Македонија
Градот Скопје ги додели признанијата за најуспешните спортисти, тренер и екипа
Градот Скопје ги додели признанијата на најуспешните спортистки, спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје за 2019 година. На доделувањето на овие престижни награди присуствуваше заменик – градоначалникот на Град Скопје, Енвер Малиќи.
„Денеска ја продолжуваме традицијата на Град Скопје – доделувањето на годишните награди за најуспешните во областа на спортот, коишто со своите постигнувања ја одбележуваат годината што изминува. Од срце ви честитам за постигнатите резултати за почит, резултати за голема афирмација на главниот град и на Република Северна Македонија. Како што доликува, вие и понатаму ќе ја имате нашата поддршка – финансиска, логистичка и морална, за да се радуваме и да ги славиме спортските успеси“, рече Малиќи.
Тој додаде дека покрај вложувањата во врвниот, рекреативниот, масовниот и во спортот за лица со посебни потреби, Град Скопје најмногу ќе вложува во средноучилишниот спорт.
На денешната свеченост што се одржа во просториите на Град Скопје беа доделени следните признанија:
За најуспешен спортист во категоријата на лица со посебни потреби признанија добија:
Марио Мицковски – Специјална олимпијада
1.место во пливање – 50 м. слободен стил и 1.место во пливање – 25 м. грбно на Летни олимписки игри на Специјална олимпијада, и
Стефан Прентовски – Специјална олимпијада
1.место во пливање – 50 м. слободен стил на Летни олимписки игри на Специјална олимпијада.
Во категоријата најталентиран млад спортист – кадет за 2019 година наградата отиде во рацете на Александра Симева – Тениски клуб „Тенис парк“, победник на два големи меѓународни турнири.
За Најуспешни 5 спортисти во младинска категорија (мажи и жени) прогласени се:
5. Миа Тодорова – Кикбокс клуб „Шампион“, 3.место на Светско првенство;
4. Ангела Мојсовска – Карате клуб „Макпетрол“, 5.место на Светско првенство – У 21 и 3.место на Европски универзитетски игри;
3. Филип Додевски – Таеквондо клуб „Бутел“, 1.место на Светско клупско првенство и 3.место на Европско првенство – У 21;
2. Петар Спасеновски – Карате клуб „Макпетрол“, 1.место на Европско првенство; и
Бесир Алили – Боречки клуб „Лирија“, 1.место на Европско првенство за кадети.
За категоријата најуспешен спортист – странец кој настапува во екипа од Скопје признанието отиде во рацете на Даинис Криштопанс – АД Ракометен клуб „Вардар“, 1.место Лига на шампиони на Европа.
За Најуспешна спортска екипа од Скопје е прогласена АД Ракометен клуб „Вардар“, 1.место во Лига на шампиони на Европа сезона 2018/2019; 1.место во СЕХА Лига, 1.место во Женска регионална СЕХА Лига, 2.место во ЕХФ Лигата на Шампионите.
Во категоријата Најуспешен тренер признанието отиде во рацете на Суфијан Исмаили – Боречки клуб „Лирија“, 1.место на Европско првенство за кадети и 5.место на Европско првенство за сениори.
Во категоријата Најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија (жени и мажи) признанија добија:
5. Сајра Морина – Карате клуб „Кеикс“
Три први места на WKF меѓународни турнири;
1.место на балканскиот турнир Шампионат
4. Дрита Ислами – Атлетски клуб „Работнички“
1.место на 400 м. на Европско првенство – 3 лига
3.Адријана Поп Арсова – Маратон Клуб Делта
3.место на Балканијада во маратонско трчање
2. Анамарија Георгиевска – Таеквондо клуб „Бутел“
1.место на Балканијада
1. Сара Радичевска – Карате клуб „Макпетрол“
2.место на Европски универзитетски игри
5.Петар Заборски – Карате клуб „Макпетрол“
2.место на Европски универзитетски игри
4.Евгениј Поп Ацев – Пливачки клуб „Вардар“
1.место на светска ранг листа во маратонско пливање;
6.место на светска ранг листа на 10 км – олимписка дисциплина
3.Елмедин Сејфулахи – Боречки клуб „Лирија“
4.место на европско сениорско првенство
2.Могамедгаџи Нуров – Боречки клуб „Вардар“
место на светско првенство и освоена олимписка норма за „Токио 2020“
1. Стојанче Стоилов – АД Ракометен клуб „Вардар“
1.место во Лига на шампиони на Европа и 1 место во СЕХА лига.
