Контакт

Македонија

Градете ја својата иднина на најатрактивната локација во Скопје – изберете дом во „Гранд ривер“

Објавено пред

Во тек е продажбата на станбено-деловниот објект „Гранд Ривер“, кој се гради на најатрактивната локација во Скопје спроти хотелот „Холидеј Ин“, во самото јадро на главниот град.

dobivaj vesti na viber

Доколку сте во потрага по нов стан и решите да се консултирате со експерт за недвижности, или, пак, посетите специјализирана интернет-страница за недвижности, веднаш ќе забележите дека како најважен критериум при изборот на нов дом се дефинира локацијата.

Локацијата e единственото нешто што не може да се промени откако ќе го изберете вашиот нов дом. Сѐ што е поврзано со уредувањето на домот може да доживее промена и да се дефинира според вашиот вкус, освен локацијата која веќе сте ја избрале. Таа силно влијае и врз обликување на пазарната вредност на вашето живеалиште.

Во прилог ви претставуваме клучни фактори кои ја прават локацијата најважен критериум при избор на нов дом.

Близина на воспитно-образовни институции

Времето нема цена, како ќе го потрошиме во голема мера го дефинира и животот што ќе го живееме. Близината на воспитно-образовните институции е еден од клучните сегменти при изборот на нов дом за едно семејство. Доколку во близина на вашиот дом има градинки, училишта и факултети, тоа овозможува огромна предност при секојдневното функционирање. Домувањето во срцето на Скопје, во објектот „Гранд Ривер“, овозможува достапност до голем број воспитно-образовни институции кои претставуваат одлична поволност за семејствата кои имаат деца или, пак, за млади луѓе кои инвестираат во своето знаење на најдобро рангираниот универзитет во земјава „Св. Кирил и Методиј“.

На чекор од продавници за храна, ресторани и шопинг центри

Локацијата каде се гради објектот „Гранд Ривер“ овозможува широка палета на избор на продавници за храна, ресторани и шопинг центри кои го олеснуваат секојдневното функционирање на едно семејство. На само чекор од вашиот потенцијален нов дом се наоѓа Градскиот трговски центар, а во рамки на комплексот „Гранд Скопје“ е предвидена и изградба на модерна шопинг галерија каде ќе бидат достапни голем број ресторани и брендирани продавници.

Дополнително, близината на шетачката патека покрај кејот на Вардар овозможува богат избор на ресторани и кафулиња во кои можете секојдневно да уживате.

Достапен транспорт до работното место

Достапноста на транспорт од домот до работното место е еден од најважните поволности кои треба да ги поседува вашиот нов дом. Ваквата придобивка сериозно ќе ви ги олесни секојдневното функционирање и извршување на работните обврски, бидејќи на работното место ќе стигнете навреме и ќе го намалите нивото на стрес предизвикано од

недостапноста на соодветен транспорт. Во рамките на самиот комплекс „Гранд Скопје“ се градат современи подземни паркинзи кои директно ќе бидат поврзани со патната инфраструктура околу објектот, додека оние кои користат јавен превоз, велосипед или електричен тротинет до работното место имаат достапност до многубројни автобуски станици и велосипедски патеки.

Близина на спортско-рекреативни содржини

Каков живот ќе живееме во голема мера зависи и од тоа како го поминуваме нашето слободно време. Доколку во близина на вашиот дом има избор на спортско-рекреативни содржини, тие значително ќе го збогатат спектарот на можности за уживање во слободните моменти.

Во непосредна близина на објектот „Гранд Ривер“ се наоѓа живописното шеталиште на кејот на реката Вардар, а веднаш до него спортско-рекреативната патека која отвора можност за голем број спортски активности.

Во рамки на комплексот „Гранд Скопје“ ќе биде изграден и урбан парк по светски стандарди кој ќе внесе зеленило, спокој, но и палета на нови можности за уживање и рекреација во центарот на градот. Дополнителни опции за квалитетно користење на слободното време се и близината на паркот „Жена-борец“, како и шаренилото на Старата скопска чаршија.

Близина на културни знаменитости

Љубителите на културните настани, пак, имаат можност да уживаат во бројните содржини кои ги нуди Македонската филхармонија, Националната опера и балет, како и близината на кината и театрите.

