Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија доби влада за продолжување на криминалот, корупцијата и агонијата
Македонија доби влада за продолжување на криминалот, корупцијата и агонијата. Македонија доби влада која зад себе до сега остави ечиси 3 милијарди евра нов долг, пропадната банка, најголемата рекетарска афера во модерна Европа, 40.000 нови невработени и на сето тоа уште еднаш доби аболиран премиер, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, Зоран Заев потроши 3 години од животот на граѓаните и сака да потроши уште толку. На Заев не му е грижа за народот, на Заев му е грижа за профитот.
„Илјадници секојдневно се соочуваат со немаштија, додека владата ги троши нивните пари на тендери, кои се напумпани и преку кои фамилијата на власт го празни буџетот. Додека државата е во криза, струмичка агенција за обезбедување испумпува пари преку универзалниот снабдувач на електрична енергија, а други струмички фирми блиски до Заеви извлекоа 20 милиони евра од пропадната банка ‘Еуростандард’, кои го причинија нејзиниот пад и заглавија илјадници граѓани во сред пандемија по шалтери и без пари.
Македонија доби профитерска влада, со топ-шоп премиер, кој единствено се грижи за својот личен профит. Македонија со Заев се вивна на листата на земји со висока стапка корупција на сите светски мерења како на ‘Економист’ и ‘Транспаренси’. А во исто време падна на листата на дуинг бизнис, затоа што наместо помош за бизнисот, Заев се пушти во негово уништување, преку рекетот кој подолг период се одвивал во државата, од кој парите, како што рече лицето кое ја носеше торбата со изрекетираните милиони, завршиле кај него лично. Премиер и Влада кои нè доведоа до ова дереџе како држава не можат да нè извлечат од хаосот, криминалот и корупцијата, затоа што тие се причината“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од неколку скопски населби без струја
Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа без електрична енергија ќе останат следните корисници:
· Во период од 09,00ч до 16,00ч дел од корисниците во с. Волково и с. Кучково ( о. Ѓ. Петров);
· Од 09,00ч до 14,00ч корисниците од ул. Банско, ул. Баница, ул. Наум Охридски и ул. Жванска (о. К. Вода);
· Од 07,00ч до 15,00ч новите згради спроти Мерцедес ул. 852 (о. Г. Баба) и
· Во период од 09,00ч до 15,00ч дел од ул. Милан Мијалковиќ, ул.Пржино, ул.Кавалска (о. К. Вода).
Македонија
Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд
Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, особено во северозападните делови каде ќе има услови за ретки грмежи. На планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје променливо облачно и посвежо со услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 15 степени.
До почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и посвежо, наместа со повремени врнежи од дожд. Во петок пообилни врнежи се очекуваат во јужните делови, а во недела на повеќе места. Поради спуштање на постудена воздушна маса на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на повисоките планини ќе се формира нова снежна покривка.
Македонија
Османи: Европскиот фронт е голема идеја чие време е дојдено
Кандидатот на Европскиот фронт, Бујар Османи, вечерва на митинг пред граѓаните на Кичeво изрази благодарност до лидерите на Европскиот фронт и коалицијата која, како што вели Османи, е продолжение на битките во континуитет една по една, за разбивање на замоците на етничките монополи.
„Европскиот фронт не е политичка партија. Европскиот фронт не е ни коалиција на политички партии, Европскиот фронт е голема идеја. Тоа е одлична идеја чие време дојде, лавина што ги собра соништата на секој граѓанин на оваа земја, за еднаквост, за правда и просперитетен живот во ЕУ. И ова го гледам како ентузијазам, како насмевка во секое населено место каде што одам, бидејќи Европскиот фронт е трета унија, но сега со малку поинаква димензија“, истакна Османи.
Кандидатот на Европскиот фронт, Османи понатаму истакна дека останува уште едена последна тврдина на етничкиот монопол.
„Тврдината која нè загрижува сите и секогаш ни го дава тој сигнал дека се уште не е сè како што треба, сè уште нема еднакви можности за сите, таа е тврдината на првиот претседател. Значи, браќа и сестри, се натпреварувам, на 24 април да ја разберете тежината на оваа мисија, дека вашиот глас не е само за мојата кандидатура, вашиот глас, вашата поддршка е за да ја разбиете последната тврдина на етничкиот монопол и за заокружување на еднаквоста на сите заедници во нашата заедничка држава“, заклучи Османи.