Контакт

Македонија

Гори во Делчевско, пожарот во Пехчево се шири кон селата Робово, Умлена и Чифлик

Објавено пред

Според Центарот за управување со кризи за состојбата со пожарите до 14 часот, најновите информации укажуваат дека уште се активни пожарите во Делчево, Пехчево, Свети Николе, Штип, Прилеп, Куманово, Валандово и во Радовиш.

dobivaj vesti na viber

Пожарот, кој почна на 2.8.2021 година во атарот на с. Нов Истевник, маало Пасјак, сѐ уште е активен и е во дијаметар од 15 км. До овој момент опожарени се речиси 1.000 ха борова шума и нискостеблести растенија. Моментно покритично е на местото наречено Света Вода помеѓу селата Тработивиште и Разловци.
Интервенираат 60 припадници на АРСМ, 25 вработени во ШС „Голак“ – Делчево со 4 теренски возила, ТППЕ Делчево со 12 пожарникари и 2 ПП-возила цистерни и едно теренско возило „лада нива“; 5 припадници на Граничната полиција со 4 теренски возила, 2 припадници на ПС Делчево со 1 теренско возило, ЈПКД „Брегалница“ со 5 вработени, 2 ровокопачи и едно теренско возило со 1 тон вода и 1 џип, РЦУК Делчево со 2 вработени, ТППЕ Македонска Каменица со 4 0пожарникари со едно теренско возило, МВР единицата „Тигар“ со 24 вработени, МВР ЕБР со 22 вработени, ТППЕ од Р. Бугарија со 6 пожарникари и 1 ПП-возило и волонтери од Црвениот крст – Делчево се на терен и им доставуваат вода за пиење на ангажираните сили.

ЦУК укажува дека на територијата на општина Пехчево, пожарот кај месноста Бајаз Тепе, сѐ уште е активен и се шири кон селата Робово, Умлена и Чифлик. Пожарот околу с. Црник е ставен под контрола, каде што на терен е месното население заради контрола околу селото. Во моментот пожарот е и над с. Мачево и таму има распоредени екипи. Интервенираат: ШС „Равна Река“ – Пехчево со 30 работници и 6 теренски возила; ШС „Малешево Берово“ со 15 работници и 4 теренски возила; АРСМ со 100 војника; ТППЕ Берово со 7 пожарникари и 1 теренско возило и 2 цистерни; ТППЕ Скопје, Штип и Струмица со по 1 ПП-возило и 2 пожарникари; Р. Бугарија со 3 ПП-возила и 25 пожарникари; ДЗС со 4 вработени и 1 теренско возило; РЦУК Берово со 2 вработени; ЕВН со 6 теренски возила за превоз; месно население – 60 луѓе; Р. Словенија со 17 возила и 45 луѓе; Австрија со 60 пожарникари и 20 возила.

Во Струмичкиот Регион пожарот кај месноста Погана сѐ уште е активен, особено во делот напосредно пред ветерниците кај Богданци. Досега опожарени се околу 1.350 ха. Интервенираат ТППЕ Валандово со 2 ПП-возила и 7 пожарникари; ШС „Саланџак“ – Валандово со 14 вработени; АРСМ со 30 припадници; ДЗС Валандово со 7 лица; ЕВН Битола со 7 вработени, 1 цистерна за вода и 1 теренско возило; ШС „Кожуф“ – Гевгелија со 33 вработени со 3 возила; ЈПКД „Комунална чистота“ – Богданци; 10 жители со 1 трактор и 2 мотора од месноста Казандол.
Пожар кај с. Погулево, со кој е зафатена сува трева и нискостеблеста шума, а во близина има и фарми. Интервенираат ТППЕ Радовиш со 10 пожарникари со 2 ПП-возила, ШС „Плачковица“ – Радовиш со екипи и екипа од „Боров Дол“.