Без разлика дали сакате да уживате во добар концерт, во добра претстава, изложба или друг настан од областа на културата, со домувањето во „Гранд Ривер“ имате буквално сè на дофат на рака, без притоа да трошите часови во барање паркинг или транспорт до самата локација.

Инвестицијата во вашиот нов дом дефинитивно е еден од најголемите финансиски предизвици кои ќе си ги зададете некогаш. Пред да го направите конечниот избор имајте предвид дека влогот во добра локација е секогаш најсоодветна опција и гаранција за тоа дека сте инвестирале во дом кој ќе ја задржи својата вредност, а поседува и огромен потенцијал и да ја зголеми вредноста.

Сите оние кои се во потрага по нов дом, на најатрактивната локација во Скопје, може да добијат персонализирана понуда во продажниот салон на комплексот „Гранд Скопје“ во ГТЦ на 1 кат или да го контактираат тимот задолжен за продажба на телефонските броеви: 070 355 351 и 070 233 055, како и на e-mail: [email protected].

ПР

Македонија

(Видео) Мицкоски: Постојниот простор на СВР Охрид ќе се стави во функција на градот, надземно ќе биде убав парк, а подземно катна гаража

Објавено пред

„Денеска на покана на министерот и градоначалникот сум во Охрид, да дадам и јас лично поддршка на проектот кој тие двајца го најавија дека тоа ќе биде еден од приоритетите на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија. Станува збор за простор на СВР Охрид кој ќе се стави во функција на општина Охрид или ќе биде надземно убав парк, а подземно катна гаража“, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

„Ценам дека треба да се слушаат потребите на граѓаните, треба да се слушаат потребите на тие кои се избрани од граѓаните.

Ценам дека на овој начин ќе се овозможи еден поголем комфор во рамките на градското централно подрачје во Охрид во оној дел каде што е туристичка зона и ценам дека како држава треба да поддржуваме проекти кои ќе значат додадена вредност за средините во кои се прават. Еден од тие проекти е овој овдека.

Така што уште еднаш од мене голема благодарност и до министерот и до градоначалникот на поканата. Очекувам вакви и слични проекти и во иднина во други области во Македонија“, изјави Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Сервисни информации

Сообраќајот на патот Прилеп-Македонски Брод, се одвива наизменично по една коловозна лента

Објавено пред

Во 14:58 часот сообраќајот на регионалниот пат Прилеп-Мак.Брод, сообраќајот се одвива наименично по една коловозна лента.

dobivaj vesti na viber

АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Македонија

Апел за помош за малиот Војдан

Објавено пред

„Почитувани, ви се обраќам како очајна мајка на Војдан, кој е дете со церебрална парализа. Војдан е предвремено родено дете, кој е борец уште од првата секунда од неговиот живот. 71 ден ги помина во инкубатор, на респиратор, со мал милион дијагнози и прогнози, но тој се избори и си дојде дома.

dobivaj vesti na viber

Кога мислевме дека нема крај на нашата среќа. Господ повторно ни го зададе најголемиот удар, на Војдан му дијагностицираа Церебрална парализа. 8 месеци ги поминавме по болничките лавиринти во нашата држава, со што немаше значителен напредок. Од негови 11 месеци, одиме на рехабилитација во Загреб. Одиме секој месец и остануваме таму по една недела. Војдан има сериозен напредок во неговата битка, која продолжува и од кога ќе се вратиме дома. Секојдневно има физикална терапија, со што јас како родител сум обучена да работам со него, дефектолошки и логопетски третман одиме на приватно. Фондот за здравство не ни го признава лекувањето на Војдан, па цели овие години одиме со помош на нашиот хуман народ. Како мајка на која единствена желба и е здравјето на нејзиното дете, уште еднаш и до бескрај ги молам сите хумани граѓани кој се во можност да ни помогнат за Војдан да излезе како победник во битката“.

Информации околу кампањата за собирање на донации имате тука

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија38 минути

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија4 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ4 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија6 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија7 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија7 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија8 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија8 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија9 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија19 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија20 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија20 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија20 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија20 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија21 час

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија22 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија23 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија23 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија23 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...