Македонија
ВМРО-ДПМНЕ бара враќање на стариот закон за пензиско
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и колицијата денеска во Собранието ќе поднесе предлог-закон за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, со кој се предвидува да се врати старото законско решение со кое изминатите години пензинерите континурано добиваа зголемување на пензиите, порача пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Слаѓана Митовска.
„Со овој предлог-закон пензионерите ќе го добијат заслуженото покачување на пензиите. Тие заслужуваат подобар и подостоинствен живот. Со овие законски измени ќе се укине штетниот закон што го донесе СДСМ со кој им се скрати правото на поголема пензија од 500 денари на над 310 илјади пензионери.
Со законските измени на СДСМ се врши усогласување на пензиите, но не и реалното зголемување. Власта брутално ги манипулира и си поигра со пензионерите. Наместо ветеното зголемување на пензиите, пензионерите од СДСМ добија кратење на пензиите, на тој начин СДСМ им ја намали куповната моќ.
За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за пензинерите. ВМРО-ДПМНЕ, без разлика дали е на власт или во опозиција, секогаш е тука и се грижи за потребите на граѓаните. Со прифаќањето на овој предлог-закон, ќе се подобри квалитетот на живот на оваа категорија граѓани.
Би сакале да ги повикаме и пратениците од парламентарното мнозинство да работат во интерес на граѓаните, а не во интерес на Владата и да ги поддржат овие законски измени. Пензинерите заслужуваат достоинствена и спокојна старост“, нагласи Матовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска објави дека судот донел одлука со која се утврува дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, неправедно ја клеветел.
„Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел да ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста, Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки“, пишува Петровска.
Во продолжение таа додава дека не сака пари од нечесник и се откажува од паричниот надомест.
„Секој го прави тоа што најдобро го знае, тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“, додава Петровска.
Македонија
Манолева: По 43 години, болницата во Отешево доби комплетно нов лик, современи услови за третман и медицинска опрема
Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања ОТЕШЕВО. Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 милиони денари.
„Со имплементацијата на овој проект подобрени се болнички услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел како донација од Луксембург, а собите се наместени со нов инвентар. Сите амбуланти, лабораторија, дневна соба, ехо кабинет, соба за спирометрија и алерго тестови се позиционирани во реновираниот објект. Како што можевме да видиме од посетата амбулантите веќе функционираат во реновираните простории. Специјализираната болница Отешево нуди современи услови за третман на пациенти и достоинствени услови за работа на здравствените работници“, рече Манолева.
Болницата во Отешево опстојува повеќе од 43 години и ова е прво реновирање кадешто значително се унапредени болничките услови. Во изминатиот период, установата се зајакна и со два апарати за физикална медицина и рехабилитација во склоп на проектот во вредност од 270 илјади денари.
Македонија
Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара
Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, извести Обвинителството.
Како што велат од Обвинителството, предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.