Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Со сè што потпиша, власта создаде студена дипломатска војна со Бугарија
Ковачевски да каже како е можно на сè што потпишаа, да создадат студена дипломатска војна со Бугарија, попустливоста е последица на ранливоста поради енормниот криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
Ескалирањето на односите со Бугарија е последица на попустливоста и виткањето ‘рбет на СДС. Владата исполни сè што беше побарано од неа, дури и невозможни и нерационални работи, па така како природен тек доаѓа ставот на Бугарија дека и понатаму сè друго што ќе побараат, ќе биде исполнето од овие политичари, резултатот е повлечен амбасадор и односи како во студена војна.
Власта потпиша сè што беше побарано, само за зачувување на личните фотелји.
Ковачевски и Пендаровски заглавија до толку што за нивната неспособност и некадарност за нормализирање на односите обвинија дека зад сите работи стојат странски служби, без да кажат кои се и кој им е интересот. Пендаровски иако платен од народот за да го штити, и службите под него исто така, не кажа кој ја дестабилизира Македонија. Само сее ветар и магла.
Исти како Пендаровски се и Ковачевски и Османи, кои првин се заканија дека ќе прогласат одредени политичари за персона нон грата, а потоа ретерираа и рекоа дека ќе почекаат до 4 февруари. Што ќе чекаат? Дали чекаат инциденти или политиката ја претвораат во естрада и поле за циркузанти?
Ковачевски, Османи и Пендаровски со своето килаво однесување, кое е резултат на нивната корумпираност и криминал, а со цел да останат ден повеќе на власт, ја понижуваат Македонија“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Патот Штип-Кочани во прекин поради сообраќајка
Од 17:10 часот, поради сообраќајна незгода на патниот правец Штип-Кочани, сообраќајот е во прекин во една насока, информираат од АМСМ.
Македонија
Маричиќ: Имаме план за зелена Македонија во која граѓаните ќе станат акционери на енергетските компании
Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ денес во изјавата за медиуми се обврза дека СДСМ и Коалицијата за европска иднина нема да се откажат од стремежот за енергетска независност и од зелена енергија.
Во своето обраќање посочи дека е време да се сопре со фосилните технологии.
Изјави дека постоечките енергетски капацитети на фосилни горива да ги трансформираме во соларни електрани кои произведуваат зелена енергија.
„Тој процес го продолжуваме со голема новина: Државните енергетски компании ги даваме во рацете на граѓаните! Граѓаните стануваат акционери во енергетските компании. Висок процент од вкупниот број издадени акции во државните енергетски компании ќе се поделат еднакво на граѓаните. Секој граѓанин, вклучително и децата, ќе добие по најмалку 8.000 денари од вредноста на енергетските компании или 500 евра за едно четиричлено семејство.
Нашиот план е производството на енергија да се зголеми за најмалку 70% за да ги задоволиме домашните потреби за струја. Во наредните четири години за 100% да се зголемат капацитете со обновливи извори на енергија да достигне 60% од вкупната потрошувачка во државата.“
Маричиќ во својата изјава потврди дека целта и програмата на СДСМ е иста со онаа на Европската Унија и Европскиот зелен договор кој предвидува нула штетни гасови од фосилни горива до 2050 година.
„Нашата визија е зелена Македонија како здрава животна средина за граѓаните. Чиста вода за пиење во секое населено место, одржливо управување со отпад и расчистување на дивите депонии. Пречистување на отпадните води за здрава почва за здрава храна.“
Македонија
Со полициски хеликоптер пренесен македонски државјанин од Унгарија до Скопје
Денеска (20.04.2024) по добиено барање од ЦУК, со полициски хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици, од Сегедин, Унгарија до Скопје е пренесен македонски државјанин кој доживеал мозочен удар на 18 април за време на службен пат во Унгарија. Тој е пренесен на скопскиот клинички центар „Мајка Тереза“.
Oва е втор пат да се извршува ваков вид воздухопловен транспорт од Сегедин до Скопје со хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, откако и на 11 април беше успешно реализирана ваква акција.