пак, кога ја говори вистината. Граѓаните уште не знаат дали Пендаровски нема видено француски предлог или тој, всушност, го пишувал“, вели Лефков.
Според него, Пендаровски, конфузниот и манипулатор, е политичар што не мисли за Македонија, туку на својот личен рејтинг.
„Изјавите ги дава како е опортуно за неговиот личен рејтинг во одреден момент. Едно е јасно, Пендаровски заедно со СДС е извор на сите проблеми што Македонија ги имаше изминатите години. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме“, завршува Лефков.