Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Владата почна со „нема поскапување на струјата“, а заврши со поскапување од 15 отсто
„Заевизмот од 1 јануари ја поскапе електричната енергија за граѓаните над 15 % како со базичното поскапување од 9,5 % така и со укинувањето на евтината дневна тарифа. Заевизмот ова го направи за да ги покрие со пари од народот своите неспособност и неодговорност.
Марко Бислимовски, послушникот на Заев, и самиот Зоран Заев ја лажеа јавноста во октомври, непосредно пред изборите, дека нема да има поскапување на електричната енергија.
„Засега не гледам причини за корекција на цената на електричната енергија и нема причини за паника“, велеше Бислимовски пред два месеца.
„Заев тврдеше дека не треба да се стравува од поскапување на цената на струјата затоа што наводно биле преземени сите мерки.
А ниту мерки се преземаа ниту бутур. Овие лаги ги кажуваа пред јавноста непосредно пред избори за по тоа, да следува вистински ценовен шок и осиромашување на граѓаните. Вистината беше дека за цело време додека лажеа за некакви мерки, немаше откопување јаглен за домашно производство на електрична енергија, а и акумулациите беа празни. ЕЛЕМ оваа година имаше рекордно најмало производство на електрична енергија, потребите на Македонија беа покривани со скап увоз иако домашното производство беше 4 пати поевтино од увозот. Но, криминалот и корупцијата им беа поважни на пулените на заевизмот.
По локалните избори, продолжија со нови лаги. Па од „нема да поскапи електричната енергија“, преминаа на „нема да има значително зголемување на цената на струјата“. Министерот Бектеши почна да зборува за поскапување до 10 % за потоа да почнат да најавуваат и укинување на евтината дневна тарифа. Да потсетиме дека токму евтината дневна тарифа беше помпезно најавувано како изборно ветување на СДСМ, кое требаше да трае до влезот во ЕУ, а се покажа дека е само уште една лага на Заев и заевизмот.
Оттука, од 1 јануари 2022 електричната енергија вкупно поскапе 15 %. Ако се земат предвид и неколкуте претходни, заевизмот за само една и пол година ја поскапе електричната енергија за цели 40 %.
Заевизмот го уништува стандардот на народот, а во исто време го уништува енергетскиот систем во Македонија. Енергетските компании, МЕПСО и ЕЛЕМ, се претворени во загубари, нема домашно производство на струја, туку таа нелегално се презема од европскиот енергетски систем. Ете до кое дереџе се доведе Македонија со заевизмот. Одговорност мора да има за ова недомаќинско работење, за овој криминал и корупција, систематско осиромашување на граѓаните и уништување на енергетскиот систем, кое ни го донесе заевизмот“.
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Шкријељ: Понудата на ДПМНЕ е понуда за блокада на ЕУ, над 80 проценти од листите се истите пратеници
Составот на кандидатските листи за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ потврди дека нема никаква промена во оваа партија. Ова е понуда за блокада на европскиот пат на државата, тоа е кристално јасно, истакна на денешната прес-конференција Санела Шкријељ, пратеничка на СДСМ.
„Над 80% од предложените кандидати за пратеници се истите кои досега спроведуваа активна блокада на македонското Собрание.
Освен блокада на европскиот пат на државата повеќе од 2 години Собранието е под опструкции, блокади, кочење, од страна на ВМРО-ДПМНЕ
Наместо за интересот на граѓаните и државата се спроведуваа теснопартиски инетерси а често слушнавме и навреди и омаловажувања кон жените-пратенички.
Во време на криза во Собранието ја блокираа помошта за граѓаните и компаниите.
Беа против минималната плата и раст на платите и против членството на државата во ЕУ.
Тропаа и вревеа со вувузели во парламентот“, вели таа.
Оценува дека граѓаните беа сведоци на одолговлекувања, бесмислени реплики, штанцање илјадници амандмани за блокада на законите, незакажување седници и неставање на дневен ред на клучни закони во парламентарните комисии, предводени од опозицијата.
Со истите лица на листите, Белата палата, според Шкријељ потврдува дека се определува за блокада на европскиот пат на државата. Со ДПМНЕ е можно само враќање назад.
В„о ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена и не можат да донесат никакви промени на подобро, напротив.
Затоа, кристално јасно е.
Изборот пред граѓаните на претстојните избори ќе биде помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност, враќање 10 години назад со ДПМНЕ далеку од ЕУ“, прецизира пратеничката на СДСМ.
Скопје
В недела посебен сообраќаен режим во Скопје
Министерството за внатрешни работи известува дека на 31.3.2024 (недела), со почеток во 9 часот, поради одржување атлетска трка на 10 км, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот „Св. Пантелејмон“ и обратно, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците на кои ќе се одвива настанот.
Македонија
Левицата: Решението за градба кај болничкиот комплекс Воена болница да се поништи веднаш
„Го повикуваме градоначалникот Стевчо Јакимовски да ги почитува законите и да го поништи Решението за градба на 17-катницата кај Болничкиот комплекс „Воена болница“, истакнуваат од Левица.
Потсетуваат дека политичката партија Левица повеќепати укажа на штетноста од градбата на повеќекатницата на истата локација, паралелно организираше протест на којшто граѓаните јавно го искажаа незадоволството од своеволието на градоначалникот и инвеститорите за противзаконската одлука на истите да почнат со градба на зграда за којашто немаат законска дозвола.
„Од пред неколку дена е правосилно Решението со кое се поништува незаконски позитивното конзерваторско мислење, кое се обидоа да го издејствуваат инвеститорите, а истото, по наши сознанија, е пристигнато во Општината на 21.3.2024 година, по што градоначалникот треба веднаш во законски рок да постапи по истато. За жал, Решението за градба уште не е поништено.
Од општинската администрација не даваат одговори по однос на прашањето по Решението со кое се одбива жалбата на инвеститорите, но успеавме да го добиеме, бидејќи е информација од јавен карактер“, дообјаснуваат од оваа партија.
Го повикуваат градоначалникот Стевчо Јакимовски во пресрет на изборната претседателска кампања да се одважи, како што велат, да ги испочитува законите и да го поништи Решението за градба веднаш, како би докажал пред граѓаните дека, навистина, ги застапува нивните интереси“.