Македонија
ГДУ: Ефикасна истрага и одговорност за скандалот со прислушувањето на обвинителите мора да има
Граѓанско Демократска Унија денеска преку соопштение посочи дека одговорност за скандалот со прислушувањето на обвинителите мора да има, а воедно институциите да спроведат ефикасна истрага.
„Кој ги поставил уредите, точно кога, со која цел, дали некој бил во тек со обвинителските истраги и дали јавните обвинители биле уценувани со прислушувани разговори? Државниот обвинител, Љубомир Јовевски во петокот го обелодени скандалот дека откриле дека во склоп на телефонската централа имало два хард диска на кои биле снимени телефонски разговори направени преку фиксните телефони во обвинителство од 30 септември 2016 година па до сега.
Премиерот Заев пак ја нафрли и информацијата дека освен обвинителите, биле снимани и судии.
Еден ден после тоа обвинителството испрати соопштение во кое вели дека постоеле индиции дека прислушувањето траело од 2013-та. Се јави и министерот за внатрешни Спасовски, кој во обраќањето до јавноста ја спомена истата година.
Јавноста дополнително ја збунија СДСМ и ДПМНЕ со меѓусебните обвинувања кој прислушувал. Но, ова е премногу сериозна работа за да се шпекулира“, се наведува во соопштението на ГДУ.
Оттаму додаваат дека јавноста мора да знае од која година се прислушувало, зошто Јовевски прво кажа од 2016-та, па обвинителството го доплни дека можеби се прислушувало од порано? Дали и судиите се прислушувани? Ако МВР имала шест месеци сознанија, што правел Спасовски пола година?, прашуваат од Граѓанско Демократска Унија и додаваат дека не треба да има префрлање на одговорноста, туку лоцирање на истата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ
Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората во Берлин на Коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ).
Меџити од овој собир на дијаспората и се обрати со зборови каде им ја даде убавата вест дека на 8 мај пристигнува победата, но и за вредноста на учеството на дијаспората во овие избори кои многу добро знаат да казнуваат режими и тие кои го мразат Курти и Косово.
„Првите политички движења се отпочнати од дијаспората, како за совладување на Југославија, така и за независноста на Косово, а токму од ова дијаспора ќе пристигне и казната за ДУИ која се спротиставува на Косово и кокетира со Вучиќ”.
Тој, исто така, додаде дека сега е историскиот момент за промени во албанската политичка сцена после децении, со обединетата опозиција и со Самоопределување.
Македонија
Во Скопје санкционирани 179 возачи
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи
Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.
Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.
Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.