Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Од Скопје до Битола за еден и пол час по нов автопат
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавува дека ако победи на изборите на 12 април, ќе инвестира 2 милијарди евра во инфраструктура.
Од партијата нагласуваат дека планирана е изградба на нов автопат од Скопје до Битола, со што времето за возење со кола помеѓу овие два града ќе се сведе на еден и пол час.
„Следува целосна обнова на регионалните патишта. Со проект за ставање 1.000 километри нов асфалт, ќе нема пат кој нема да биде асфалтиран. Предвидени се 150 километри експресни патишта. Куманово – бугарска граница, Штип – Радовиш, Кавадарци – Прилеп, Битола – грчка граница и Струмица – бугарска граница. Изведба на нови пруги од Битола до грчка граница и од Куманово до бугарска граница“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата додава дека дополнително ќе се отворат летови од скопскиот аеродром до сите главни градови во Европа, но и прекуокеански дестинации.
„Триста милиони евра ќе се одвојат за нови водоводни и канализациони мрежи, а Катастарот ќе биде целосно дигитализиран, за нулта корупција. Македонија ја очекува инфраструктурен бум. Доаѓа обновата. Повеќе за секого“, додава ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има распоредено сите полициски службеници ширум државата кои треба да се грижат за спроведување на фер и демократски процес.
„Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес. Денот е убав, се надевам дека граѓаните ќе можат да го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори. Покриени се сите сектори за внатрешни работи со технички услови. Се постапува според утврдените насоки од изборниот штаб“, додаде Тошковски.
Тошковски смета дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Македонија
Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за кога се закажани парламентарните избори.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Владата го прогласи денот на изборите за неработен.
Во избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 избирачи, а во странство ќе гласаат 2.569 гласачи со државјанство на Северна Македонија.
Во посебен избирачки список запишани се 2.147 лица кои издржуваат затворска казна или притвор.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.