Контакт

Македонија

Град Скопје презентираше програма за заштита на животната средина

Објавено пред

Во салата на Советот на Град Скопје денеска се одржа презентација на програмата на активности од областа на заштитата на животната средина и природата на подрачјето на Град Скопје за 2019 година, со цел запознавање на јавноста со планот на мерки што ќе се преземат во сферата на заштитата на животната средина.

dobivaj vesti na viber

На презентацијата свои излагања имаа Никола Наумоски, раководител на секторот за поддршка на градоначалникот, Лилјана Ончевска Наџинска и Никола Јовановски, помошници-раководители во секторот за заштита на животата средина на Град Скопје.

„Минатогодишниот буџет за животна средина на Град Скопје беше дотогаш најголемиот буџет издвоен за оваа намена. За 2019 се предвидени 186,2 милиони денари, што е 30% зголемување од минатата година, и со што се надминува ветувањето од 3,5% од вкупниот буџет посветен на животна средина дадено пред изборите во 2017  година“ – изјави денеска во своето обраќање Наумоски.

Во оваа сфера, освен секторот за заштита на животата средина, се вклучени и други сектори од градската администрација. Секторот за комунални работи, каде што се опфатени зеленилото, јавната хигиена, управувањето со отпадот, урбаната зоологија, потоа секторот за ЛЕР со одделението за енергетска ефикасност, секторот инспекторат со инспекторите за животна средина и др., како и секторите кои индиректно, преку реализирање на своите ресорни активности, влијаат врз подобрување на животната средина, на пример секторот за сообраќај, секторот за меѓународна соработка и др.

„Познато е дека градовите се главни мотори на националниот просперитет и економскиот раст, безмалку секаде во светот. Скопје не е исклучок во тоа и е главен мотор на националниот економски живот, но ваквата ситуација влијае врз квалитетот на животната средина и врз квалитетот на животот на граѓаните. Промената на начинот на живеење, миграцијата на жителите од другите градови и региони во Скопје, како и дневната миграција во Скопје, каде околу 50 000 возила секојдневно влегуваат во градот, негативно влијаат на квалитетот на живот во градот и се причина за големиот  сообраќаен метеж и големото загадување на воздухот, особено во зимскиот период.  При пресметка на еколошкиот капацитет на градот, го пресметавме еколошкиот отпечаток, кој изнесува 8,1 глобални хектари по глава на жител, биолошкиот капацитет е 2,05, а еколошкиот дефицит е 6.06гха/глава на жител, што е далеку поголемо од многу поразвиени и поголеми градови од Скопје. Ова градот го прави ранлив бидејќи постои: опасност од поплави, има високо ниво на подземни води, нецелосна подвоеност на фекалната и атмосферската канализација, појава на ерозија и свлечишта (Водно и СЦГ), појава на топлотни бранови и топлотни острови во градот, трусно подрачје, опасност од технолошки катастрофи“, велат од Град Скопје.

Поради сите наведени опасности во текот на изминатата година се изготвени: локални еколошки акциони планови за животна средина, План за подобрување на квалитетот на воздухот и Акционен план за вонредни состојби, Интегриран катастар на загадувачи на животната средина, Регистар на бунари за подземни води, Физибилити студија за намалување на ризикот од поплави, Студија за процена на еколошкиот капацитет со примена на еколошки отпечаток, Студија за климатски промени – Отпорно Скопје, Студија за намалување на урбаните топлотни острови, мониторинг на почви за загадување со тешки метали и нивна дистрибуција во растенија, Студија за ерозија со акционен план, издавање Б-интегрирани еколошки дозволи и одобрувања на елаборати за животна средина, Студија за озеленување на градот, како и Студија за оформување зелени коридори, подготвителни активности за пречистителна станица за комунални отпадни води, мезометеоролошки мерења во градот, сообраќајот на 90 крстосници го управува ЦУКС (интелигентно управување), План за одржлив транспортен систем, обновен е возниот парк на ЈСП, Скопје велоград и rent a bike, електромобилност, Social Car, ЕНМ, проекти за зголемување на урбана отпорност, Студија за енергетска ефикасност и СЕАП, Студија за одредување на потенцијалот за користење обновливи извори на енергија, економично регулирање на топлинските станици на објектите во надлежност на градот, гасификација на СУГС и енергетски ефикасни фасади и светилки во осветлувањето и илуминацијата, член на заедницата на Здрави градови на СЗО, како и Годишнa програма за заштита на животната средина и природата.

