Контакт

Македонија

Влатко Стефановски и Теодосиј Спасов на Деновите на Свети Кирил во Рим

Објавено пред

Вчера во Палата Брачи на Музејот во Рим, во рамки на програмата на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, се одржа заедничка културно – уметничка програма од страна на Mинистерствата за култура на Република Македонија  и Република Бугарија, на која настапија музичките уметници со светско реноме, Влатко Стефановски и Теодосиј Спасов.

dobivaj vesti na viber

На настанот, на кој присуствуваа и министерот за култура на Република Бугарија, Боил Банов, митрополитите на МПЦ Пимен, Јосиф,  бискупот Зоран Стојанов и други видни гости, пред присутните се обрати министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски, кој го истакна неговото задоволство што со автентичниот концерт на добрите пријатели и светски музичари Влатко Стефановски и Теодoсиј Спасов, го празнуваме Денот на сесловенските просветители  Св.Кирил и Методиј и на тој начин се поклонуваме пред нивното грандиозно дело.

„Нашата земја, речиси пет децении преку манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил” е дел од  глобалното одбележување на неуморната работа на словенските просветители, кои преку својата мисија го поврзаа Истокот и Западот и оставија богато духовно наследство за човештвото. Годинава, задоволството на традиционалното празнување во Рим за нашата земја е уште поголемо, зашто го одбележуваме овој ден заедно со нашите пријатели од Република Бугарија, на највисоко институционално ниво. И низ ова заедничко чествување, ја демонстрираме нашата недвосмислена определба за унапредување на добрососедските односи, продлабочување и интензивирање на соработката во културата и во сите други области. Верувам дека владите на двете пријателски земји ќе продолжат заеднички се залагаат за прогресивни општествени процеси кои ќе обезбедат рамноправни европски перспективи за целиот регион“, нагласи Алаѓозовски.

Тој изрази убедување дека и покрај предизвиците во регионот, како и глобалната политичка слика која станува се посложена и претставува предизвик за целото човештво, Македонија и Бугарија, нашите народи, нашите уметници и културни работници, во духот на заедничките светли традиции и богатото културно наследство, ќе бидат достојни на овие предизвици и ќе работат  посветено на градење на поубава, заедничка иднина и просперитет за сите наши граѓани, во Европа од 21 век.

„Манифестацијата за одбележување на Денот на Св. Кирил, токму во Рим, е уште една потврда дека културната и религиската разноликост се вистинско богатство и предност на секоја земја.Тие се извор на голем креативен потенцијал и мост на меѓусебно разбирање и почитување. Затоа, нашите напори се и ќе бидат насочени кон воспоставување на вистински културен дијалог, во нашата земја, во регионот а и пошироко, преку кој ќе го сочуваме мирот и стабилноста, ќе ги  следиме највисоките идеали на современиот свет и ќе ја испратиме пораката  дека Македонија ѝ припаѓа на модерна Европа и е нераскинлив дел од европското семејство“, рече Алаѓозовски.

Според македонскиот министер за култура, Владата и Министерството продолжуваат со политиките на поддршка, заштита и негување на непроценливото културно и духовно наследство што го имаме, како и со поддршка на високите вредности во уметноста и нивна афирмација во светот. Културата не познава граници, рече Алаѓозовски, токму затоа што големите и вистински уметници во практика ги применуваат политиките за културен дијалог и зближување меѓу народите, претворајќи се себеси и нивните дела во мостови за меѓусебно разбирање и комуницирање и платформи за изградба на нови, заеднички културни и естетски вредности.

„Вечерва, во духовното средиште на светската култура и цивилизација, пред нас ги имаме виртуозите Стефановски-Спасов, кои посветија голем дел од нивното творештво градејќи такви мостови на соработка, врвни артисти кои постојано ја истражуваат, ја надополнуваат и ја збогатуваат музичката традиција на двете земји, создавајќи нова богата музичка слика која во светот го проектира духовното богатство на регионот“, истакна Алаѓозовски.

Инаку, во текот на вчерашниот ден, македонската делегација предводена од Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, оствари средба со Папата Франциск и со државниот секретар Пјетро Паролин, во Светата Столица во Рим. На средбата Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев и Папата Франциск разговараа за длабоко вкоренетата традиција на меѓурелигиска толеранција, почитување на разни верски убедувања и негување на верските слободи во Република Македонија. Посебно внимание во разговорот со Папата Франциск Премиерот Заев, посвети на градењето и негувањето на темелна определба на Република Македонија – Едно општество за сите.

