Македонија
В сабота пикник во Градскиот парк
Граѓанската платформа „Мрдни со прст“, в сабота, со почеток во 11 часот во Градскиот парк во Скопје, организира голем целодневен настан со наслов „Мрдни со прст – пикник за сите“, кој ќе биде отворен за сите заинтересирани.
Целта на овој настан е да се креира простор за граѓаните каде што ќе можат заедно да спортуваат, да се забавуваат, но и да поразговараат за граѓанскиот активизам, да добијат можност да се приклучат на идни граѓански акции и да им покажат на другите дека секој може да донесе промени во своето општество.
Настанот има цел да понуди програма за сите возрасти и да креира простор за дружење и релаксација со повеќечасовно уживање со музика. Отворањето е во 11 часот кога ќе започнат активностите за најмладите и за спортистите, а ќе заврши со музичка програма во 1 часот по полноќ.
Познатиот телевизиски водител и аниматор Мартин 99 ќе го означи почетокот на настанот и ќе им ги најави на посетителите претстојните активности, кои ќе се одржат во текот на целиот ден. Од 11 до 14 часот Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ ќе организира серија активности за најмладите. Во исто време ќе биде реализиран и спортско-забавен настан со мото „Размрдај се“, што подразбира вежбање фитнес и јога со професионални инструктори под отворено небо, во кои може да се вклучат сите возрасни групи граѓани.
Од 14 часот до 17 часот е време за дружење во чил аут-зоната, во која повеќе македонски диџеи ќе пуштаат релаксирачка музика во заднина, а посетителите ќе може да уживаат во слободни активности како фризби, јо-јо…
Од 17.30 часот, па сè до 19 часот, ќе се одржи трибина со наслов „Нахрани го умот“, каде што говорници ќе бидат серија граѓански активисти, кои ќе зборуваат за својата работа поврзана со борбата за чист воздух, здравата животна средина, учество во хуманитарни акции и борбата за подостоинствен живот на работниците. Водител на овој настан ќе биде Жаре од „Еден на еден“, кој ќе осигури и голема интеракција со публиката.
Од 19.30 часот до 20.30 часот ќе бидат прикажани 3 кратки филма од млади домашни автори, кои веќе беа претставени на фестивалот за креативен документарен филм „Македокс“. Тоа се филмовите „Поинакви“, „Адолесцензура“ и „Поглед во очите“. Тие се занимаваат со современи приказни, теми со кои честопати се соочуваме, но ретко зборуваме за нив. Авторите на филмовите ќе бидат на проекцијата и преку својата приказна ќе се обидат да отворат дискусија со посетителите за овие проблеми.
Од 20.30 часот, па сè до 1 часот по полноќ ќе настапат неколку познати музичари и диџеи зад своите миксети, меѓу кои Гоце САФ, Тони Зен, Dj BoogieMan и Dj GameOver.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вчера вечер присуствуваше на тренингот на КК Работнички во салата Кале. Со кошаркарите разговараа за издигнувањето на тимот и потребите за достигнување на високи резултати и на следните натпревари.
„Сакам да се заблагодарам пред се и на тренерот на цел стручен тим но и на сите играчи за одличните резултати коишто ги имаме годинава. Успеавме со клубот од невозможно да направиме возможно. Клубот којшто го начекавме пред две години на 10то место со 4-5 неисплатени плати и долг од 600 000 евра да го вратиме на победничките патеки. Важно е што во моментов табелата трепка што сме на прво место и се надевам дека тоа така ќе остане и до крај. Јас верувам дека ќе имаме успех оваа сезона и уште поголем успех следната“, им порача Герасимовски на кошаркарите.
При средбата Герасимовски ги извести играчите дека општина Центар го има имотниот лист на салата и успеа да го исполни ветувањето дека ќе ја врати сопственоста на салата под ингеренции на општината.
Општина Центар на крајот на минатата година доби финансиски средства од Владата во вредност од 30 милиони денари наменети за реконструкција на салата, при што Герасимовски ги информираше играчите со процесот и проект планот кој е веќе во изработка за реновирање на матичната сала на Работнички. Конечно Работнички се враќа на шампионските патеки, ви благодарам за тоа, порача Герасимовски.
Македонија
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска објави дека судот донел одлука со која се утврува дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, неправедно ја клеветел.
„Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел да ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста, Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки“, пишува Петровска.
Во продолжение таа додава дека не сака пари од нечесник и се откажува од паричниот надомест.
„Секој го прави тоа што најдобро го знае, тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“, додава Петровска.
Македонија
Манолева: По 43 години, болницата во Отешево доби комплетно нов лик, современи услови за третман и медицинска опрема
Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања ОТЕШЕВО. Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 милиони денари.
„Со имплементацијата на овој проект подобрени се болнички услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел како донација од Луксембург, а собите се наместени со нов инвентар. Сите амбуланти, лабораторија, дневна соба, ехо кабинет, соба за спирометрија и алерго тестови се позиционирани во реновираниот објект. Како што можевме да видиме од посетата амбулантите веќе функционираат во реновираните простории. Специјализираната болница Отешево нуди современи услови за третман на пациенти и достоинствени услови за работа на здравствените работници“, рече Манолева.
Болницата во Отешево опстојува повеќе од 43 години и ова е прво реновирање кадешто значително се унапредени болничките услови. Во изминатиот период, установата се зајакна и со два апарати за физикална медицина и рехабилитација во склоп на проектот во вредност од 270 илјади денари.