Признанијата за најуспешните спортистки, спортисти, тренер и спортска екипa за 2019 година ги доделува Градот Скопје, а технички организатор на манифестацијата е Сојузот на спортови на Скопје
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Лукаревска: Од целосно заборавени, домашните претпријатија ги поддржавме со 100 милиони евра, ќе ја дуплираме поддршката
Се радувам што граѓаните и луѓето од бизнис заедницата се искрени и отворени. Разговараме без задршка, без страв, тоа е придобивка од слободата. Сакаме да создаваме партнерства во градењето на европската иднина. Ќе останеме заедно и заедно ќе ги решаваме предизвиците кои што нема да бидат ниту малку ниту лесни. Европската агенда е напорна, бара вклученост на сите, но тоа е најдобриот и најефикасниот начин секој ден работите да ги подобруваме, за да ги достигнеме европските стандарди, рече Лукаревска, носителката во ИЕ3 на СДСМ и Коалицијата за европска Македонија пред новинарите во Кочани.
-И до сега многу работевме за да бидеме конкурентни. Многу вложивме во зајакнувањето на домашните компании. Од целосно заборавени, без никаква финансиска поддршка, ние ги поддржавме со 100 милиони евра. Ќе продолжиме и во следните четири години, зашто тоа е важно и за компаниите и за сигурноста на вработените. Во наредниот мандат домашните компании ќе ги подржиме со 180 милиони евра. Поддршката ќе биде дуплирана. Заедно, партнерски со нив, ќе продолжиме да ја јакнеме домашната економија со јавни инвестиции од 3,5 милијарди евра.
Лукаревска истакна дека дел од овие средства ќе бидат вложени и во праведна енергетска транзиција и енергетска независност.
-Домашното производство на електрична енергија ќе го зголемиме за 70%. Со тоа државата ќе постигне енергетска независност, и самостојно ќе задоволува 100% од сопствените потреби за струја. И тоа главно од гас и од чисти и обновливи извори. Рековме НЕ за малите хидроцентрали и за сите фосилни технологии кои ни ги загадуваат воздухот и почвата.
Сето ова е продолжување на нашата досегашна работа, зашто тоа е важно за стабилноста и за нашата европска иднина.
Не се откажуваме, ќе го задржиме континуитетот, зашто немаме време за губење. Важни се овие избори за да ја славиме победата за европска Македонија, рече Лукаревска во Кочани
Македонија
Митрески: Ги зголемуваме субвенциите за енергија на 120 илјади денари за домаќинства, ранливите потрошувачи ќе добијат поголема поддршка
„Енергетската независност на Македонија е значаен приоритет за СДСМ и за Коалицијата за европска Макединија. И во време на најголемата енергетска криза, граѓаните не го почуствуваа недостатокот на светскиот пазар, затоа што водевме мудри политики и обезбедивме енергија за целата држава. Во наредниот мандат гарантираме зголемување на вкупното домашно производство на енергија за најмалку 70 проценти во однос на 2019 година, со што ќе бидеме енергетски независни“, изјави Јован Митрески, носител на ИЕ 5 за СДСМ и Коалицијата за европска Македонија.
Тој најави дека во наредниот мандат ќе биде зголемен капацитетот на обновливи извори на енергија за најмалку 100 проценти, а еден милион граѓани ќе добиваат енергија од обновливи извори.
„Ги зголемуваме субвенциите од 80 илјади на 120 илјади денари за домаќинства, ги зголемуваме мерките за заштита на правата на ранливите потрошувачи на енергија. Воведуваме забрана за изградба на нови мали хидроцентрали“, додаде тој.
Митрески најави и дека ќе продолжи поддршката на бизнисите, преку 180 милиони евра директна финансиска поддршка на домашните компании за инвестиции во производството и 3,5 милијарди капитални инвестиции и гарантираме стабилна даночна политика.
„Воведуваме 0 проценти данок на личен доход за минимална плата, како и по 200 евра за во првите 12 месеци за секое прво вработувањ на лица до 26 години. Планираме инвестиции од над 2,7 милијарди евра, за модернизација на инфраструктурата во сите општини, квалитетна инфраструктура е предуслов за растечка економија и повисок животен стандард“, додаде Митрески.
Македонија
Сајкоски: Во програмата „Платформа 1198“ за Битола предвидено е изградба на обиколница што ќе ја поврзува со Грција
Битола и битолчани ќе бидат во фокусот на идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
За Битола се предвидени многу инфраструктурни проекти. Во новата програма „Платформа 1198“ за Битола е предвидено да се изгради обиколница што ќе ја поврзува со Грција. Предвидено е да се изгради автопат кој што ќе поврзува Битола со Прилеп, а исто така предвидено е да се изгради патот Градско-Прилеп, со тоа што Битола ќе биде поврзана инфраструктурно и ќе има добра можност за економски развој, рече Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5.
Исто така, додаде Сајкоски, предвидено е реконструкција и рехабилитација на патот Кичево-Охрид, подобрување на патната инфраструктура кон Ресен, а во програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Платформа 1198“ предвидено е подобрување на железничката инфраструктура.
Како што рече Сајкоски, со ова, Битола ќе добие можност за економски раст и развој, можност за подобра иднина на сите, и за младите и за возрасните.
– Битола ќе го добие процутот онаков каков што треба да го има низ годините. Битола ќе биде економски центар во регионот, рече Сајкоски.