Македонија
ВМРО – ДПМНЕ : Потребно е независно обвинителство коешто нема да биде компромитирано како СЈО
СДСМ и Зоран Заев се ставаат во заштита и промоција на криминалот и продолжуваат да ја бранат Катица Јанева. СДСМ со сите сили се обидува да ја одолговлекува целата постапка за да не може да се спроведе независна истрага која ќе стигне до Зоран Заев кој е главата на овој криминален рекетарски октопод, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, медиумите секојдневно објавуваат нови информации за вмешаност на функционери од СДСМ во аферата Рекет. Затоа СДСМ одбиваат да ја разрешат Јанева, бидејќи со тоа што ја бранат Јанева, тие се бранат самите себе.
,,Повеќе е од јасно е дека наредбите доаѓале од Зоран Заев, бидејќи невозможно е Јанева, Боки 13 и Зоран Кичеец цела година да вршат рекет, а за тоа власта да не знаела и да не му давала ветар во грб. Фактот дека Јанева беше притворена дури по месец дена и што јавниот обвинител постапува по нејзина наредба од притвор говори дека намерите СДСМ и Зоран Заев се ,,Рекет” да не добие ефективна правна разрешница.
Невиден преседан и удар врз правниот систем во Република Македонија е Јавниот обвинител да постапува по наредба на лице притворено за тежок криминал и злоупотреба на службената положба. Очигледно е дека Зоран Заев наместо одговорност и соодветни санкции сака амнестија на криминалот и не дозволува професионална истрага за рекетот, а ниту независно обвинителство. Заев е исплашен човек и знае дека со независен јавен обвинител тој ќе треба да одговара за рекетот, но и за сите местенки кои заедно со Катица Јанева ги конструирале злоупотребувајќи го СЈО. Потребно е независно обвинителство кое нема да биде компромитирано како што е СЈО и ќе биде ослободено од прангите на оваа криминално рекетарска влада. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори за конечно СДСМ и Заев си заминат и да се врати правната држава и довербата на граѓаните во системот во Република Македонија”, се додава во соопштението на партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Постојниот простор на СВР Охрид ќе се стави во функција на градот, надземно ќе биде убав парк, а подземно катна гаража
„Денеска на покана на министерот и градоначалникот сум во Охрид, да дадам и јас лично поддршка на проектот кој тие двајца го најавија дека тоа ќе биде еден од приоритетите на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија. Станува збор за простор на СВР Охрид кој ќе се стави во функција на општина Охрид или ќе биде надземно убав парк, а подземно катна гаража“, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ценам дека треба да се слушаат потребите на граѓаните, треба да се слушаат потребите на тие кои се избрани од граѓаните.
Ценам дека на овој начин ќе се овозможи еден поголем комфор во рамките на градското централно подрачје во Охрид во оној дел каде што е туристичка зона и ценам дека како држава треба да поддржуваме проекти кои ќе значат додадена вредност за средините во кои се прават. Еден од тие проекти е овој овдека.
Така што уште еднаш од мене голема благодарност и до министерот и до градоначалникот на поканата. Очекувам вакви и слични проекти и во иднина во други области во Македонија“, изјави Мицкоски.
Сервисни информации
Сообраќајот на патот Прилеп-Македонски Брод, се одвива наизменично по една коловозна лента
Во 14:58 часот сообраќајот на регионалниот пат Прилеп-Мак.Брод, сообраќајот се одвива наименично по една коловозна лента.
АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Апел за помош за малиот Војдан
„Почитувани, ви се обраќам како очајна мајка на Војдан, кој е дете со церебрална парализа. Војдан е предвремено родено дете, кој е борец уште од првата секунда од неговиот живот. 71 ден ги помина во инкубатор, на респиратор, со мал милион дијагнози и прогнози, но тој се избори и си дојде дома.
Кога мислевме дека нема крај на нашата среќа. Господ повторно ни го зададе најголемиот удар, на Војдан му дијагностицираа Церебрална парализа. 8 месеци ги поминавме по болничките лавиринти во нашата држава, со што немаше значителен напредок. Од негови 11 месеци, одиме на рехабилитација во Загреб. Одиме секој месец и остануваме таму по една недела. Војдан има сериозен напредок во неговата битка, која продолжува и од кога ќе се вратиме дома. Секојдневно има физикална терапија, со што јас како родител сум обучена да работам со него, дефектолошки и логопетски третман одиме на приватно. Фондот за здравство не ни го признава лекувањето на Војдан, па цели овие години одиме со помош на нашиот хуман народ. Како мајка на која единствена желба и е здравјето на нејзиното дете, уште еднаш и до бескрај ги молам сите хумани граѓани кој се во можност да ни помогнат за Војдан да излезе како победник во битката“.
Информации околу кампањата за собирање на донации имате тука