Градот Скопје соопшти дека заложбите за заштита на животната средина и природата ги реализира преку активностите во годишнa програма на секторот за заштита на животната средина во тесна соработка меѓу сите негови сектори, како и активна и непосредна соработка со граѓанскиот сектор. Во програмата се опфатени: заштитата на амбиентен воздух, заштитата од бучава, заштитата на водите, заштитата на почвите, отпадот, климатските промени, зеленилото, заштитените локалитети, спроведувањето одредени законски процедури, проекти од областа на животната средина и здравјето и благосостојбата на луѓето.

Според донесениот буџет на Град Скопје за 2019 година, зголемен е буџетот за заштита на животна средина, каде што се планирани 186 милиони денари, што претставува речиси 32% повеќе од буџетот за 2018 година во кој за овој сектор беа предвидени 141 милиони денари.

Македонија

Манолева: По 43 години, болницата во Отешево доби комплетно нов лик, современи услови за третман и медицинска опрема

Објавено пред

Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања ОТЕШЕВО. Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 милиони денари.

dobivaj vesti na viber

„Со имплементацијата на овој проект подобрени се болнички услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел како донација од Луксембург, а собите се наместени со нов инвентар. Сите амбуланти, лабораторија, дневна соба, ехо кабинет, соба за спирометрија и алерго тестови се позиционирани во реновираниот објект. Како што можевме да видиме од посетата амбулантите веќе функционираат во реновираните простории. Специјализираната болница Отешево нуди современи услови за третман на пациенти и достоинствени услови за работа на здравствените работници“, рече Манолева.

Болницата во Отешево опстојува повеќе од 43 години и ова е прво реновирање кадешто значително се унапредени болничките услови. Во изминатиот период, установата се зајакна и со два апарати за физикална медицина и рехабилитација во склоп на проектот во вредност од 270 илјади денари.

Прикажи повеќе...

Македонија

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Објавено пред

Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, извести Обвинителството.

dobivaj vesti na viber

Како што велат од Обвинителството, предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија“, вели СДСМ

Објавено пред

„Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола Груевски. За врме на посетата на Мицкоски на Гевгелија беа злоупотребени млади лица и ученици, исто како што правеше Груевски, кога се редеа деца за да го поздравуваат“, соопшти СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„На ист начин вчера, под палка на локалната власт на ДПМНЕ во Гевгелија беа поставени ученици да му аплаудираат, овој пат на Мицкоски.

Мицкоски е ист како Груевски. Во ДПМНЕ нема никакви промени. Тоа се истите методи на ДПМНЕ и истите ликови.

Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски.

Граѓаните не забораваат како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје...

Регион1 час

Почна нова детална потрага по Данка, пристигнаа спасувачки екипи со куче

Две специјалистички спасувачки екипи од Белград и Нови Сад, Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија, синоќа пристигнале во...

Регион2 часа

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија, јавува ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран во 8:38 часот...

Европа2 часа

Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци

Автобус со околу 60 патници се преврте вчера на автопатот А44 во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, јавува дпа....

Свет2 часа

Израел ја нападна Сирија: „38 лица загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах“

Повеќе цивили и војници загинаа откако Израел и милитантните групи започнаа напади врз северниот сириски град Алепо, соопшти утрово сириското...

Европа2 часа

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план предложен од Украина е бесмислен бидејќи се заснова на...

Македонија14 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија15 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија17 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија18 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија19 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија20 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ21 час

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија21 час

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија22 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија1 ден

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет1 ден

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет1 ден

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија1 ден

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион1 ден

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...