Контакт

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Новинари добиваат пари за да ги величаат политиките на СДСМ

Објавено пред

СДСМ не е опозиција и мора да даде одговор каде и како ги расфрла парите на граѓаните. Заев мора да понесе одговорност за расипничкото трошење на парите на граѓаните и мора да одговори кој е придонесот кој неговите советници го имаат во владиниот кабинет. Владата мора да одговори на прашањата кои ја засегаат севкупната македонска јавност. Македонските граѓани ги интересира дали со нивните пари се плаќа човек кој пукал во припадник на безбедносните сили на Република Македонија, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ:

dobivaj vesti na viber

„Дали советникот на Заев, Силвио Аврамовски, во Тетово пукал со огнено оружје, а потоа бил осуден за вооружениот инцидент и одлежал казна затвор? Скандалозен е и фактот што уредник на регионалната телевизија ВИС е дел од кабинетот на Зоран Заев како советник иако сè уште се занимава со новинарска дејност. Дали Ѓорги Калајџиев добива пари од граѓаните со задача да ги велича политиките на СДСМ и Заев во медиумот каде што е новинар во моментов? Дали Ѓорѓи Калајџиев оди по стапките на т.н. ,,независни’’ новинари Роберт Поповски и Мухамед Зекири. Новинари кои го воздигнуваа Заев, а како награда добија државни функции и високи позиции со цел да им се исплати нивниот претходен ангажман“, велат од опозициската партија.

Според ВМРО-ДПМНЕ, одговори и одговорност за расипничкото трошење мора да има и ќе има. Одговори и одговорност ќе има кога ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт и детално ќе се испита на што оваа ненародна власт расипнички ги трошела парите на граѓаните.

Македонија

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Објавено пред

Собранието со 78 гласа „за“ го донесе предлог-законот за измени и дополнување на Законот за извршување на санкциите.

dobivaj vesti na viber

Законот има цел решавање на безбедносните проблеми во казнено-поправните установи, создавање посигурна безбедносна средина како во затворите така и генералната и општата безбедност во државата, пред сè, преку воспоставување законска основа и формирање единици за затворско разузнавање и единици за интервенции, воспоставување систем за видеонадзор и користење боди-камери во установите, намалување на корупцијата во казнено-поправните установи, решавање на проблемот со пренатрупаноста и регулирање и унапредување на правата од работниот однос на сите категории вработени лица во КПУ и ВПУ, извести Министерството за правда.

Покрај зголемување на безбедноста на установите, унапредување на правата на осудените лица и децата, со овој предлог-закон се оди кон подобрување на статусот и на вработените во пенитенцијарниот систем. Постојат повеќе причини за донесување на предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за извршување на санкциите, како, на пример, менување во голем дел на кривичното законодавство во земјата, со тоа и предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за извршување на санкциите како важна алка во кривичното законодавство и кривичноправниот систем во целина, потоа менување на затвореничката структура во Македонија, а во голем дел појавата на сè поголем број радикализирани осудени лица, потребата од заострување на начинот на кој осудените лица по доставување на упатните акти имаа можност за менување на адресата на живеење и со тоа таканаречено избирање на казнено-поправна установа во која би ја издржувале казната и условите во неа, се додава во соопштението на Министерството за правда.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Стоилковски: Доколку Арсовска не е против нови градинки, училишта, да состави документи, а Советот ќе ги прифати онака како што таа ќе ги достави

Објавено пред

Данела Арсовска запре градба на две основни училишта, запре градба на две градинки и сопре градба на едно затворено спортско игралиште, потребно за граѓаните на општините Гази Баба, Кисела вода и Аеродром.

dobivaj vesti na viber

Арсовска запре донесени одлуки на Советот на Град Скопје за ослободување од надоместоци за уредување градежно земјиште за овие проекти, со образложение дека биле, како самата вели, неписмени, истакна на прес-конференција Наум Столковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ја повикуваме Данела Арсовска таа сама да состави вакви документи, а Советот, без сомнеж во високото ниво на писменост на Данела Арсовска, само ќе ги усвои.

Доколку Арсовска не е против нови градинки, училишта и затворени спортски објекти и ако не е против скопјани и Скопје, се очекува од неа најбргу таа самата да донесе писмени барања за овие пет проекти за скопјани, а Советот ќе ги прифати онака како што таа ќе ги достави, без сомнеж во високото ниво на писменост на Данела Арсовска“, дециден е Стоилковски.

