Македонија
ВМРО-ДПМНЕ продолжува каде што застана пред 4 години со уништување на Охрид и Охридското Езеро, реагира СДСМ
СДСМ реагира по најавата на новиот охридски градоначалник Кирил Пецаков за повторно издавање под концесија на дел од плажите на охридското крајбрежје.
„ВМРО-ДПМНЕ продолжува да си ја покажува својата лицемерност, едно зборуваат кога се во опозиција, сосема спротивно зборуваат и прават кога се на власт.
Нивната голема грижа за Охридското Езеро, за статусот во УНЕСКО како заштитено природно и културно наследство, критиките, само месец дена по изборите ја пуштија низ вода и почнаа постапка за повторно издавање на плажите под концесии.
Градоначалникот на Охрид заедно со криминалното ВМРО ДПМНЕ има намера повторно да го издава најатрактивниот и најзаштитениот дел од крајбрежјето на Охридското Езеро.
Тој само продолжува каде што ВМРО-ДПМНЕ застана пред четири години во уништувањето на македонскиот бисер, ним воопшто не им е грижа за препораките од УНЕСКО, ниту за Планот за управување со светското природно и културно наследство.
Централната и локалната власт предводена од СДСМ во изминатите четири години со изградбата на колекторскиот систем, планот за управување со Охрид, чистењето на плажите, успеа да санира дел од штетите направени со децениската негрижа, злоупотреби и мегаломанство на ВМРО-ДПМНЕ.
А, сега кога ВМРО-ДПМНЕ стана локална власт во Охрид, си ја покажа дволичноста, заборави на УНЕСКО, на заштитата на Охридското Езеро, покажа дека ги изигра граѓаните и нивната доверба“, наведе СДСМ во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Патот Штип-Кочани во прекин поради сообраќајка
Од 17:10 часот, поради сообраќајна незгода на патниот правец Штип-Кочани, сообраќајот е во прекин во една насока, информираат од АМСМ.
Македонија
Маричиќ: Имаме план за зелена Македонија во која граѓаните ќе станат акционери на енергетските компании
Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ денес во изјавата за медиуми се обврза дека СДСМ и Коалицијата за европска иднина нема да се откажат од стремежот за енергетска независност и од зелена енергија.
Во своето обраќање посочи дека е време да се сопре со фосилните технологии.
Изјави дека постоечките енергетски капацитети на фосилни горива да ги трансформираме во соларни електрани кои произведуваат зелена енергија.
„Тој процес го продолжуваме со голема новина: Државните енергетски компании ги даваме во рацете на граѓаните! Граѓаните стануваат акционери во енергетските компании. Висок процент од вкупниот број издадени акции во државните енергетски компании ќе се поделат еднакво на граѓаните. Секој граѓанин, вклучително и децата, ќе добие по најмалку 8.000 денари од вредноста на енергетските компании или 500 евра за едно четиричлено семејство.
Нашиот план е производството на енергија да се зголеми за најмалку 70% за да ги задоволиме домашните потреби за струја. Во наредните четири години за 100% да се зголемат капацитете со обновливи извори на енергија да достигне 60% од вкупната потрошувачка во државата.“
Маричиќ во својата изјава потврди дека целта и програмата на СДСМ е иста со онаа на Европската Унија и Европскиот зелен договор кој предвидува нула штетни гасови од фосилни горива до 2050 година.
„Нашата визија е зелена Македонија како здрава животна средина за граѓаните. Чиста вода за пиење во секое населено место, одржливо управување со отпад и расчистување на дивите депонии. Пречистување на отпадните води за здрава почва за здрава храна.“
Македонија
Со полициски хеликоптер пренесен македонски државјанин од Унгарија до Скопје
Денеска (20.04.2024) по добиено барање од ЦУК, со полициски хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици, од Сегедин, Унгарија до Скопје е пренесен македонски државјанин кој доживеал мозочен удар на 18 април за време на службен пат во Унгарија. Тој е пренесен на скопскиот клинички центар „Мајка Тереза“.
Oва е втор пат да се извршува ваков вид воздухопловен транспорт од Сегедин до Скопје со хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, откако и на 11 април беше успешно реализирана ваква акција.