Во Скопскиот Регион пожарот кај селата Раовиќ и Буковиќ, општина Сарај, таму интервенира БППЗ со една екипа. ШС „Караџица“ известило дека во 14.30 часот ќе испратат една екипа со 4 пожарникари и цистерна, а од НП Јасен имаат луѓе на терен и контролираат пожарот да не се префрли на Националниот парк. Има и претставници од ЕЛС Сарај.

Во општина Прилеп пожарот во атарот на с. Ракле – с. Никодин – с. Топлица е активен со јак интензитет и е на непристапен терен. Исто така, и пожарот на потегот Дрен – Смолани (општина Прилеп) е активен и е со јак интензитет. Од страна на ЕЛС Прилеп побарана е и воздушна поддршка.
На двата пожара интервенираа: ТППЕ Прилеп со 10 пожарникари со 2 теренски возила; АРСМ со 32 војници; ШС „Црн Бор“ – Прилеп со 7 вработени и 1 возило; ЈП „Водовод и канализција“ – Прилеп со 10 вработени и ЈКП „Комуналец“ – Прилеп со 8 лица.

Пожарот во с. Бељаковце е активен и се шири кон с. Довезенце. Интевенираат АРСМ со 80 војници, ТППЕ Куманово со 12 пожарникари и 2 ПП-возила, како и лица од ШС „Куманово“.

Во општина Гостивар активен е пожарот кај Пожаране и на таму интервенира ШС „Шар“ – Гостивар.
ТППЕ Гостивар известува дека имале уште три интервенции, кои се завршени, и тоа:
– во с. Печково, каде што гореле сува трева и грмушки, а интервенирале 5 пожарникари со 1 ПП-возило и теренско возило;
– во с. Бањице кај касарната, каде што гаснеле сува трева со 4 пожарникари и 2 ПП-возила;
– на автопатот Гостивар – Тетово гаснеле сува трева во нива, а интервенирале 3 пожарникари со 1 ПП-возило.
ТППЕ Тетово извествува дека со 3 пожарникари и 1 ПП-возило гаснеле запалено ѓубре во нива во с. Жеровјане и пожарот е изгаснат.
РЦУК Тетово известува дека во сите општини што ги покрива РЦУК Тетово имаат свикано кризни штабови и во сите кризни штабови учествуваат вработени од РЦУК Тетово. Исто така, во ПО РЦУК Тетово е активен регионалниот штаб.

Пожарот на Богословски Рид, општина Свети Николе, сѐ уште е активен, а опожарени се бор, нискостеблеста дабова шума и смрека на површина поголема од 200 ха. Од утрово интервенираат ТППЕ Свети Николе со 11 пожарникари и 3 ПП-возила, ДППД Свети Николе со 6 пожарникари и 2 ПП-возила, ЈКП со 15 вработени, како и поголем број вработени од ШС „Свети Николе“.
Овој пожар е префрлен и на територијата на општина Штип, и тоа кракот кон с. Добришани, под дејство на ветрот го има сменето правецот и се движи кон реката Брегалница и притоа не загрозува објекти и населени места. Екипа на ТППЕ Штип работи на негово локализирање. Кракот што гори во близина на магацините на АРСМ во с. Криви Дол е под контрола на 30 војници и се работи на негово локализирање. Интервенираат ТППЕ Штип со 10 пожарникари и теренско возило; ЈП Стипион Штип со теренско возило, РЦУК Штип со 1 вработен со теренско возило и АРСМ со 30 војници и 1 цистерна.

Во општина Велес пожарот во близина на населбата Дорутовец е изгаснат во целост во 7 часот. На терен се наоѓа една дежурна екипа од ТППЕ Велес за спречување евентуално обновување на пожарот.

Во општина Кавадарци пожарот кај месноста Свети Петре, помеѓу селата Мрежичко и Рожден, е локализиран во 20 часот на 5.8.2021 година. Од утринските часови на терен се ШС „Бор“ – Кавадарци со 8 вработени и 2 возила, кои вршат обиколка и по потреба интервенираат на места каде што има чадење во опожарената површина.
Пожарот во близина на с. Возарци, општина Кавадарци, е локализиран во 9.50 часот, а таму интервенирале ТППЕ Кавадарци со 7 пожарникари и 2 ПП возила и „Еуроникел“ – Кавадарци со 3 пожарникари, 1 ПП-возилo и 1 теренско возило. Во внатрешноста на опожарената површина има на неколку места чадење и за дежурство оставена е екипа од ТППЕ Кавадарци со 3 пожарникари и 1 ПП-возило.