Ден претходно, владини делегации на Македонија и Бугарија, предводени од премиерите Заев и Борисов учествуваа на молебенот и на церемонијата на полагање на венец на гробот на Св. Кирил во Базиликата Сан Клементе во Рим. Со црковната служба на македонската православна црква, молебен во чест на Свети Кирил, началствуваше Митрополит Европски Пимен, во сослужение со Митрополит Кумановски и осоговски Јосиф, и Митрополит Тетовски и гостиварски Јосиф. Митрополитот Европски Пимен, после црковната служба одржа беседа за црковното дело на Свети Кирил и за неговиот брат Свети Методиј.

Македонија

Таткото на Вања од притвор ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Објавено пред

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа, укинат му е притворот и определена е мерка куќен притвор и мерка на претпазливост.

dobivaj vesti na viber

„Врховниот суд ја извести јавноста дека по одржаната јавна седница, Советот за казниви дела донесе Решение со кое жалбата на обвинетиот А. Ѓ., изјавена преку неговиот бранител Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, ја уважи, a решението на Апелационен суд Скопје КСЖ-320/24 од 02.04.2024 година, го преиначи на начин што определената мерка притвор против обвинетиот А.Ѓ. ја укина и за обвинетиот определи мерка куќен притвор и мерка на претпазливост“, велат од Врховниот суд.

Претходно денес, бранителот на осомничениот Ѓорчевски, адвокатот Владимир Туфегџиќ, на седницата рече дека решението со кое е продолжена мерката притвор е донесено без доволно образложенија во кои не се наведува ниту еден доказ со кој се докажува зошто овој човек би требало да остане во притвор. Дополни дека осомничениот не може да се даде во бегство затоа што важноста на патната исправа му истекла и дека тој активно учествува во истрагата.

Ѓорѓиевски истакна дека е обвинуван за некои работи кои и ден денес не ги разбира.

„Бев прикажувани екстремно спротивно од тоа што сум како родител и татко. Сакам и јас да знам што точно се случува затоа што и јас водев истрага, знам парченца од тие делови. Би сакал да го дочекам моментот кога ќе го дознам идентитетот на тие луѓе, сите се подеднакво криви“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Македонија

Висок функционер од НАТО се сретна со Џафери: „Вие сте ценета членка во Алијансата“

Објавено пред

Џафери – Лапсли: Северна Македонија е ценета членка на Алијансата која посветено ги развива одбранбените капацитети

dobivaj vesti na viber

Техничкиот премиер, Талат Џафери, вчера попладне се сретна со помошникот на генералниот секретар на НАТО за одбранбена политика и планирање, Ангус Лапсли во рамки на неговата посета на Скопје.

Џафери му посака срдечно добредојде на помошникот на генералниот секретар Лапсли, и воедно го потврди придонесот на Северна Македонија во НАТО, кој во континуитет се зацврстува. Достигнувањето на 2,05% од БДП во буџетот на одбраната, од кои 30% се за модернизација на Армијата, се силен индикатор за тој придонес.

Воедно, со учеството во колективната безбедност преку мултинационалните сили на Алијансата во Романија, во Бугарија и во Латвија, како и во мисијата на НАТО на Косово, КФОР, и во операцијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, АЛТЕА, земјата дополнително се позиционираше и како еден од столбовите на регионалната стабилност.

На средбата, двете делегации имаа можност да поразговараат за Самитот на НАТО во Вашингтон во духот на 75-годишнината на Алијансата, како и за актуелните одбранбени планови, имајќи ја предвид глобалната безбедносна состојба во Европа и светот.

Воедно, двете делегации ја потврдија и поддршката која земјите-членки, вклучително и Северна Македонија, ја даваат за Украина.

Од страна на помошникот на генералниот секретар Лапсли, беше истакнато дека Северна Македонија е ценета членка во Алијансата, имајќи го предвид целокупниот придонес кој досега го има дадено. Алијансата е по обединета и посилна од кога било во нејзината историја, а со зачленувањето на Финска и Шведска, НАТО станува гарант на безбедноста на над 1 милијарда граѓани од демократскиот свет.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Објавено пред

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов по првиот круг од претседателските избори.

dobivaj vesti na viber

„Затоа е потребна општа мобилизација за уште посилна победа на коалицијата “Твоја Македонија” предводена од ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните ги отпишаа СДСМ, да запнеме сите заедно да ги отпишеме и ДУИ. Овојпат ДУИ мора да падне! Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата!“, порача Анеглов.

Ангелов пред еден месец соопшти дека неговата партија излегува од коалицијата предводена од СДСМ.

Тој со години се залагаше воените инвалиди и семејства на загинатите бранители да бидат обештетени, но немаше слух од своите коалициони партнери. Како што самиот рече, добивал поддршка од премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, но поради противењето на ДУИ тоа не се случило.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Таткото на Вања од притвор ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа, укинат му е притворот и определена е...

Македонија1 час

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија2 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија2 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија2 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија3 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија13 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија14 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија14 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија14 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија15 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија15 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија16 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија17 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија17 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија17 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија18 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија18 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија18 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....