Македонија
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за разговорите на Заев со лажниот Порошенко
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ порача дека јавното обвинителство мора да отвори истрага за комуникацијата на Зоран Заев преку неговиот личен телефон со лажниот Петро Порошенко и сите пораки и информации коишто му ги изнел.
Како што изјави портпаролот Наум Стоилковски, во разговорите постојат сериозни индиции за повеќе кривични дела.
„Пораките на Заев објавени во медиумите покажуваат дека тој во кабинетот на Владата одржувал средби со контроверзниот лик Тал Силберстин, човек посочуван од страна на австрискиот канцелар Себастијан Курц како главно осомничен за креирање на аферата поради којашто падна австриската влада. Е токму тој бил примен од страна на Зоран Заев во кабинетот на премиерот во Владата на Република Македонија, и тоа токму во периодот кога се случувала аферата во Австрија. Па дали Заев имал или немал врска со случувањата во Австрија, која е долгогодишен, докажан пријател на Република Македонија“, рече Стоилковски.
ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата посочи дека против Силберстин се водат процеси во Израел, но и во Романија. Тој, според зборовите на Стоилковски, имал досие за перење пари, попречување на правда, за нелегално организирање финансирање на политички изборни кампањи, потоа досие за поткуп, фалсификување документи и за други дела.
Опозицијата побара од Владата да одговори, што бара ваков човек на средба во премиерскиот кабинет, зошто бил примен ово Владата и на чие барање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Патот Штип-Кочани во прекин поради сообраќајка
Од 17:10 часот, поради сообраќајна незгода на патниот правец Штип-Кочани, сообраќајот е во прекин во една насока, информираат од АМСМ.
Македонија
Маричиќ: Имаме план за зелена Македонија во која граѓаните ќе станат акционери на енергетските компании
Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ денес во изјавата за медиуми се обврза дека СДСМ и Коалицијата за европска иднина нема да се откажат од стремежот за енергетска независност и од зелена енергија.
Во своето обраќање посочи дека е време да се сопре со фосилните технологии.
Изјави дека постоечките енергетски капацитети на фосилни горива да ги трансформираме во соларни електрани кои произведуваат зелена енергија.
„Тој процес го продолжуваме со голема новина: Државните енергетски компании ги даваме во рацете на граѓаните! Граѓаните стануваат акционери во енергетските компании. Висок процент од вкупниот број издадени акции во државните енергетски компании ќе се поделат еднакво на граѓаните. Секој граѓанин, вклучително и децата, ќе добие по најмалку 8.000 денари од вредноста на енергетските компании или 500 евра за едно четиричлено семејство.
Нашиот план е производството на енергија да се зголеми за најмалку 70% за да ги задоволиме домашните потреби за струја. Во наредните четири години за 100% да се зголемат капацитете со обновливи извори на енергија да достигне 60% од вкупната потрошувачка во државата.“
Маричиќ во својата изјава потврди дека целта и програмата на СДСМ е иста со онаа на Европската Унија и Европскиот зелен договор кој предвидува нула штетни гасови од фосилни горива до 2050 година.
„Нашата визија е зелена Македонија како здрава животна средина за граѓаните. Чиста вода за пиење во секое населено место, одржливо управување со отпад и расчистување на дивите депонии. Пречистување на отпадните води за здрава почва за здрава храна.“
Македонија
Со полициски хеликоптер пренесен македонски државјанин од Унгарија до Скопје
Денеска (20.04.2024) по добиено барање од ЦУК, со полициски хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици, од Сегедин, Унгарија до Скопје е пренесен македонски државјанин кој доживеал мозочен удар на 18 април за време на службен пат во Унгарија. Тој е пренесен на скопскиот клинички центар „Мајка Тереза“.
Oва е втор пат да се извршува ваков вид воздухопловен транспорт од Сегедин до Скопје со хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, откако и на 11 април беше успешно реализирана ваква акција.