Пожарот помеѓу селата Косел и Расино, кој почна во 20.15 часот на 5.8.201 година, е локализиран во 7 часот на 6.8.2012 година. Интервенирале ШС „Охрид“ со 12 вработени со 1 ПП-возило и ТППЕ Охрид со 3 пожарникари и 1 ПП-возило, информира Центарот за управување со кризи.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Објавено пред

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори, каде како и во 2019 година ќе се соочи со нејзиниот опонент Стево Пендаровски.

dobivaj vesti na viber

Според пребројани 99,85 отсто од гласовите, Силјановска освои 362.682 гласа, или 40,08 отсто, додека Пендаровски првиот изборен круг го завршува со 180.306 гласа, односно 19,93 отсто.

Зад нив е Бујар Османи од Европскиот фронт со освоени 120.903 гласа (13,36 отсто), потоа Максим Димириевски од ЗНАМ со 83.787 гласа (9,26 отсто), Арвен Таравари од ВРЕДИ со 83.356 гласови (9,21 отсто). Следна е Билјана Ванковска од Левица со освоени 41.172 гласа (4,55 отсто) и Стевчо Јакимовски од ГРОМ со 0,90 отсто, односно 8.103 гласови.

Вториот круг од претседателските избори ќе се одржи на 8 мај, заедно со парламентарните.

Прикажи повеќе...

Сервисни информации

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините повремен снег

Објавено пред

Времето денеска ќе биде, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег.

dobivaj vesti na viber

Локално, врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите на воздухот.

Прикажи повеќе...

Скопје

Осум скопски општини денеска без струја

Објавено пред

Според добиеното известување од ЕВН Македонија АД, Регионалниот центар за управување со кризи-Град Скопје, информира дека, поради планирани технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат неколку скопски општини.

dobivaj vesti na viber

· Во периодот од 08:30 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Максим Горки, реон Дом на градежници (општина Центар).

· Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, поголемиот дел од потрошувачите на ул.Ринхини.(општина Ѓорче Петров)

· Во периодот од 09:00 до 10:30 часот, корисниците од с.Визбегово, дел од с.Мирковци, Бразда, Глуво, Чардак, Оризари.(општините Бутел, Шуто Оризари и Чучер Сандево)

· Во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул.Кавалска.(општина Кисела Вода)

· Во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на пат за Долно Лисиче, од Кодакопласт, кон Паци Петрол до реката, од Св.Петар и Павле по патот кон Долно Лисиче.(Аеродром)

· Во периодот од 09:00 до 10:00 часот, корисниците од дел од ул. 4031, село Марино.(општина Илинден)

· Во периодот од 09:00 до 13:00 часот, корисниците на дел од бул.Борис Трајковски (од Техноскоп до кружниот тек пред Драчево).(општина Кисела Вода)

· Во периодот од 10:30 до 12:00 часот, корисниците од с.Сандево, Бањане, Горњане, Дел од с.Мирковци.(општина Чучер Сандево)

· Во периодот од 13:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Исаија Мажовски и Воин Драшкоци.(општина Ѓорче Петров)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија10 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија11 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија11 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија11 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија12 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија13 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија14 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија14 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија14 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија15 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија15 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија15 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија15 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија15 часа

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...

Македонија15 часа

(Видео) Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори. Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека...

Македонија16 часа

Во Куманово не се гласа на три избирачки места, на едното се изгубил печатот

Прекин на гласањето има на три места во Куманово, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Како што...

Македонија17 часа

Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори

До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто....

Македонија18 часа

Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати

Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки...

Македонија20 часа

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на...