Македонија
Изменет сообраќаен режим во повеќе делови на Скопје
Од Град Скопје информираат дека во текот на денот, поради одржување на две манифестации, ќе се воведе привремен сообраќаен режим на повеќе сообраќајници во разни периоди од денот.
Во периодот од 12 до 12:30 часот, поради одржување на манифестацијата „Скопје на точак 2018“, ќе се воведе сообраќаен режим на сообраќајниците по кои ќе се одвива велосипедското дефиле, информираат од Град Скопје.
„Возењето велосипед ќе се одвива по булеварот Илинден, од фонтаната ‘Лотосов цвет’ до крстосницата со улицата Љубљанска (кај ТЦ ‘Скопје сити мол’), потоа по улицата Љубљанска и улицата Московска (студентски дом ‘Гоце Делчев’). Возењето понатаму продолжува по булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, преку улицата Димитрие Чуповски и улицата 11 Октомври, до крстосницата со булеварот Кочо Рацин. Карванот продолжува по булеварот Кочо Рацин, булеварот Крсте Петков Мисирков, кај ТЦ ‘Мавровка’ продолжува по булеварот Гоце Делчев и завршува на булеварот Илинден кај фонтаната ‘Лотосов цвет’ во Градскиот парк“, се наведува во соопштението на Град Скопје.
Наведените улици, информираат од Градот, ќе бидат користени 30-ина минути и ќе бидат пртивремено затворени кога ќе се движи карванот, со исклучок на булеварот Илинден, кој на потегот од фонтаната „Лотосов цвет“ до крстосницата со улицата Франклин Рузвелт ќе биде целосно затворен за сообраќај во периодот од 11:45 до 12:10 часот.
Во дадениот период автобусите што ги опслужуваат линиите со број 8 и 15а ќе бидат пренасочени по булеварот Партизански одреди и улицата Франклин Рузвелт и понатаму продолжуваат по своите траси, додаваат оттаму во соопштението.
Вториот настан в недела е одржувањето на атлетската трка „13 Ноември“ поради која ќе се затворат неколку сообраќајници во централното градско подрачје, и тоа во периодот од 15 до 16 часот. Трката ќе се одвива по следната траса: улица Филип Втори Македонски од хотелот „Холидеј ин“ до крстосницата со улицата 11 Октомври, по улиците 11 Октомври и Димитрие Чуповски до крстосницата со улицата Даме Груев (кај ТЦ „Палома бјанка“). И поради овој настан, ќе има пренасочување на сите автобуски линии што поминуваат на овој потег, велат од Град Скопје.
„Во дадениот период автобусите што ги опслужуваат линиите со број 50 ,57 и 59 од Бит-пазар, ќе се движат право по булеварот Кочо Рацин (‘Југодрво’), улицата Кирил и Методиј (‘Рамстор’) и ќе продолжат по својата траса. Во обратна насока ќе се движат по улицата Даме Груев зад Собранието, улицата 11 Октомври, булеварот Кочо Рацин и продолжуваат по своите траси. Автобусите што ги опслужуваат линиите со број 3, 3а, 3б, 4, 4а, 5, 7, 15, 15а, 21, 22, 23, 24, 25, 25а и 27, ќе се движат по булеварот Кочо Рацин, улицата Кирил и Методиј (ТЦ ‘Рамстор’) и ќе продолжат по своите траси. Во обратна насока ќе се движат по улицата Даме Груев, зад Собранието на РМ и ќе продолжат по своите траси. Автобусите што ја опслужуваат линијата со број 16 од Бит-пазар, ќе се движат право по булеварот Кочо Рацин (‘Југодрво’) и ќе продолжат по својата траса и во двете насоки. Во дадениот период автобусите што ја опслужуваат линијата со број 17, ќе бидат пренасочени преку булеварот Кузман Јосифовски – Питу, по булеварот Крсте Мисирков и ќе продолжат по својата траса“, се наведува во соопштението на Град Скопје.
Од Градот преку своето соопштение ги повикаа сите ученици во сообраќајот да се придржуваат кон регулирањето на сообраќајот од униформирани полициски службеници или други овластени службени лица, како и кон привремено поставениот режим на сообраќај, и брзината на возење да ја приспособат на условите на патот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.