Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Се прави театар од случајот „Рекет“
Русковска-обвинителството диригирано од аболираниот Зоран Заев прави театар од случајот „Рекет“, единствено за да ги покрие трагите што водат до врвот на власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
Од опозицијата коментираат дека секојдневно на површина излегуваат информации што потврдуваат дека обвинителката Вилма Русковска, наместо да води детаљна истрага, го развлекувала случајот.
„Уште на почетокот на судењето се дозна дека Катица Јанева не зела 50.000 евра, како што стои во обвинението, туку 350.000 евра. Русковска не ја интересира ниту што имало на снимките од домот на обвинетиот Боки 13, кои може да доведат до одговорот каде завршила торбата ‘луј витон’ полна со евра.
Се дозна и дека владин министер присуствувал на средби помеѓу Боки 13 и жртвата, информација што Обвинителството ја криеше од јавноста.
Јавноста треба да знае за што разговарале Венко Филипче, жртвата и Боки 13 во истиот период кога се случувал рекетот.
Зошто Русковска ја затвори истрагата, без да побара одговори на клучните прашања?
Каде завршила торбата „луј витон“ со 1,5 милион евра, по која патека се движела и кај кои лица завршиле тие пари?
Кои други бизнисмени биле рекетирани од криминално-рекетарската банда и колку пари од нив биле изнудени?
Дали со парите од „Рекет“ била финансирана кампањата на Стево Пендаровски и СДСМ за претседателските избори?
Што толку големо поседува жртвата за Зоран Заев што е доволно за го сруши?
Зошто покрај сите индиции и информации, обвинението остана само за Катица Јанева, Боки 13 и Зоран Милески-Кичеец?
Целата македонска јавност знае и слушна дека Зоран Заев знае сè. Никој не верува дека обвинетите рекетирале без да имаат поддршка од врвот на власта.
Катица, Боки и Милески се само пипалата, а на сите им е јасно дека главата на тој октопод се вика Зоран Заев.
Дека цел случај ќе биде фарса, се виде уште на самиот почеток кога Русковска им даде доволно време на обвинетите заедно со Заев да ги бришат доказите и да влијаат врз сведоците само за да не се дознае вистината.
Вистината и правдата ќе ги видиме кога оваа криминално-рекетарска банда на чело со СДСМ и Зоран Заев ќе замине од власт.
Граѓаните на Република Македонија ќе ја дознаат вистината и ќе ја видат правдата по 12 април кога ќе победи ВМРО-ДПМНЕ и ќе почне обновата на Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија
Народот одлучува за иднината на Македонија, порача кандидатот за претседател, Максим Димитриевски по гласањето.
„Jас го остварив своето право и гласав. Народот одлучува за иднината на Македонија! Посакувам демократски избори и можност граѓаните самостојно да одлучат!“, рече Димитриевски, споделувајќи фотографии од гласањето.
Македонија
Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт
Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот круг од претседателските избори.
„Јас никогаш не агитирам за себе, граѓаните знаат за кого да гласаат, знаат да си го искористат избирачкото право. Генерации гинеле за негово користење! Споредете и направете го вистинскиот избор!“, додаде таа.
Македонија
(Видео) Османи: Овие избори се одлучувачки, граѓаните имаат две опции
Кандидатот за претседател Бујар Османи посака изборите да бидат слободни, фер и демократски.
„Граѓаните да излезат, масовно да гласаат, да гласаат според своето убедување, со цел и надеж за подобри денови на нашата држава во големата европска фамилија. Овие избори не се обични избори, туку се одлучувачки избори по однос на иднината на државата. Граѓаните се исправени пред две опции – изолација или интеграција, очекувам да ја донесат правата одлука“, кажа Османи.