Македонија
Град Скопје доби поддршка за именувањето улици со имињата на Блаже Конески и Славко Јаневски
Градот Скопје доби поддршка за именувањето две улици во централното градско подрачје со имињата на великаните Блаже Конески и Славко Јаневски, од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и од Фондацијата „Славко Јаневски“.
„Институтот за македонски јазик ‘Крсте Мисирков’ го изразува своето задоволство од одлуката на Град Скопје една улица во централното градско подрачје да го носи името токму на Блаже Конески, кодификаторот на современиот македонски јазик, меѓународно ценет лингвист, визионер, мислител, поет и препејувач од светски ранг. Конески ги препозна нијансите на словенската, но и на македонската (со сите свои специфики) народна култура, традиција, наука и реторика. Блаже Конески е најголемиот корифеј на македонската култура со светско реноме и еден од втемелувачите на современиот македонски идентитет. Во Годината на Конески срдечно ја поздравуваме одлуката на Град Скопје, заедно со името на Крсте Мисирков, името на Блаже Конески да го носи улица од централното градско подрачје. Ова е порака до граѓаните на Скопје со која Блаже Конески останува наша инспирација и гордост“, се вели во писмото од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.
И Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ преку писмо го изрази своето задоволство од одлуката на Град Скопје една улица во централното градско подрачје да го носи името токму на Славко Јаневски, еден од најголемите корифеи на македонската култура и еден од втемелувачите на современиот македонски идентитет.
„Името на Славко Јаневски последните десетина години беше во континуитет изложувано на политичка дефамација, со тенденција авторот на првиот македонски роман, наместо да влезе како бележит симбол на македонската колективна меморија, тој да помине во колективен заборав. Во таа смисла, ја поздравуваме и поддржуваме оваа одлука на актуелната владејачка гарнитура на Град Скопје, сметајќи ја за мал, но вистински чекор за зачувување на ликот и делото на овој великан. Затоа го охрабруваме Град Скопје, но и другите одговорни фактори да продолжат во оваа насока за негување на сопствените цивилизациски дострели. Истовремено, Фондацијата изразува подготвеност, во зависност од потребите и во зависност од сопствените капацитети, да помогне во реализацијата на овие процеси“, велат од Фондацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има распоредено сите полициски службеници ширум државата кои треба да се грижат за спроведување на фер и демократски процес.
„Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес. Денот е убав, се надевам дека граѓаните ќе можат да го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори. Покриени се сите сектори за внатрешни работи со технички услови. Се постапува според утврдените насоки од изборниот штаб“, додаде Тошковски.
Тошковски смета дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Македонија
Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за кога се закажани парламентарните избори.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Владата го прогласи денот на изборите за неработен.
Во избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 избирачи, а во странство ќе гласаат 2.569 гласачи со државјанство на Северна Македонија.
Во посебен избирачки список запишани се 2.147 лица кои издржуваат затворска казна или притвор.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.