Македонија
Георгиевски: ВМРО-ДПМНЕ еден месец го блокира ребалансот на буџетот на Гази Баба
Oпштина Гази Баба веќе четири недели се соочува со бојкот од советниците на ВМРО-ДПМНЕ за донесување на ребалансот на буџетот, изјави градоначалникот на општина Гази Бааба, Борис Георгиевски, на прес-конференција.
Тој рече дека советниците од ВМРО-ДПМНЕ немале ниту една забелешка, но сепак се одлучиле за стопирање на суштинските точки, кои ќе значат дополнителен развој за општината, а со тоа и подобри услови за живеење на граѓаните. Според ВМРО-ДПМНЕ, како што изјави Георгиевски, буџетот не бил развоен и се крателе средства од него, а се префрлале за непродуктивни трошоци на Општината.
„Во сето ова има само една вистина и сите овие обвинувања се празни бидејќи имаат само една целв – да се закочи работата на Општината. На 17 јули побарав и координација со советничките групи и коалициите, да седнеме на една маса и да разговараме и што е уште поважно, да најдеме заедничко решение. Сепак, од советниците на ВМРО-ДПМНЕ до денеска сè уште немам никаков одговор. Ова уште еднаш ми ги потврди моите сомнежи дека тие не работат за доброто на жителите на општина Гази Баба, туку само за партиски интереси“, рече Георгиевски.
Додаде дека ова не е првпат опозицијата да ја стопира работата на Општината. Тие претходно го блокирале бараниот кредит од Светската банка за изградбата на вакуум-канализацијата во Јурумлери, која е единствена во Македонија. Георгиевски обвини дека ВМРО-ДПМНЕ го блокирала и проектот за проширувањето на булеварот АСНОМ, како и влегување на две големи инвестиции, кои ќе значеле дополнителен развој, но и приход во Општината, како и реализација на дополнителни проекти.
Тој ги повика сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на следната седница на Советот за самите да заклучат кој ја блокира работата на Општина Гази Баба, а со тоа и реализацијата на проектите што се од суштинско значење за нивните населени места.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Мицкоски: Постојниот простор на СВР Охрид ќе се стави во функција на градот, надземно ќе биде убав парк, а подземно катна гаража
„Денеска на покана на министерот и градоначалникот сум во Охрид, да дадам и јас лично поддршка на проектот кој тие двајца го најавија дека тоа ќе биде еден од приоритетите на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија. Станува збор за простор на СВР Охрид кој ќе се стави во функција на општина Охрид или ќе биде надземно убав парк, а подземно катна гаража“, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ценам дека треба да се слушаат потребите на граѓаните, треба да се слушаат потребите на тие кои се избрани од граѓаните.
Ценам дека на овој начин ќе се овозможи еден поголем комфор во рамките на градското централно подрачје во Охрид во оној дел каде што е туристичка зона и ценам дека како држава треба да поддржуваме проекти кои ќе значат додадена вредност за средините во кои се прават. Еден од тие проекти е овој овдека.
Така што уште еднаш од мене голема благодарност и до министерот и до градоначалникот на поканата. Очекувам вакви и слични проекти и во иднина во други области во Македонија“, изјави Мицкоски.
Сервисни информации
Сообраќајот на патот Прилеп-Македонски Брод, се одвива наизменично по една коловозна лента
Во 14:58 часот сообраќајот на регионалниот пат Прилеп-Мак.Брод, сообраќајот се одвива наименично по една коловозна лента.
АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Апел за помош за малиот Војдан
„Почитувани, ви се обраќам како очајна мајка на Војдан, кој е дете со церебрална парализа. Војдан е предвремено родено дете, кој е борец уште од првата секунда од неговиот живот. 71 ден ги помина во инкубатор, на респиратор, со мал милион дијагнози и прогнози, но тој се избори и си дојде дома.
Кога мислевме дека нема крај на нашата среќа. Господ повторно ни го зададе најголемиот удар, на Војдан му дијагностицираа Церебрална парализа. 8 месеци ги поминавме по болничките лавиринти во нашата држава, со што немаше значителен напредок. Од негови 11 месеци, одиме на рехабилитација во Загреб. Одиме секој месец и остануваме таму по една недела. Војдан има сериозен напредок во неговата битка, која продолжува и од кога ќе се вратиме дома. Секојдневно има физикална терапија, со што јас како родител сум обучена да работам со него, дефектолошки и логопетски третман одиме на приватно. Фондот за здравство не ни го признава лекувањето на Војдан, па цели овие години одиме со помош на нашиот хуман народ. Како мајка на која единствена желба и е здравјето на нејзиното дете, уште еднаш и до бескрај ги молам сите хумани граѓани кој се во можност да ни помогнат за Војдан да излезе како победник во битката“.
Информации околу кампањата за собирање на донации имате тука