Во спротивно, како што рече, Данела Арсовска само ќе докаже дека е продолжена рака на Миле Зечевиќ и на СДС наспроти вистинските потреби на скопјани за две градинки, две училишта и за спортски објекти.

Прикажи повеќе...

Македонија

Прва пресуда за говор на омраза врз основа на сексуална ориентација

Објавено пред

Основниот суд во Неготино, како надлежен првостепен кривичен суд, одлучувајќи по обвинителен предлог на Основното јавно обвинителство Кавадарци, а по кривична пријава од „Квир центар“, против лицето С. М. од општина Демир Капија, за сторено кривично дело ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл. 394-г ст. 1 од Кривичниот законик, на 15 март 2024 година донесе пресуда дека обвинетиот е виновен за делото за кое се товари.

dobivaj vesti na viber

Обвинетиот во јули минатата година на социјалната мрежа „Фејсбук“ под споделена медиумска содржина има напишано два коментара со вознемирувачки говор на омраза кон ЛГБТИ+ заедницата, во кои се повикува на насилство кон оваа маргинализирана група. Со тоа обвинетиот сторил кривично дело ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл. 394-г ст. 1 од Кривичниот законик, па судот му изрече алтернативна мерка – условна осуда, казна затвор во траење од една година. Утврдената казна затвор нема да се изврши доколку обвинетиот во рок од една година по правосилноста на пресудата не стори друго кривично дело.

Ова е прва осудителна пресуда во судската пракса на Македонија, со која се санкционира говор на омраза врз основа на сексуална ориентација, иако уште од февруари 2014 година со измените и дополнувањата на Кривичниот законик говорот на омраза е класифициран како кривично дело, па оттаму се забранува и казнува говор на омраза и ширење материјали преку интернет, кои промовираат или поттикнуваат омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група, врз која било дискриминаторска основа. Според чл. 394-г ст. 1 од КЗ, за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем предвидена е казна затвор од една до пет години за секој што ќе предизвика или ќе разгори омраза, раздор или нетрпеливост, врз некоја дискриминаторска основа, вклучително врз основа на припадност на маргинализирана група.

Скопскиот „Квир центар“ ја поздравува одлуката на судот, кој демонстрира дека ги сфаќа сериозно поттикнувањето насилство и креирањето загрозувачка средина за ЛГБТИ+ луѓето. Говорот на омраза поттикнува сторување дела од омраза, па „Квир центар“ смета дека оваа осудителна пресуда е значајна победа во нашите напори да креираме безбедно опкружување за сите граѓани, без разлика на тоа поради кој основ или нивна различност ќе бидат цел на говор на омраза или дела од омраза.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија19 минути

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ1 час

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија1 час

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија2 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија5 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет5 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет5 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија5 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион5 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет6 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет6 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија20 часа

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија21 час

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија23 часа

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија24 часа

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...

Македонија1 ден

„Вреди“: Албанците нема да му простат на Бујар Османи за случајот Монструм

Претходно кога објаснувавме кој е Бујар Османи, дојде време да се откриваат неговите корупциски скандали, но и политичките ставови што...

Македонија1 ден

Мицкоски: Имаме принципиелен договор за настап на парламентарните избори врз кој ќе функционираме како идна влада

Ние имаме принципиелни разговори и преговори и принципиелен заеднички договор за настап на следните парламентарни избори и очекуваме понатаму, врз...

Свет1 ден

Бајден: Да ja ​​заштитиме Украина од месарот Путин

Американскиот претседател Џозеф Бајден уште еднаш го навреди рускиот претседател Владимир Путин говорејќи пред гласачите во американската сојузна држава Северна...

Регион1 ден

Вучиќ: Следуваат тешки денови за Србија, не ми е лесно да кажам какви вести добивме

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека пред Србија претстојат тешки денови, пренесува „Нова.рс“. Вучиќ најави дека во наредните денови...

Македонија1 ден

СДСМ: Скопје е запустен град, граѓаните се изневерени, ДПМНЕ нема план за иднината

Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје. Откако ги изневерија граѓаните на Скопје,...