Македонија
Градинките подготвени за работа, засега слободни 4.500 места
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска заедно со претставници од МТСП, денеска се сретна со директорите на Јавните установи за згрижување на деца – градинките, на ниво на цела држава, во пресрет на отворањето на истите согласно владината одлука, градинките да започнат со работа на 9 септември.
„Врз основа на направените анализи и проценка на ризици, од страна на МЗ и анализите и податоците на МТСП, Владата на РСМ, донесе одлука дека градинките можат да почнат со работа, почитувајќи ги протоколите и алгоритмот кој прецизно предвидува правила кои строго треба да се почитуваат со цел заштита на децата и вработените во градинките“, посочи Шахпаска.
Од страна на министерката беше истакнато дека согласно добиените податоци од градинките 29.000 деца се запишани во истите, согласно протоколите прием може да се направи на околу 19.000 деца, а досега пријавени од страна на родителите дека ќе посетуваат градинка се околу 14.500 деца.
При тоа приоритет ќе имаат самохраните родители и еден од двајцата вработени родители кои не можат работните обврски да ги вршат од дома и ќе приложат соодветна потврда.
„Во однос на прашањата за недостиг на кадар или простор, општините се тие кои треба да го изменаџираат проблемот и изнајдат решение, согласно заклучокот донесен на Првата седница на Владата, одржана на 1 септември“, посочи министерката за труд и социјална политика, Шахпаска.
Од страна на директорите на Јавните установи за згрижување на децата, беа посочени одредени дилеми, за кои низ отворена дискусија се донесоа одредени заклучоци и се расчистија голем број прашања и нејаснотии.
Безбедноста на децата е приоритет, а согласно донесените протоколи и алгоритам направени врз основа на детални анализи и проценки градинките се подготвени да започнат со работа на 9 септември за безбедно и сигурно згрижување на децата во установите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Манолева: По 43 години, болницата во Отешево доби комплетно нов лик, современи услови за третман и медицинска опрема
Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања ОТЕШЕВО. Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 милиони денари.
„Со имплементацијата на овој проект подобрени се болнички услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел како донација од Луксембург, а собите се наместени со нов инвентар. Сите амбуланти, лабораторија, дневна соба, ехо кабинет, соба за спирометрија и алерго тестови се позиционирани во реновираниот објект. Како што можевме да видиме од посетата амбулантите веќе функционираат во реновираните простории. Специјализираната болница Отешево нуди современи услови за третман на пациенти и достоинствени услови за работа на здравствените работници“, рече Манолева.
Болницата во Отешево опстојува повеќе од 43 години и ова е прво реновирање кадешто значително се унапредени болничките услови. Во изминатиот период, установата се зајакна и со два апарати за физикална медицина и рехабилитација во склоп на проектот во вредност од 270 илјади денари.
Македонија
Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара
Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, извести Обвинителството.
Како што велат од Обвинителството, предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.
Македонија
„Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија“, вели СДСМ
„Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола Груевски. За врме на посетата на Мицкоски на Гевгелија беа злоупотребени млади лица и ученици, исто како што правеше Груевски, кога се редеа деца за да го поздравуваат“, соопшти СДСМ.
„На ист начин вчера, под палка на локалната власт на ДПМНЕ во Гевгелија беа поставени ученици да му аплаудираат, овој пат на Мицкоски.
Мицкоски е ист како Груевски. Во ДПМНЕ нема никакви промени. Тоа се истите методи на ДПМНЕ и истите ликови.
Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски.
Граѓаните не забораваат како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното“, се наведува во соопштението на СДСМ.